Бидејќи количето одлично ме служе, решив малку да ја почастам или освежам. Задниот уште кога ја купив беше оштетен, неодамна плус уште некој ме закачил, па на крај изгледаше вака.



Некогаш во минатото веќе бил поправан и китиран, па мајсторот ми рече подобро да порачаме друг, имаше некој кинески, ама пак добро излезе, нов браник, фарбање, средување на две вдлабнатини на гепекот и полирање на фаровите, платив 12 000 денари. Сега еве изгледа вака.


Еве и од напред со полирани фарови.

Таванот беше добар дел разлепен, не самиот од себе, туку беше дело на помалиот син, се среди и тоа, 4000 денари.

И на крај си доби едно убаво чистење.
