Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39480 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #285 на: 24 Март 2024, 07:31:25 am »
Колку слаб избор на квалитетни делови имаме, жално дури....овие марки во Германија се најдолу во листата при избирање на произодител. На здравје сервис инаку.

Не беше слаб изборот, лагерот беше проблем. daparto.de тоа можеше да ми достави во рокот дур бев таму.

А и цената беше многу поповолна од тука рецимо, имам некој пост со споредби некоја страна наназад.

Плус што сакав сите делови да бидат еден производител.

Фала ти.

Инаку, OE амортизерите беа Monroe.

Па не би рекол дека изборот е лош, колку што се финансиите во прашање. На аутоцентар, имаш кајаба амортизер за 3400денари парче.

Аутоцентар се добри само да  си провериш каталошки број.

Наздравје сервис. Се надевам дека штрафовите од амортизерите ги затегна со колата на земја.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Благодарам.

Апсолутно. Finger tight на дигалка, 85nm со тркалата на земја, suspension fully loaded.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #286 на: 25 Март 2024, 17:48:25 pm »
25.03.2024 година, 152.213 километри, завршено и центрирањето.



Отстапка од 0.15° на предно лево, корегирано.

За целосни впечатоци од амортизерите, ќе повозам уште малку.

Првичните се - друга кола, апсолутно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #287 на: 25 Март 2024, 19:12:07 pm »
Попрво би рекол дека е поради новите стабилизатори отколку амортизерите, или 100% ти биле издишани амортизерите што не ми се верува бидејки немало да ги трпиш толку време поради "морска болест" :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #288 на: 25 Март 2024, 19:13:49 pm »
Амортизери НЕМАШЕ.

Како ги компресирав, така останаа. "Старо купујем" ги земаа денес.

А стабилизаторите отстранија тапо звукче што се јавуваше кога ќе поминам со двете тркала во исто време преку нерамнина.

Трпев од што немав време. Од октомври дремеа амортизерите во подрум.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #289 на: 08 Јуни 2024, 16:04:01 pm »
08.06.2024 година, 154.919 километри.

Заменето (превентивно):
- пумпа за вода Valeo 529515, 2.453,00 денари;
- ПК ремен Conti 4PK760, 400,00 денари;
- ПК ремен Conti 5PK900, 350,00 денари;
- антифриз Dynamax Cool11 G11 Blue, 3l, 750,00 денари, и
- работна рака, 2.000,00 денари.

Вкупно 5.953,00 денари.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #290 на: 30 Јуни 2024, 12:17:29 pm »
30.06.2024 година, 155.244 километри.



Заменето:
- масло Fuchs Titan Syn MC 10W-40, 5l, 2.000,00 денари
- филтер за масло Hengst H97W13, 400,00 денари
- работна рака, 0 денари.

Вкупно - 2.400,00 денари.

5.654 километри и точно шест месеци од последна промена.

Пали-вози сме, петмина. 90-10 градска-отворено.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #291 на: 30 Јуни 2024, 12:23:39 pm »
Многу евтино маслово 🤔

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #292 на: 30 Јуни 2024, 12:25:34 pm »
10W-40 e. По мене, нормална цена.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #293 на: 30 Јуни 2024, 13:29:26 pm »
Јас за тие пари земам 5-30


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #294 на: 30 Јуни 2024, 13:33:08 pm »
Јас плаќам 12.89€/литар во пакување од 1 gallon за најдобрата 10-40ка. - 5Л=4.000 ден.

За разлика од тоа, најевтината 10-40ка е 3.99€/литар. Така да, чудни ми се цените. А со GM и Eurol имам прелошо искуство, а цената е иста, дури и поскапа од Фуксот.

Најевтина 5-30ка е 6€/л.
« Последно менување: 30 Јуни 2024, 13:38:09 pm nestor04 »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #295 на: 30 Јуни 2024, 13:45:32 pm »
Наздравје сервис вака мерачки сам најубаво на душата

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #296 на: 30 Јуни 2024, 14:36:04 pm »
Јас за тие пари земам 5-30


Sent from my iPhone using Tapatalk

А бе има, не оти не.

Ама, нема Fuchs.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #297 на: 30 Јуни 2024, 15:35:41 pm »
Зошто премина од 5в30 на 10в40?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #298 на: 30 Јуни 2024, 16:05:05 pm »
Трошеше 300-400 мл од промена на промена, па сакав да видам со 10W-40 дали ќе има промена.

Нема, btw. Исто се понаша. Ќе се вратам на 5W-30, требаше оваа промена, ама сплет на околности и ќе истера 10W-40 уште овој пат.

Инаку, по упатство, моторов поднесува од 0W-20, 5W-30, 10W-30, па до 10W-40.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #299 на: 30 Јуни 2024, 18:17:01 pm »
Јас за тие пари земам 5-30


Sent from my iPhone using Tapatalk

А бе има, не оти не.

Ама, нема Fuchs.
Од кога начекав разлики во амбалажа и различен фонт на бројките на амбалажата, џабе е фукс кога е дискутабилен оригиналот на истиот. Ако ги имам уште амбалажите ќе ти ги сликнам.


Sent from my iPhone using Tapatalk