Автор Тема: Ауто старт стоп системи  (Прочитано 22898 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #165 на: 27 Март 2021, 11:25:33 am »
Пак ќе се повторам:

Твоите зборови за почеток на темата за дискусија за старт-стоп систем во еден автомобил.
Ауто старт стоп системи.

Дали има повеќе корист, или повеќе штета од нив?
Дури и ако има некаква корист, дали вреди за штетата/амортизацијата на деловите?


Еве пар размислувања:



Чиста глупост е тоа старт/стоп, демек загадување ќе намалувале.
Мерел некој дали прави некаква заштеда во потрошувачка на гориво?

Мереле: https://www.edmunds.com/car-reviews/features/do-stop-start-systems-really-save-fuel.html

Има потенцијал за до 10% заштеда, што не е малку, али кога имаш потрошувачи, односно кога ќе треба да се греее/лади кабината (у МК или грееш или ладиш кабина, нема измеѓу), тогаш веќе е минимална заштедата.

Ова има потенцијал за одделна тема, па да не идеме во офтопик ајде нова тема.  :)

Евентуално  10%, со другу зборој ветер со магла,  едно менвање акомулатор ти е 200 евра,  па ќе ослаби нема да работи,  кратки релации,  недоволно време да се наполни.. И да сакаш да го приполниш ти треба фенси полнач и тој кошта и така. Плус од пали гаси 70пати бо денот сигурно и нешто друго со тек на години ќе јави.
Пред месец дена на колега му изгасила Volvo v40. На семафор. Кога идел на работа. Ни жмигавци не можел да уклучи, па нервирања, барал другари, во меѓувреме му свират други аута, на раскрсница стои во гужва... Бенефитите од старт/стоп.  :D
Го шлепале, следниот ден сменил акумулатор и го решил проблемот (барем до следното слично случување).

Бонус: Како се менува акумулатор за v40 (хинт, пола ауто се расклопува)  ;D
(а v40 има и втор акумулатор, I kid you not)
https://www.youtube.com/watch?v=aDAh8Zea3Dw


Твоите зборови и тези за што уствари е темата.

Настрана реториката (и семантиката, а и ад хоминемот) јас повторно ќе ги посочам најважните моменти а ти како сакаш продолжи (или немој, по твој избор):

- покажа два текста со нискобуџетни проекти на мерења со анекдотална вредност, кои згора на сѐ примарно истражуваат емисии на јаглерод диоксид (ок, второто мерење вклучува и јаглерод моноксид, ама пак нема мерење на ппм честички)
- емисии на јаглерод диоксид се од секундарна (или можеби од терциерна) важност кога зборуваме за загадување и за здравје
- емисии на ппм честички се примарна важност кога зборуваме за загадување (и за здравјето како последица од загадувањето)
- не видовме истражувања и докази дека старт/стоп позитивно влијае на загадувањето кое ни го уништува здравјето (ппм честички)
- не видовме податоци со колкав удел автомобилското загадување влегува во вкупното загадување, и следствено колкав удел ќе биде уделот на старт/стоп технологијата во намалување на ВКУПНОТО загадување



Другар ти си правиш ад-хоминем со своите сопствени зборови затоа што веќе имаш изграден став за една работа и носиш вода преку десет ридишта и долини само и само да не кажеш, УПС, може сум ја грешел малку...

Која е гаранцијата кога нема да ти се допаѓаат бројките/аргументите/истражувањата дека темата нема да се промени по трет пат?

Е и за дизелгејт... Класична политичка и корпорациска пресметка и рекетирање, и никаков научен репер за маргини на грешки на специфични инструменти. Тоа што јас го реков не е „плукање по алатката“ туку едноставно го констатирам фактот дека измерените разлики се во маргините на грешка на инструментот.

Ова морам да го прокоментирам. Катализаторот на целата хемиска реакција е ист, параметрите и условите од табелата која ја цитираш се речиси идентични, АМА од помал количински волумен, да излезе исто како и од поголем количински волумен.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #166 на: 27 Март 2021, 12:10:21 pm »
Од мој аспект: Темава ја почнав и учествувам во неа - за да научам повеќе и да го видам што велат аргументите на спротиставените ставови.

Темава почна како што почна, со тоа што го најдов првично. Можеш да се шегуваш ама јас ни сега не гледам, ниту па некој покажа ништо посебно неточно ете со првото видео. Стариот аутомеханичар во второто видео е повеќе за „мајсторски“ поглед/искуство со темата. Ни со неговото гледиште не гледам проблем, ниту видов аргументиран демант... Слободно нарекувајте ги „неолудисти“, нарекувајте ги и „монетизатори“, ама лажговци не се (и повторно ад хоминем, не ти туку многумина овде им ги игнорирате ставовите и аргументите а се мајтапите со нив лично).

Како што се развиваше дискусијата моето лично знаење на темава малку се зголеми, и увидов дека првичниот став не ми е далеку од реалноста која може да се види од досега изнесеното. Од вас неколкумина застапници за корисноста од старт стоп технологијата (освен лични необјективности) конкретно видов само два текста за мерење јаглеред диоксид на три аута направени со рачен инструмент, и измерени резултати внатре во маргините на грешка на инструментот.


Нејсе.
Две работи многу бодат очи:
- Прво: Никој не покажа истражување за влијанието на старт/стоп врз емисиите на ппм честички.
- Второ: Никој не покажа мерења или макар проекции колку старт/стоп технологијата ќе го намали автомобилското загадување, колкав е уделот на автомобилското загадување во вкупното загадување, и следствено колкав удел ќе биде уделот на старт/стоп технологијата во намалување на вкупното загадување.


Без овие две работи, ништо не ја менува мојата теза дека старт/стоп не менува ништо значајно за загадувањето. Дури и на страна што (ама посебно затоа), кога ќе се види како сега стојат работите со другите загадувачи па сеедно дали на локално, или на светско ниво - истата нерелевантност е.



Е и за дизелгејт... Класична политичка и корпорациска пресметка и рекетирање, и никаков научен репер за маргини на грешки на специфични инструменти. Тоа што јас го реков не е „плукање по алатката“ туку едноставно го констатирам фактот дека измерените разлики се во маргините на грешка на инструментот.

Ова морам да го прокоментирам. Катализаторот на целата хемиска реакција е ист, параметрите и условите од табелата која ја цитираш се речиси идентични, АМА од помал количински волумен, да излезе исто како и од поголем количински волумен.

Прокоментирај го следниов аспект: Поважно е кој мери, не со што се мери.
Но не дека не е важно и тоа што ти покажав дека спомнатиот инструмент има маргини на грешка до 25%

Од истиот аспект: Каде се повеќе мерења за старт/стоп, посебно за ппм емисии, ако навистина има импакт врз загадувањето? Каде се проценките за влијанието на вкупното загадување?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #167 на: 28 Март 2021, 14:07:19 pm »

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #168 на: 10 Април 2021, 14:42:50 pm »
Користејќи ја спорната технологија :)

D-r Ordevski


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #169 на: 10 Април 2021, 15:43:45 pm »
Што е фората со Ready/OFF на обрт метарот?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #170 на: 10 Април 2021, 16:05:14 pm »
Што е фората со Ready/OFF на обрт метарот?
Реди е во стартстоп дека си. А оф дека е исклучено. Многу културно решение.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #171 на: 10 Април 2021, 19:29:04 pm »
Нај искрено сум мерел потрошувачка со и без старт/стоп, на прва децимала нема промена во потрошувачката

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #172 на: 10 Април 2021, 20:10:15 pm »
Нај искрено сум мерел потрошувачка со и без старт/стоп, на прва децимала нема промена во потрошувачката
Ако зи возел цело време на отворено нема ни да има ;D

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #173 на: 10 Април 2021, 22:55:53 pm »
Што е фората со Ready/OFF на обрт метарот?
Реди е во стартстоп дека си. А оф дека е исклучено. Многу културно решение.
Токму така.
Нај искрено сум мерел потрошувачка со и без старт/стоп, на прва децимала нема промена во потрошувачката
https://youtu.be/-BYkKa1Jo3U

D-r Ordevski


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #174 на: 11 Април 2021, 10:52:03 am »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #175 на: 11 Април 2021, 13:43:42 pm »
Интересен е моментот со објективноста (односно необјективноста), зависно од завземениот став. Кога некој ќе напише дека нема мерлива разлика во потрошувачка, со или без старт-стоп, тогаш се нуди друго анекдотално искуство/видео каде измериле неколку проценти разлика. Уште поинтересни се видеата каде тврдат некои бомбастични бројки од заштедени стотици фунти, ама не нагласувуваат дека треба баш многу десетици илјади километри/милји да се извозат за тие неколку проценти да направат мерлива уаууу разлика од цели „стотина“ фунти.

Дури и тие пар полуозбилни истражувања што ги видовме, може да се наречат анекдотални искуства пошто се мерења со едно или со пар аута, и со измерени резултати во маргините на грешка на употребуваните инструменти.



Што научив јас до сега, а претходно само се сомневав:
- добивките во заштеда се во најдобар случај минорни, ако воопшто ги има, иако се преувелучуваат во хипербола
- добивките во екологија се дискутабилни, а во нашиов случај и смешно нерелевантни
- последиците од зголемена амортизација останува да се видат по доволно долг експлоатациски период

Гледам и една „придобивка“, а тоа е некој што ќе најде начин перманентно да го исклучи старт-стоп без да се заебава секое влагање во ауто рачно да го исклучува... Таквиот со аутото добил подобар алтернатор/ладење/акумулатор. Иако истите и поскапо ги платил во старт, па „придобивката“ е дискутабилна дури и во тој случај.


Мислам дека ова е само почеток на редица вакви „придобивки“ најмногу за еколошки проблеми, кои ќе коштаат а ќе имаат минорни/занемарливи резултати. Уште повеќе ќе се трошат средства кои подобро би биле искористени за некои реални решенија за проблемите.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #176 на: 11 Април 2021, 16:50:55 pm »
Ништо не си научил, зошто се лажеш самиот себе не ми е јасно.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #177 на: 24 Април 2021, 18:43:34 pm »
Старт стоп си е ок, во некои случаи и не го ни користи алтернаторот за стартување. Кола што нема старт стоп не треба рачно да се гаси и пали на семафор. Башка акумулатори се, башка алтернатори, башка анласер.
Еколошките и економските бенефити може да се пресметаат од раликата на изработка и одржувања на класичниот систем вс старт стоп, ама соиурно пресметале пред да го инсталираат. Првите старт стоп системи можда не биле исплатлови, ама сега сигурно се.