Автор Тема: Ауто старт стоп системи  (Прочитано 26332 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #135 на: 25 Март 2021, 14:21:05 pm »
Koи се тие „факти“?
Каде може да се видат?

Ги видел некој од вас, или ги земате работите здраво за готово?
Eте јас површно пребарав, не најдов ништо релевантно. Посочете ми студии и истражувања.

Го почна муабетов со John Cadogan  и со Scotty Kilmer и сега бараш студии и истражувања.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Си го “наебал” сеа има така убаво да ти укаже на грешките нема да си свесен што те снашло :)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 412
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #136 на: 25 Март 2021, 14:34:45 pm »
Значи си пукнал 20.000 евра за нова кола, колата има 5-7 години гаранција и каско, пазарот очекува после 5-7 години ти да се отарасиш од таа кола и да купиш нова, и ти решаваш да ги "штедиш" компонентите на колата со тоа што ќе го деактивираш start-stop системот на секое палење на колата? Луд јебе збуњеног......

Абре од нова кола очекувам да се понаша ко машина за перење. Влагам, стискам дугме и возам, ме боли цевка дали се гасела на семафор и колку стрес предизвикувало на компонентите, за 5-7 години ќе купам нова, па и за неа ќе ме боли цевка........

Ама ние размислуваме како балканци, како да се истераат 300.000 километри со колата во период од 20 години, а да не се фрлат пари за ниту еден дел од моторот.....

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #137 на: 25 Март 2021, 14:40:46 pm »
Ме нервира да ми вергла на секое тргување.
Жива глупост за која ако не се деактивира со копче би искорнал осигурач.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #138 на: 25 Март 2021, 14:42:14 pm »
Мене уште ми е нејасно и мистерија зошто 10 страни темава има и зошто воопшто се отвори тема за старт/стоп. Како и секоја друга технологија си има и плус и сигурно и минус. Како што мене не ме прашале дали сакам автоматски светла, а ги имам, а Додо плаќа за АМ радио, а не го користи така и ова :) Ама не отворив тема со дрва и камења и цела листа негативни работи за сензорот :D

Ако има старт/стоп топ. На семафори мирно, колата не работи, заштедуваш колку толку гориво, макар и еден милилитар да бил, не загадуваш, макар и 1гр да е тоа. На една кола како што пиша Влатко не значи ништо, ама на милион коли значи ептен. Сега релативизирање од типот на се запали депонијата, таа загадува колите не е глупаво од причина што ако се стремиме кон западен и развиен свет тогаш мора да поработиме на тоа секој по малку да допринесува за поздрава околина. Вака испаѓа ај ќе фрламе ѓубре на сите страни пошо и така секој фрла. Ама дел од тие што фрлаат да не фрлаат ќе се среди, така и ова.

Сигурно некој попаметен со факултет, а не со форумско образование седнал и размислил за старт/стоп. Исто како што размислил и за АМ радио и за светла и за бришачи. Ако нас не ни се свиѓа конкретната технологија не значи дека таа е тапа и дека сме угнетени од системот. Сите имаме телефони со по 3-4 камери. Зошто да плаќам 5 камери кога нити сликам нити ми значи бројот на камери, што значи угнетен сум :) Ајде сега 10 нови страни како сме угнетени :D  А ако ги користев 10те камери тогаш ќе го тупев овде како тоа е врвот на технологијата и како ми го олесни животот.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 412
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #139 на: 25 Март 2021, 15:17:34 pm »
Ме нервира да ми вергла на секое тргување.
Жива глупост за која ако не се деактивира со копче би искорнал осигурач.

Ама не вергла, инстант е. Во моментот кога ќе го пипнеш кумплугот, обртомерот веднаш скока и тргаш. Не се приметува дека била изгасена

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #140 на: 25 Март 2021, 15:33:04 pm »
Ме нервира да ми вергла на секое тргување.
Жива глупост за која ако не се деактивира со копче би искорнал осигурач.

Ама не вергла, инстант е. Во моментот кога ќе го пипнеш кумплугот, обртомерот веднаш скока и тргаш. Не се приметува дека била изгасена
Веројатно ако е mild hybrid, како што и треба да биде еден Старт/Стоп.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #141 на: 25 Март 2021, 15:43:17 pm »
Ме нервира да ми вергла на секое тргување.
Жива глупост за која ако не се деактивира со копче би искорнал осигурач.

Ама не вергла, инстант е. Во моментот кога ќе го пипнеш кумплугот, обртомерот веднаш скока и тргаш. Не се приметува дека била изгасена
Нормално. Кога е во лер, само што ќе стиснеш педала за кумплуг и дур да смениш од лер во 1ва веќе моторот работи. Дефинитивно палењето во времетраење е доста пократко од сабајле на прва кога ја палам колата.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #142 на: 25 Март 2021, 16:13:50 pm »
1 секунда макс трае палењето по стискање на лер. Од 0 вртежи до 800 отприлика, барем кај мене. Ако вергла, тогаш можеби има друг проблем колата? 

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #143 на: 25 Март 2021, 16:50:32 pm »
Koи се тие „факти“?
Каде може да се видат?

Ги видел некој од вас, или ги земате работите здраво за готово?
Eте јас површно пребарав, не најдов ништо релевантно. Посочете ми студии и истражувања.
Диши позади кола кога ќе застане на семафор кога е запалена и изгасена и пиши тука како си се осеќал во двете ситуации.

Не љубам ауспуси... А ти?  ;D

Сериозно - те прашав од каде знаеш дека има еколошки бенефит, дали се работи за научни сознанија или за нешто што си го врзал во крпче без да си сигурен или воопшто да имаш поим, дали е точно.

Факт е и тоа дека при палење на мотор имаш зголемена емисија на ппм честички, повеќе отколку на континуирана работа. Секој механичар може потврдно да ти го одговори ова, и се работи за општо позната работа.

И сега кој е во право?
Затоа велам - каде се истражувањата, студиите, кои кажуваат дека старт/стоп резултира со помала емисија на ппм честички и помало загадување.


Koи се тие „факти“?
Каде може да се видат?

Ги видел некој од вас, или ги земате работите здраво за готово?
Eте јас површно пребарав, не најдов ништо релевантно. Посочете ми студии и истражувања.

Го почна муабетов со John Cadogan  и со Scotty Kilmer и сега бараш студии и истражувања.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Иронијата е баш тоа што излагањето од Џон Кадоган е најблиску до „научни факти“ што досега видовме на дискусијава. 
Гледаш ни ти не нудиш ништо конкретно... Ок, освен Блек Адер гифот - за тоа имаш лајк.  ;D
Цитат
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #144 на: 25 Март 2021, 17:17:52 pm »
Ме нервира да ми вергла на секое тргување.
Жива глупост за која ако не се деактивира со копче би искорнал осигурач.

Ама не вергла, инстант е. Во моментот кога ќе го пипнеш кумплугот, обртомерот веднаш скока и тргаш. Не се приметува дека била изгасена

Службената Инсигнија вергла..ко да сум завртел клуч.
Го деактивирав инстантно.
Глупости.


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #145 на: 25 Март 2021, 17:19:03 pm »
Sluzbena - says it all

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #146 на: 25 Март 2021, 17:34:46 pm »
Постаро возило, постари технологии, постари системи, итн. Кај новиве реакцијата е инстантна.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #147 на: 25 Март 2021, 19:03:14 pm »
Гледаш ни ти не нудиш ништо конкретно... Ок, освен Блек Адер гифот - за тоа имаш лајк.  ;D

Аа, видов ја у темава „колку е саат“ уште на прва страна (кај што и понудив нешто конкретно), не ти паѓам више у замката :D Сеа ми е задоволство да ги глеам твоите „научни“ излагања базирани на Скоти Килмер и да се убацувам офтопик со по некое гифче. Уствари, ми се допадна и приказната за Македонско Радио на АМ тјунерот у кола. Може тема да отвориме дали е потребно или не да има АМ тјунер на радиото, ете @AUUU сигурно ќе се согласи дека е време за нова тема.

Си го “наебал” сеа има така убаво да ти укаже на грешките нема да си свесен што те снашло :)

Викаш ќе стане уште една "ГМО“ тема а?  :)
 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #148 на: 25 Март 2021, 19:16:25 pm »
Јас не ја монтирав антената на колата.

Нема антена/нема радио/не плаќам такса :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #149 на: 25 Март 2021, 19:24:58 pm »
Супер е како техенолгија. Од 2011 навака си го користам. Немам забелешки. Еден AUX акумулатор за 2500 мкд изеде и тој сам си го сменив.  Толку ме чинело за 10 години. Го гасам на отворено само на патарини да не ми се активира. Иако знам и како со папучи аго контролирам да не се вклучи кога антиципирам дека кратко ќе стојам.