Нормално и коректно обраќање заслужува соодветна реплика:
Првото, дај да видам озбилни студии за еколошкиот импакт на старт/стоп (под озбилни студии не подразбирам аматерски мерење на цели две аута во Мадрид). Логиката и фактите кажуваат дека при палење на моторот има повеќе загадување од континуирана работа, па еколошката „добивка“ од старт/стоп останува негативна - се додека не се докаже спротивното.
Второто, старт/стоп е feature кој треба да биде опција а не задолжителна опрема. Нели, се додека не се докаже првата точка.
Третото, пробај ти да увезуваш автомобил од друг континент па јави ни овде колку е економски оправдан потфатот... Со други зборови, не се обидувај (ти или било кој друг) да ги претставиш работите како со увоз од другата страна на планетата да постои избор окулу старт/стоп: Не постои.
едит:
П.С. Еколошкиот момент на старт/стоп во средина како Македонија/Скопје секако е целосно ирелевантен - со огромното загадување на воздухот кое во наголем дел доаѓа од други фактори а не од автомобилите. Како канал полн со фекалии да инсистираш да се исчисти од лисја од дрва, а полн е со *****.