Одговор на некои од прашањата од неолудистите погоре: https://practicalmotoring.com.au/car-advice/myth-busting-stop-start-damage-engine/
Уште едно убаво текстче: https://www.mountbattencarsales.co.uk/blog/start-stop-technology-gimmick-or-serious-technology
Дузина вакви текстови прочитав утрово... Сѐ е тоа фино - на хартија. Во пракса, како што ќе ти каже секој механичар (а и здрава логика), дали моторот, дали ладењето, дали стартерот... Сето тоа повеќе се амортизира на ауто со старт/стоп. Без разлика колку сѐ тоа може да биде интелегентно дизјанирано од врвни инжинери, и дизајнирано за зголемена амортизација, ама на крај дека деловите се амортизираат повеќе - тоа не може да се спори. Дури ни од вас „консумеристиве“ овде.
Исто така, не сум слушнал досега дека некој направил ремонт поради претерано користење на старт/стоп, и освен акумулаториве кои кога ќе ослабат, друг проблем не сум слушнал со овие системи..
Не мора до екстреми како ремонт да одиме, иако и тоа ќе дојде побргу отколку за ауто без старт/стоп.
Макар само и акумулаторите не се за занемарување, АГМ акумулатори коштаат солидно повеќе... А каде се нервозите (како на колегата) кога заради старт/стоп ќе заглави на семафори во гужва. Не дека и без старт/стоп не може да му откаже акумулатор, ама барем шансите се дека ќе биде паркиран некаде.
CO2 импакт: https://www.researchgate.net/publication/251670270_Influence_of_the_stopstart_system_on_CO_2_emissions_of_a_diesel_vehicle_in_urban_traffic
Ауу да, ова мора да е „најсилниот“ аргумент за старт/стоп.
Во Скопје воздухот најзагаден е во периодите од денот кога е најмал сообраќајот.
Што ни покажува на реалноста дека аутосообраќајот има мал уддел во загадувањето. Со старт/стоп -
теоретски - би се намалило загадувањето од автомобилите, за 3 до максимално 10%? Колку се тие 3 - 10 проценти од нешто што ионака веќе е јасно дека мал дел од загадувањето?
Готово, нека чита Шилегов. Решението за загадувањето е најдено, нека спрема субвенции на аута со старт/стоп!