Автор Тема: Ауто старт стоп системи  (Прочитано 26245 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #120 на: 24 Март 2021, 22:49:48 pm »
Абе дајте да се вратиме на битните ствари, АМ плаќаме на радиото, ало, ај јавете се тука колкумина слушате АМ станици, ради вас сите го јадеме.

Јас постојано го слушам македонско радио кога сум надвор од државава, или пак се движам низ кањоните и клисурите на нашата дежава. АМ е најкорисното нешто затоа што никогаш нема да останеш без друштво. И плус, по закон мора да плаќаш радиодифузна такса за државната радио телевизија, а под дифолт таа оди секогаш и секаде на амплитудна модулација (АМ) и секаде се слуша. Инаку е на 810 МНz за оние кои сакаат да уживаат во образовните радио емисии интерпретирани на македонското радио.
:D
http://www.predavatel.com/mk/radio/mr-sat

Ѕвер од предавател. На Малта се фаќа ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #121 на: 24 Март 2021, 23:44:48 pm »
И на Големта некои казват се фаќало.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #122 на: 25 Март 2021, 08:20:21 am »
Ти реков дека автоматското палење е глупаво. Валјда имаш доволно IQ да знаеш да упалиш светло во темно? Или и да немаш IQ ваљда не си слеп па да не упалиш светло навечер?

Мене ми има снемано IQ во град, во туѓа кола, навечер.
Палам колата, осветлено е, ми се гледа, си терам.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #123 на: 25 Март 2021, 08:57:47 am »
Абе дајте да се вратиме на битните ствари, АМ плаќаме на радиото, ало, ај јавете се тука колкумина слушате АМ станици, ради вас сите го јадеме.

Јас слушам, радио Скопје. А и само тоа радио зрачи во тој опсег.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #124 на: 25 Март 2021, 09:08:49 am »
пс. Сега малце поозбилно...
Најозбилно, моите аргументи сеуште се следниве:
- старт/стоп е скап feature кој реално не нуди ништо посебно (освен зијан и зголемена амортизација)
- пазарна економија е кога купувачот има избор, дали сака или не таков скап feature
- функционалности кои се потребни, или се дискутабилно потребни ама се евтини, и не влегуваат во муабетов како аргумент (освен сламен)

Мајтапот ти беше забавен, но мојата теза сеуште стои.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #125 на: 25 Март 2021, 09:44:32 am »
Објективно, факти.

- Старт/стоп нуди помало загадување особено во локалната средина. Еден автомобил со старт/стоп нуди незначителна еколошка придобивка, но кога тоа ќе се помножи со милиони автомобили тогаш сликата е сосема спротивна.
- Старт/стоп не е никаков feature исто како што АБС, ЕСП и сега по најново front assist не е feature туку задолжителна опрема.
- Ако на некој му претставуваат лична закана безбедносните или еколошки системи кои што се вградуват во автомобили, има слободен избор да купи возило од друг континент и да направи хомологација. Никој никого не тера со сила.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #126 на: 25 Март 2021, 10:15:34 am »
Нормално и коректно обраќање заслужува соодветна реплика:

Првото, дај да видам озбилни студии за еколошкиот импакт на старт/стоп (под озбилни студии не подразбирам аматерски мерење на цели две аута во Мадрид). Логиката и фактите кажуваат дека при палење на моторот има повеќе загадување од континуирана работа, па еколошката „добивка“ од старт/стоп останува негативна - се додека не се докаже спротивното.

Второто, старт/стоп е feature кој треба да биде опција а не задолжителна опрема. Нели, се додека не се докаже првата точка.

Третото, пробај ти да увезуваш автомобил од друг континент па јави ни овде колку е економски оправдан потфатот... Со други зборови, не се обидувај (ти или било кој друг) да ги претставиш работите како со увоз од другата страна на планетата да постои избор окулу старт/стоп: Не постои.


едит:
П.С. Еколошкиот момент на старт/стоп во средина како Македонија/Скопје секако е целосно ирелевантен - со огромното загадување на воздухот кое во наголем дел доаѓа од други фактори а не од автомобилите. Како канал полн со фекалии да инсистираш да се исчисти од лисја од дрва, а полн е со *****.
« Последно менување: 25 Март 2021, 10:22:09 am Van »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #127 на: 25 Март 2021, 10:47:15 am »
Фактите и логиката велат дека 7 или 8 секунди беа мислам потребни (не сум 100% сигурен) за да старт/стоп е ефективен односно е потрошено помалце гориво во мирување отколку да работи моторот во лер. Се над таа бројка е штедење гориво односно директно помало загадување. И пред се, никако да не се заборави моментот на околни пешаци кои директно придобиваат од ова и не дишат штетни гасови.

Тоа што еколошкиот момент на старт/стоп не е релевантен во Македонија до тој степен како што можеби литературата предвидува не е причина дека оваа технологија нечини или па не е доверлива, напротив. Да имаше Македонија сопствено производство на автомобили и сопствени регулативи па ај да разберам нешто, ама вака не ја гледам поентава.

И повторно, во Скопје на сред булевар во 3 поручек кога се најголемите гужви и тргни/застани, подобро е сите дур чекаат на семафор да им работат во лер колите или 1 минута дур чекаат зелено светло да не им работат моторите со вклучен старт/стоп? Ти како пешак на тој булевар си вдишил значително помалку ѓубре во белите дробови, тој во автомобилот потрошил помалку гориво. Тоа не е релевантно? :)


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #128 на: 25 Март 2021, 11:17:35 am »
И пред се, никако да не се заборави моментот на околни пешаци кои директно придобиваат од ова и не дишат штетни гасови.
...
Ти како пешак на тој булевар си вдишил значително помалку ѓубре во белите дробови, тој во автомобилот потрошил помалку гориво. Тоа не е релевантно? :)



Работава жити се не ме спасувај од аутомобилите, спаси ме од оџаците на ќумбињата и фабриките/погончињата, и циганите кои горат гуми и акумулатори... Реално ова нема никаква поента овде кај нас - што не значи дека се согласувам за надвор од Македонија, прво треба да ги покажеш наводните факти за еколошкиот бенефит (студии и истражувања од релевантни извори).

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #129 на: 25 Март 2021, 11:21:38 am »
И пази да не ти се замараат производителите дали старт/стоп систем ќе допринесе значително за намалување на вкупна загаденост во Македонија, па да ти го тргаат од кола како нерелевантен за истото. Пазар на нови возила е 3000 ако не се лажам во Македонија, спореди со Германија од околу 3.5 милиона годишно.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #130 на: 25 Март 2021, 12:52:11 pm »
Го читам и се чудам на муабетот. Што е тоа кај нас не треба, кај нас е загадено, кај нас не се важи. Зошто? Ние тука заостанати ли сме, па нели треба од некаде да почниме да ја креваме свеста на загадувањето? Никој нема да дојде да ни го исчисти воздухот ако имаме вакво ограничено размислување, зошто неможеме да почниме од себе помалку да загадуваме туку мора да гледаме во дворот на комшиите и да си викаме што го е**м ако он може жошто и јас да неможам. Факт е дека старт/стоп придонесува во загадувањето кога чекаш на семафот во поголемите градови (читај Скопје), факт е дека заштедува гориво на семафор, што уште ни треба? И треба да е задолжителна опрема како што се катализаторите и другите филтри, ако не ти одговара вози точак.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #131 на: 25 Март 2021, 12:54:35 pm »
Koи се тие „факти“?
Каде може да се видат?

Ги видел некој од вас, или ги земате работите здраво за готово?
Eте јас површно пребарав, не најдов ништо релевантно. Посочете ми студии и истражувања.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #132 на: 25 Март 2021, 13:05:53 pm »
Koи се тие „факти“?
Каде може да се видат?

Ги видел некој од вас, или ги земате работите здраво за готово?
Eте јас површно пребарав, не најдов ништо релевантно. Посочете ми студии и истражувања.
Диши позади кола кога ќе застане на семафор кога е запалена и изгасена и пиши тука како си се осеќал во двете ситуации.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #133 на: 25 Март 2021, 13:36:17 pm »
Не не, он ќе ја отвори устата позади ауспух а во исто време ќе чита озбилна студија дали од ауспухот искача чист кислород или цо2.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #134 на: 25 Март 2021, 13:40:28 pm »
Koи се тие „факти“?
Каде може да се видат?

Ги видел некој од вас, или ги земате работите здраво за готово?
Eте јас површно пребарав, не најдов ништо релевантно. Посочете ми студии и истражувања.

Го почна муабетов со John Cadogan  и со Scotty Kilmer и сега бараш студии и истражувања.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.