Се е супер, додека со кесите не останеш зачуден каде е колата.
Во таа ситуација веројатно ниту најголемиот консумерист не би менувал клуч за тастер. Проблемот е што секој си вели дека нема ваљда на мене да ми се деси... Додека (скраја да е) не се деси. Пошто статистиката вели дека на прилично луѓе им се случило/случува такво искуство.
Килес е најголема глупост со најлесно крадење на кола во историјата на колите.
Јас на пример можам да ги запалам сите трактори во Македонија и сите возила произведени се до 2002/2003та возила со штрафцигер. Онака лабаво. Имам палено голф како на Ван како детиште и газдата ме гледаше онака бледо како да му имам направено магија. И тоа од времето пред да биде измислен keyless достап.
Постарите брави се прелесни за обивање со обични алати и ти треба буквално две минути. Поновите се исто многу лесни за отварање и обивање и ти треба само малце вежбање, алат и да немаш две леви раце. Никогаш на крај памет не ми текнало да крадам коли.
@Luki Junior се разбира дека е нормално да ги користиш алатките кои ги имаш на располагање, посебно кога тоа ти е од корист а веќе ги имаш спомнатите алатки.
[1] Но можеби не се изразив како што треба... Мене аргументот ми е следниов, кога би имал избор дали ти лично би доплатил - ете од ракав ќе извадам - некои ~5-10% од цената на колата, за да имаш старт/стоп систем? И што мислиш дека би одбрале повеќето од возачите?
[2] Целата поента во муабетов е: Се повеќе на купувачите им се наметнуваат некои опции - ма не се опции ако се наметнати, се наметнуваат функции. Повеќето од нас би одбрале аутото да нема старт/стоп, и да е поевтино... Но некој (фактор од погоре) злоупотребува работи како екологија за од Х причини да наметне таква гимик функционалност.
[3] Како доаѓа времето, не се сомневам дека старт/стоп или нешто слично, дека ќе биде задолжителна функција.
Тоа е лошото. Не ми смета ако ти, и други како тебе, одберете - за себе - да користите старт/стоп. И автоматизирано паралелно паркирање. И крадење палење на копче... Мене не ми сметаш ти, мене ми смета што истото полека им се наметнува на сите. Станува стандард, наспроти волјата и потребите на мнозинството.
[1] Јас напишав погоре што сакам да правам. Ќе си купам хибрид затоа што имам мерак да ми е тивко и глатко. Ако морам да бирам помеѓу кола со Старт-Стоп и без Старт-Стоп ќе си купам со Старт-Стоп. Јас сум го пробал, ми прави мерак, можам да си го купам, ќе си го купам.
Искрено, не ме интересира што би избрале другите, затоа што ме интересира што би избрал јас. Ако размислувам што би избрала одредена група за мене, голема е веројатноста да изберат да бидам веган, да се возам во автобус на прдешки, без клима и секоја втора вечер да ми бутаат дилдо позади заради некоја си еднаквост. Според некоја друга група би требало да возам в8 би-турбо со стрејт-пајп. Зависи од групата... Ама ако треба да генерализирам, генерално мнозинството се недоквакани идиоти што и не знаат баш што им треба и нивното мислење не треба да се зема здраво за готово (Муабетот со Хенри Форд и брзите коњи). Особено не возачи од македонското поднебје. Тоа се посебни пациенти кои треба да се изучуваат на некој институт за психијатрија.
[2] Тоа е реалноста. Има арбитрарни правила донесени од некои си луѓе на некакви си позиции базирани на некакви/нечии пресметки. Корпорациите кои произведуваат автомобили ја нашле дупката во правилата за таа деценија со вградување на инженерско решение “Старт-Стоп“ и направиле пари врз база на тоа решение. Одговорните за продажба го смислиле еколошкиот момент и го продаваат. Ако не ти се допаѓа тој аспект, не мораш да го купуваш нивниот продукт. На пример Лада, Тата, Марути, GreatWall во сопствената гама го немаат тој гимик (не го кажувам ова иронично).
Инаку да ја ставам целата работа во перспектива со мала пресметка:
Само во Германија има околу 40-50 милиони возила. Од нив околу 80% имаат старт-стоп систем (да речеме околу 35 милиони возила). Од тие да речеме половина седат во гужва 10 минути дневно (17 милиони возила). Релативно модерно возило троши средно околу литар гориво на час. За тие десет минути ќе потроши околу 0.16литри гориво. За секој литар гориво треба околу 14 литри воздух. Тоа му доаѓа по 2.3 килограми CO2 по возило. Помножено по 17 милиони возила е околу 40 000 тони СО2 помалку. За еден ден.
Уште една поинаква дигресија: Ако сум реален, ова е капка во морето и нема ама баш никакво влијание врз светското загадување (освен врз локалното). На пример, САД користи околу 1/3на од светските фосилни горива. Во САД најголем потрошувач на фосилни горива се нивните вооружени сили со околу 1/4 до 1/3на од нивната целосна потрошувачка на фосилни горива. Со други зборови, вооружените сили на Америка се директен фактор на глобалното загадување со 1/9ина од целокупниот СО2 исфрлен на годишно ниво.
[3] Старт-Стоп е еден од најефективните начини за добивање хомологација во Европа/ЕУ. Дури и да не е задолжителен, самите производители ќе го вградуваат во сопствените возила за полесно да поминат пред регулаторните комисии. Во основа, регулаторните комисии се единствената кочница да има некаков ред со корпорациите. Јас само знам дека корпорациите на секој можен легален и нелегален начин во секој даден момент од било кој ден од годината активно и неуморно работат да најдат дупка во и онака “релативно“ слаби закони и регулативи кои постојат. Целата нивна стратегија за дупчење на регулатори и потрошувачи во здрав мозок е основа на сите бизнис стратегии и стимулација на понатамошен развој на возила и сите продукти кои ги имаш пред очи. Едноставно така работи капитализмот во денешната форма. Ако не ти се допаѓа тоа, ја имаш целата слобода на овој свет да направиш нешто поразлично и тие ја имаат целата слобода на овој свет да те уништат тебе, твојот личен избор и начинот на дејствување.
пс. Затоа не е убаво човек многу да размислува и да филозофира, туку да си вози тоа што му прави мерак и да не му дреме многу-многу дали било нешто ОК, еколошко, скапо или евтино. Ако толку многу имаш грижа на совест, земи лопата, 100-200 фиданки и сади ги секоја година на некоја ледина за да бидеш СО2 неутрален.