Решив проблем кој ме замараше многу - излупеното лого на воланот.
Свесен сум дека можев само да изолирам околу амблемот и наједноставно да го префарбам, но, како и сѐ друго што правам во животот, поготово на колите, се решив за потешката варијанта, пошто нели, има the easy way, и има the right way. Или, do it once - do it right.
Прво нарачав заменско од Али. Хромирано, исто.
Дисконектиран акумулаторот, два Т30 торкс шрафови од страните, се вади ербегот, стандардно.
Исто стандардно е и кај конекторите позади - за ербегот и за сирената...
Наредно, почнав со расклопување на ербегот. Постапката е pretty straight forward и не захтева посебен алат - поголем торкс (не забележав величина кога го вадев од сетот) и рачваста 9-ка.
Тука улетува 9-ката, иако мутерите не се стандардни хексагонални. Не се воопшто стегнати, само bottomed out, и затоа 9-ката завршува работа.
Морав да измислам начин табовите да не ми се враќаат и да го извадам металниот капак на до перничката...
Може изгледа смешно, но заврши работа.
Тука налетав на првото разочарување, пошто се понадевав дека начинот на кој е прицврстено логото на капакот е сервисибилно... Но, не. Фиксирано. Заувек.
Исто, набрзо, дојде и второто разочарување - заменското не одговараше воопшто на дупките од капакот. Имаше два пина помалку.
Реков, fuck it, почнав да ги сечам табовте на фабричкото лого за да го извадам и пробав нешто да комбинирам...
Иако изгледаше одлично, дојдоа на ред и третото и четвртото разочарување - воопшто не "лежеше" како треба, ниту пак беше цврсто на место и уште при монтажата, "хромот" почна да се лупи, при што пристапив кон најлогичниот потег - го фрлив заменското лого најдалеку што можев.
Пошто веќе ја укакав работата, почнав да смислувам решение, при што дојдов до заклучок дека најблиску до ОЕМ изглед и прописна поправка ќе биде фарбање. Хром финиш немаше начин да добијам, па се решив да барам најблиска нијанса до сивите елементи на воланот, централната конзола, копчињата и топката од мењачот.
Набавено прајмер, боја и безбоен лак. Color match - од прилика 90-95%, што и не е толку важно затоа што сите елементи паѓаат под различни агли и сите имаат различни нијанси во даден момент, како што ќе видиме подоцна.
Пробав најпрво да го излупам логото со алкохол. Не упали. Наредно - ацетон. Не упали.
На крај, "упали" шмиргла. 800 и 1200.
Пребришано со алкохол, да не има прашина од стругањето и прснати два слоја прајмер, со пауза од 10-тина минути меѓу слој. Брзо се суши.
Мислев лабаво да го помнам со 2500 водена шмиргла прајмерот, но пошто финишот беше беспрекорно мазен, не го направив тоа и одев директно на боја.
Исто два слоја боја, со пауза од 15-тина минути меѓу слоевите.
Оставив да се исуши, негде саат-два, па отидов со два слоја clear, со пауза од 15 минути меѓу двата.
Оставив да се исуши добро, ако не се лажам 12-13 саати, overnight.
Утредента, кога го видов финишот, останав запрепастен од одличниот резултат. Нема ни orange peel, сѐ е мазно, комплетната површина е покриена... Едино ако нешто би менувал, е еден заб потемна нијанса сива, но - не цепидлачам. И вака е топ.
Еве една слика од фазите...
Почнав со монтажа на деловите...
Пошто е оргиналното лого, табовите што останаа, си кликаат на место перфектно и држат одлично. Прво кога го вадев, обележав кој е горен, а кој долен дел, за да не оставам никаков простор за заебанција...
Иако држеше логото и така, сакав да бидам 100% сигурен дека нема да мрда и дека поправката бар малку ќе личи на ОЕМ финишот пред да почнам да сечам, hence the glue gun заигра малку...
Има разлика, но бар се потрудив...
Неисе, одлично дојде.
Почнав да го монтирам ербегот, при што постаката е, разбирливо, обратна од демонтажата. Нема потреба од никакво претегнување на ништо.
Исто и на воланот, обратен процес, по што дојдовме до the end result.
Јас - презадоволен. Најмногу ме утепаа нервозите со логото што беше фиксирано, срање квалтетот на логото од Али и чекањето при фарбањето, но тоа е... Се мислев за црна боја, но ептен ќе го затворев воланот и мило ми е што се одлучив за сива.
Еве и една before and after...
Ситна работа, ама многу ќеф ми направи.