Мене уште ми е нејасно и мистерија зошто 10 страни темава има и зошто воопшто се отвори тема за старт/стоп. Како и секоја друга технологија си има и плус и сигурно и минус. Како што мене не ме прашале дали сакам автоматски светла, а ги имам, а Додо плаќа за АМ радио, а не го користи така и ова

Ама не отворив тема со дрва и камења и цела листа негативни работи за сензорот
Ако има старт/стоп топ. На семафори мирно, колата не работи, заштедуваш колку толку гориво, макар и еден милилитар да бил, не загадуваш, макар и 1гр да е тоа. На една кола како што пиша Влатко не значи ништо, ама на милион коли значи ептен. Сега релативизирање од типот на се запали депонијата, таа загадува колите не е глупаво од причина што ако се стремиме кон западен и развиен свет тогаш мора да поработиме на тоа секој по малку да допринесува за поздрава околина. Вака испаѓа ај ќе фрламе ѓубре на сите страни пошо и така секој фрла. Ама дел од тие што фрлаат да не фрлаат ќе се среди, така и ова.
Сигурно некој попаметен со факултет, а не со форумско образование седнал и размислил за старт/стоп. Исто како што размислил и за АМ радио и за светла и за бришачи. Ако нас не ни се свиѓа конкретната технологија не значи дека таа е тапа и дека сме угнетени од системот. Сите имаме телефони со по 3-4 камери. Зошто да плаќам 5 камери кога нити сликам нити ми значи бројот на камери, што значи угнетен сум

Ајде сега 10 нови страни како сме угнетени

А ако ги користев 10те камери тогаш ќе го тупев овде како тоа е врвот на технологијата и како ми го олесни животот.