Денес конечно си ја зедов колата, ја оставив на сервис во Понеделникот на замена за задна десна "рака", масло и филтер и држач на менувач.
Све е тоа сменето, звукот т.е луфтата која ја слушам се намали но не се изгуби, бидејќи најверојатно и амортизерот треба да се смени, уште тој остана, него не го сменив поради за мене неразумно висока цена, за работа која можам сам во двор да ја сработам и онака ќе си одам со неа за Мк за некој ден.
Задната "рака" ми ја покажа и таа едната чаура како со уши што е се вртеше во круг со рака.
Се двоумам помеѓу Sachs (51€/парче) или Bilstein B4 (65€).
Фактурата е таа што е, спрема германскиот стандард и данокот.

Нека му е на здравје

п.с во Германија сум госпоѓа, поради името .
Имав некој муви во главата да земам 2016 Megane IV GT 205, ама пошто сериозно си вложувам во Алфата, ќе си ја почувам барем уште една година.