Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 38356 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #270 на: 05 Ноември 2023, 13:32:05 pm »
Авто лидер чаир ти ја шијат за некој си 200-300 денари, кучуваш од кај нив навлака и си доплаќаш да на сошијат...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #271 на: 05 Ноември 2023, 14:22:59 pm »
Во автолидер се универзални и не секогаш легнуваат како што треба.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #272 на: 05 Ноември 2023, 22:41:09 pm »
Супер искочило, ја нарачав за МЛ воланот зошто немаше за б класа соодветен па што ќе испадне ќе видиме, иначе според тебе ќе трпи хемија за чистење повремено? Ја сакав да го дадам на професионалец али професионалците нејќеа да договороме термин донесам колата сабајле демонтираат сами среди воланот и вечерта да си ја земам, а гимнастики по карго итн не ми се прават.

Ќе се навикнете, нема да има потреба од професионалци. Мене ми сметаше моментот што немаше ист grip како кожен волан, едноставно синтетиката си го прави своето.

Потсетник за модификацијата од далечната 2021 година:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Не испадна лошо, солидно е.

Но, не е тоа-тоа. Секако ќе се претапацира, само сега одложив за некое време (3-6-12 месеци).

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #273 на: 19 Ноември 2023, 01:30:14 am »
15.11.2023 година, 148.792 километри.

Заменет летниот со зимскиот сет. Со летниот поминати 7.920 килметри.

Уредно испран и спастрен летниот сет, поточно двата летни сета...




Nice touch, да не шарам со креда која гума од каде сум ја извадил...



Убава работа овие навлаките. За 7 евра сет, топ.

Кога веќе вадев тркала, го заменив и глицеринот, после поминати 22.148 километри и година и 11 месеци од последната промена...



Со пумпата е многу едноставно, од причина што не треба втор човек, можам сам. Прелесно е, со тоа што ќе мора да набавам помали адаптери за на цицките, пошто напред-назад не се исти, односно задните се со помал дијаметар (предните се 5, задните се 3mm). Сега завршив работа со тефлон трака, да не испушта притисок, ама за наредно ќе правам нешто за да биде тип-топ.

Разликата со извадениот стар глицерин и последните две-три пумпања на најблиското тркало до резервоарчето е евидентна, иако уште е во дозволени граници, што се тиче влажноста...



...ама кај и да е, ќе светнело црвено. Валјда има разлог зошто се препорачува да се менува на две години.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #274 на: 19 Ноември 2023, 09:29:42 am »
Дали може линк од пумпата и кусо објаснување за употреба?
Под сам, мислиш, не треба некој да друка кочница?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #275 на: 19 Ноември 2023, 10:39:14 am »
Јас ја имам оваа...

https://www.amazon.de/Thorstone-Adapters-Connections-Motorcycle-Vehicles/dp/B0C93LKLWZ/ref=mp_s_a_1_29_sspa? crid=1DK7JES58TSID&keywords=brake+fluid+tool&qid=1700385824&sprefix=brake+fluid+tool%2Caps%2C174&sr=8-29-spons&sp_csd=d2lkZ2V0TmFtZT1zcF9waG9uZV9zZWFyY2hfYXRmX25leHQ&psc=1

Не нарачав од Кина, пошто поскапа иде и се чека доста...

https://a.aliexpress.com/_mPclfpi

Инаку, точно тоа мислам, може еден човек да ја заврши процедурата.

Имено, прво со пумпата и еден од додатоците го испразнив резервоарчето, до капка. Дотурив преку МАХ и го затворив.

Почнав од задно лево. Пошто адаптерот е за нисајна поширок, не држеше добро вакум на задните тркала. Ставив малку тефлон трака, не беше идеално, ама завршив работа (btw, нарачав еден куп адаптери со различна ширина).

Пумпаш на пумпата, 7-8 пати и ја носиш до 2 бари вакум, по манометарот. Отвораш цицка и чекаш да потече чист, бледо жолт глицерин (цревото е транспарентно, се гледа) и ако држи добар вакум, нема потреба од пумпање фазла, што е одлично, инаку рака ќе ти окапе.

Затвораш од време на време, и проверуваш ниво во резервоарчето под хауба, внимаваш цело време да има течност, за да не повлече воздух.

Повторуваш, во редослед задно десно, предно лево и предно десно (ориентација за редослед - почнуваш од најоддалеченото тркало од резервоарчето, па до најблиското).

Веќе кога идеш до последното тркало, 5-6 секунди и почнува чист глицерин да вади. Најтешко е на задно лево, пошто е нели, најдолга линијата.

Треба да бидеш стрплив и да извадиш бар 100-150 мл повеќе од капацитетот, за да бидеш сигурен дека flush-от е прописно направен.

Со вадење тркала, сам, само замената, не верувам дека ќе одземе повеќе од 40-тина минути.

Ептен е лесно со правиот алат.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #276 на: 23 Декември 2023, 12:40:26 pm »
23.12.2023 година, 149.590 километри.

Заменето уљето и сите филтри. Од последната замена поминати 5.114 километри и 6 месеци без некој ден.



- Уље Valvoline MaxLife 10W-40, 3 литри, 900,00 денари (имав 600-700 останато од претходната промена)
- Филтер за уље Hengst H97W13, 400,00 денари
- Филтер за воздух Comline EAF755, 500,00 денари
- Филтер за полен Nipparts N1348007, 253,00 денари
- Работна рака - 0 денари

Вкупно: 2.053,00 денари

Дефинитивно се враќам на 5W-30 наредна промена, пошто буквално исто се понаша моторот со 10W-40.
« Последно менување: 23 Декември 2023, 17:25:17 pm Diesel »

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #277 на: 23 Декември 2023, 12:57:56 pm »
За Сузукито само Valvoline MaxLife C3 5W30. Има анализа од тоа масло во Опел Агила 1.2 2008 K2B мотор.
Инаку зошто правиш на 6 месеци промена? Малку освежување?

https://www.sinpeks-shop.mk/index.php?pageid=a23&acckey=22S01003203&ident=019762

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #278 на: 23 Декември 2023, 13:16:29 pm »
Отежнати услови.

Ќе видам што ќе биде, можда и SynPower 5W-30. Здравје, на лето.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #279 на: 21 Февруари 2024, 17:06:49 pm »
Регистрирана денеска. Техничкиот поминат, ohne mängel.

Трошоци:

- Полиса 4.524,00 денари
- Јавни патишта 1.535,00 денари
- Технички преглед 3.403,00 денари (преклани, 2.881,00 денари, лани 3.201,00)
- МВР 50,00 денари

Вкупно: 9.513,00 денари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #280 на: 27 Февруари 2024, 10:57:22 am »
Three-year ownership recap. Точно три години денеска.

Околу 35.000 километри, trouble free.

- 03.03.2021 година, прва промена на уље и филтри, 2.850,00 денари;
- 11.03.2021 година, нов акумулатор, 3.000,00 денари;
- 15.03.2021 година, сите бришачи, 528,00 денари;
- 19.03.2021 година, дополнување и регулирање на притисок во климата, 2.000,00 денари;
- 20.03.2021 година, поправка на механизмот за џамот од возачката врата, стегнав два шрафа, 0 денари;
- 23.03.2021 година, втор клуч комплет со далечинско, 6.000,00 денари;
- 24.03.2021 година, заменети ПК каишите и лагер затегач, 3.600,00;
- 09.04.2021 година, заменет антифризот, 600,00 денари;
- 23.04.2021 година, чистење на клапната, 600,00 денари;
- 20.05.2021 година, сет летни гуми, со монтажа и балансирање, 9.400,00 денари;
- 22.09.2021 година, уље и филтри плус свеќички, 5.281,00 денари;
- 25.10.2021 година, половни челични бандажи за зимски сет, со монтажа и балансирање, 6.020,00 денари;
- 10.11.2021 година, раткапни, 800,00 денари;
- 27.11.2021 година, заменети амортизерите на петтата врата и набавена патосница за гепекот, 2.183,00 денари;
- 21.12.2021 година, заменети глицеринот и уљето во мењачот, 2.550,00 денари;
- 19.01.2022 година, сијаличка на средно светло, лев фар, 125,00 денари;
- 24.02.2022 година, уље и сите филтри, 1.903,00 денари.
--------------------------------------------------------------------
- 20.07.2022 година, платнени патосници Petex Rex, 1.838,00 денари;
- 25.07.2022 година, уље и филтер за уље, 2.200,00 денари;
- 09.11.2022 година, чашки на рамења, 3.200,00 денари;
- 18.01.2023 година, бришачи напред, 618,00 денари;
- 02.02.2023 година, уље и сите филтри, 2.503,00 денари.
--------------------------------------------------------------------
- 02.06.2023 година, брисачи напред, 450,00 денари;
- 27.06.2023 година, уље, филтер за уље и плочки напред, 2.700,00 денари;
- 19.07.2023 година, регулирање на притисок во климата, 600,00 денари;
- 15.11.2023 година, глицерин, 200,00 денари;
- 02.12.2023 година, сијаличка за средно светло лево, 130,00 денари;
- 04.12.2023 година, сијаличка за средно светло десно, 210,00 денари;
- 23.12.2023 година, уље и сите филтри, 2.053,00 денари;
- 24.02.2024 година, сијаличка на регистарска табличка, 50,00 денари.

Вкупно влог - 64.192,00 денари, 10.359,00 влог денари втората година и 6.393,00 денари влог третата година.

Срцка е колава.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #281 на: 23 Март 2024, 20:36:30 pm »
23.03.2024 година, 152.170 километри.

Заменето:
- Задни амортизери Optimal A-3912G x2, 2.686,00 денари
- Преден десен амортизер Optimal A-229GR, 2.535,00 денари
- Преден лев амортизер Optimal A-229GL, 2.535,00 денари
- Манжетни на предни амортизери Meyle 6146400010, 594,00 денари
- Буфери за предни амортизери со лагери Denckermann D600229, 1.157,00 денари
- Стабилизатори Optimal G7-1527, 1.080,00 денари
- Работна рака, 0 денари.

Вкупно: 10.587,00 денари.



Прво, дур се извлечам со сиот алат...



Најпрво, се демонтираат бришачите и пластиката под стаклото. Испрано и таму, 15-годишна прљавштина...







Перење на зимскиот сет, перење подкрила, монтажа... Околу 9 саати, со монтажа на летниот сет.

Најмногу се борев со р'ѓосани шрафови и не ме бендиса решението за монтажа на амортизерите - мора контра да се држи со инбус. Многу time consuming, али се заврши.









Оригинални беа сите заменети делови, маде ин Поланд. Манжетните беа испарени на двете страни.

Задните амортизери имаа вградени dust covers, па сеа иам вишок. Одговараа на некој Мерцедес, ќе видам, па може да одат поклон.

Посебно ми направи ќеф алатот за спиралите. Не ја провозав, ќе оставам да "легне" вечерва, утре притисокот во гумите да го дотерам, па понеделник на центрирање.

Сѐ е затегнато по пропис со момент клуч, бар кај можев.

Очекувам РАЗЛИКА, пошто колава НЕМАЛА амортизери, буквално. Стабилизаторите беа уништени скроз.

Спастрен зимскиот сет...



Се развлечка зафатов многу време, ама немам многу слободно време. Ајт, бидна. Ќе пишам како вози деновиве.

Наредно, антифризот ќе го менувам со целосен flush, и ПК каишот нема хидрауличен затегач, па мора од време на време да се дотерува, ми квичка малку кога вртам во место.
« Последно менување: 23 Март 2024, 20:42:32 pm Diesel »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #282 на: 23 Март 2024, 21:09:49 pm »
Колку слаб избор на квалитетни делови имаме, жално дури....овие марки во Германија се најдолу во листата при избирање на произодител. На здравје сервис инаку.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 322
  • The best or nothing.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #283 на: 23 Март 2024, 21:15:41 pm »
Па не би рекол дека изборот е лош, колку што се финансиите во прашање. На аутоцентар, имаш кајаба амортизер за 3400денари парче.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2996
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #284 на: 23 Март 2024, 21:28:07 pm »
Наздравје сервис. Се надевам дека штрафовите од амортизерите ги затегна со колата на земја.


Sent from my iPhone using Tapatalk