Ај да ја претставам мојата прва Алфа, го изневерив Рено, меѓутоа мислам дека за парите најмногу се добива ( од тоа што јас го сакам) со Џулиетата.
Се работи за Alfa Romeo Giulietta 1.4 турбо бензинец со 170 коња, произведена крајот на 2010, со поминати 145 000 километри.
Од опрема има :
- Двозонски климатроник
- Кожен ентериер
- Греачи на седишта
- Темпомат
- Босе озвучување
- Ксенон
- Старт/ Стоп
- Блуе& Ме нешто што уште незнам што е, најверојатно некаква конекција за со мобилен
Се вози на 18 -ки бандажи и е прилично тврда
Има спортски настроена вожна, тврди седишта и ниско седење, те тера да ја газиш.
Моторот е топ, посебно кога DNA селекторот е во D (Dynamique ) е друга кола, подруго звучи, се слуша погласно турбото при менување брзини и е поосетлива на сите команди.
Засега тоа е, имам некој работи да средам, да ја сервисирам, најверојатно и ребраст ќе сменам за мирна глава како и нови гуми да си купам, меѓутоа полека ќе се среди.
Еве некоја слика, моментално е на овие бандажи, а имам и други оргинал од Алфа со зимски сет
Другиот пар бандажи
Засега тоа е.