Да ја освежам малку темава.
-14.10.2021
Нови зимски гуми Sava eskimo s3+, летните со кој дојде колата у канта.
-21.10.2021
Ми се јавиа од Олимпија имало пуштено update за компјутерот од моторот па го направив и тоа. Разлика во работата или нешто не приметив можда по слаб респонс на гаста но скоро незабележително.
-23.11.2021
@MartinAlfista е заслужен за ледот на таблица.
Ги пробавме неговите од Митото одговараат па си нарачав исти. Светат баш како што сакав, повеќето низ град што имаат лед едвај се познава дека светат овие прават ден
Знам знам колава е лом ама така се погоди периодот кога врнеше тогаш стигнаа сијалиците па сум заборавил да направам други слики одкако ја исправ.
Кога сме кај ледот средните ми ги сменија со други светеа одлично многу по јако од претходните па и од халогенките ама се тоа траеше максимум 2 недели и ослабеа... Нарва тешко дека ќе купам пак.
Понатака уште сијаличките во ентериерот да ги сменам со лед.
Го земав ова се мачкаат кедерите да не мрзнат но уште не сум го пробал, валда ќе функционира.
На 28.04 ги сменив двата брисачи и возачкиот изминатиов месец дена подрипнува цело време и праи страшно неподнослив звук иде на нерви па ќе иде во пензија. Исто ги земав од Carbox на Praxis некоја нова серија стварно бришеа супер (десниот е сеуште одличен) но изгледа немаше иста димензија па тој испадна маалку поголем и не е притиснат доволно до стаклото па затоа подрипнува, памет за друг пат.
Друга негативна работа што ми се случува понекогаш после малку газење на колата како нешто да останува заглавено. Прво приметував дека при возење и по одпуштање на гаста колата како да оди уште пола секунда односно гаста не се одзема одма при одпуштањето. Случајно дур тоа се случуваше свртев на моментална потрошња покажува многу повеќе на пр. 4та на 70 треба дае 3.5 одприлика покажува 7, во 3та на 50 покажува над 9. Во место треба да е 0.5 а во тие моменти оди од 1.5 до 1.9. Исто и при моторно кочење треба да е 0.00 моментална а покажува 1.5. Пимислив дека има погрешно шприцање нафта но немам разлика во потрошња.
Еве една слика во место
Благодарност и до
@KaZaN разговаравме дека очајно незнам каде би ја одржувал колава и кој би видел за проблемот погоре па ми препорача сервис каде ги одржува опелите доолги години само никако да се решам по ладново да отидам.