Мало тизерче за блиска-блиска иднина, надајмо се на доволно слободно време.
Постов најмногу има за цел да направам споредба и да видиме однос цена-квалитет на деловите тука и Немачка. Деловите се набавени од daparto.de, освен оние кои не се. Шала на страна, daparto.de функционира така што листа одреден производ во сите продавници во кои е достапен, со најниска цена па нагоре, по продавач. Е сега, има мала цака во поглед на доставата, односно баш во мојот случај еден од производите го платив нијанса поскапо (правам муабет 2-3 евра поскапо), за сите продукти да бидат од еден продавач и да платам достава само еднаш, која чинеше 7 евра. Поточно, ако заштедев 3 евра на делот со нарачка од втор продавач, ќе платев 6-7 за достава. Небитно, само сакав да ја илустрирам можноста.
Планирам вака - ќе излистам што е набавено, по цена од daparto.de, па цена од autocentar.mk затоа што само тие имаат некаква цена на веб страната и трета колона цените на autocentar.mk, намалени за 20%, пошто досегашното искуство ми кажува дека деловите локално ги набавувам со мање-више таа цена - 20% поевтино од педерите.
Одам со ред.
Продукт: Количина daparto.de autocentar.mk -20%
- Свеќички Hella 8EH 188 704-231* 4 7.48 (460,00) 632,00 506,00
- Задни амортизери Optimal А-3912G 2 43.68 (2.686,00) 7.066,00 5.653,00
- Преден десен амортизер Optimal A-229GR 1 41.22 (2.535,00) 3.474,00 2.780,00 (Нема Optimal, цена на Monroe)
- Преден лев амортизер Optimal A-229GL 1 41.22 (2.535,00) 3.474,00 2.780,00 (Нема Optimal, цена на Monroe)
- Буфери и лагери Denckermann D600229 2 18.82 (1.157,00) 4.038,00 3.231,00 (Нема Denckermann, цена на NTN SNR)
- Стабилизатори Optimal G7-1527 2 17.56 (1.080,00) 3.028,00 2.422,00
- Држач за мотор Delphi TEM003* 1 20.83 (1.281,00) 2.429,00 1.943,00 (Нема Delphi, цена за Swag)
- Пумпа за вода Valeo 529515 1 39.89 (2.453,00) 5.047,00 4.038,00 (Нема Valeo, цена за Ina)
- Манжетни на амортизери Meyle 6146400010 2 9.66 (594,00) 1.388,00 1.110,00 (Нема Meyle, цена на Sachs)
- Сајла за куплунг Sachs 3074 600 146 1 18.95 (1.165,00) 3.281,00 2.625,00
- ПК каиш Conti 5PK900 1 5.70 (350,00) 947,00 758,00
- ПК каиш Conti 4PK765 1 6.52 (400,00) 915,00 732,00
- Бобина Bosch 0 221 503 472* 1 67.30 (4.139,00) 8.169,00 6.535,00
Вкупно: 20 338.83 (20.838,00) 43.888,00 35.113,00*деловите се за Опелот, не се на сликата
Разликата е следна:
- daparto.de со autocentar.mk,
23.050,00 денари- daparto.de со локалната продавница каде стално купувам,
14.275,00Многу. Еве, заради bulk price, локалнава да ми даде дополнителни 10% попуст, 31.602,00, што е разлика со daparto.de во износ од
10.674,00, ШТО НА ОВОЈ СТАНДАРД И ПЛАТИ, Е БЕЗОБРАЗЛКУК. Квалитетот, еве, не го земам во предвид, туку чисто цената, иако на листата има инфериорни делови по репутација кои би ги купил од тука. Трета работа, која исто не ја земам во предвид, е достапноста на деловите, која во најмала рака е questionable.
Доставата би ја пофалил. ДО МИНУТА, БУКВАЛНО, кога кажаа дека ќе бидат доставени деловите, тогаш стасаа, прописно спакувани во голема кутија.
Е сега, кога ќе имам слободно време, ќе имам занимација и следува...
...по следнот редослед:
- глицерин
- задни амортизери со заштитни гумици
- предни амортизери со манжетни, буфери и лагери
- стабилизатори
- центрирање
- пумпа за вода
- антифриз
- пк каиши
- уље
- филтри
Сајлата ја земав за резерва.
ЕДИТ: Табеларниот приказ на мобилен е shit, пошто од компјутер пишав. Додавам слика од истата.