Јас се кладам на термостат. Смени го, за 2-3км ќе имаш добро парно. За 5-6 работната температура ќе си биде закована на 90. Што побрзо го смениш поарно, пошто дизелите не сакаат ладни да работат, праат многу гареж.
Никако... освен ако не го рикаш моторот. Врска нема. И јас имам добро парно за 3км ама затоа што е автоматска клима па не дува о максимална температура додека е ладен моторот. Он дува топло ама не дига над 65 степени освен ако не го стиснеш. На Меганот имав и нов термостат и немаше разлика во температурата.
Некоја мака имаш Миле со моторчето.
Другар со истиот мотор во фокус загрева инстантно брзо. Се чудевме како можи толку брзо да загрева и топло да дува од сабајле.
Дај жити се кој ти е тој другар, дај ми контакт молим те да го частам пиво и да ми покаже. Киро другар мој од основно има ист како мојот, идентично се однесува, сме ги тестирале. На британскиот
https://www.focusfanatics.com/ истото го пријавуваат, исто се однесуваат сите тие 1.0 турбо мотори. Има таму мои дискусии и а други, ако моторот не го стискаш како што не треба да се стиска ладен мотор, не загрева над 70 степени дури и после 10км во град. Таму велат ако не го извадиш на автопат, тој мотор нема да загрее. Истото сум го дискутирал и во МИ-ДА, додека не го качиш на 3000 вртежи тој не загрева. Јас ретко го качувам и над 2500 во градско возење. А кога е незагреан секако не го оптеретувам. Има улога и самиот стил на возење а и конструкцијата на моторот.
Јас не се сеќавам да сум имал возило зимско време што загревало така брзо, освен кај Хонда и кај хибридните Тојоти кај кои издувната грана е интегрирана во блокот па загрева брзо.
Дечки... термостатот.... џабе го дрвите....
Не!!