Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39568 пати)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #90 на: 18 Јуни 2021, 18:18:59 pm »
I jas, ama na kraj sekogas vizuelniov del vo mene pobeduva 😁 Kolku voda imam potroseno beading da gledam... 😁

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #91 на: 07 Август 2021, 20:02:37 pm »
Денеска Зуки доби долго одложувано детално надворешно перење и хемиско внатре... Во прилог некое сличе...

























Не сликав пред да почнам внатре, пошто немаше ништо посебно да се види, иако ова испадна само од 2/3 од задното седиште...



Не сум горд, разочаран сум, но истовремено не сум изненаден. Сега бар знам дека е најчисто што може да биде.

Еве нешто од внатре...





























Тоа е тоа. 8.5 часа, али вредеше. Сега е топ.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #92 на: 07 Август 2021, 20:28:14 pm »
Ти дечко, ти си претеризам ;D
Секоја чест!

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #93 на: 07 Август 2021, 21:22:30 pm »
А ја па мислев дека нема поголема будала од мене, што 4 саати ја средував колата денес
Алал да ти е

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #94 на: 07 Август 2021, 21:47:34 pm »
I'll see your 4 hours, and I'll raise you 4.5 hours.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #95 на: 07 Август 2021, 21:48:50 pm »
I'll see your 4 hours, and I'll raise you 4.5 hours.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #96 на: 07 Август 2021, 21:51:26 pm »
Јас 4 ипол саати само внатрешност чистам на 159ката    :-X

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #97 на: 07 Август 2021, 21:53:17 pm »
Ако работиш со пиво...

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #98 на: 07 Август 2021, 22:01:15 pm »
Големо браво до тебе. Се гледа дека со љубов го работиш ова. Ти посакувам да си отвориш своја "гаража" . :)

Исто така, ме убеди дека сум "дибек". Јас за 20минути ја перам надворешно, 10 минути додека поврзам црево на чешма и најдам четка, другите 10 за перење.

Како и да е, БРАВО.

пс: што правосмукална имаш?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #99 на: 07 Август 2021, 22:03:09 pm »
Karcher WD3 за усисување (мада имам нарачано додаток што ќе ја направи екстрактор, пошто е за суво и мокро) и Bissell SpotCelan ProHeat за мокро.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #100 на: 07 Август 2021, 22:21:13 pm »
Ако работиш со пиво...
Ма јок, пивото отпосле, за уживанција. Ама изгледа сум остарел веќе и полека ги терам работите :) Сабота внатрешност, Недела надворешност се пере (или обратно) Цел процес ми е „медитација“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #101 на: 07 Август 2021, 22:38:56 pm »
Нема подобра терапија.

Јас форсирам сабота, недела легачам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #102 на: 09 Август 2021, 09:43:49 am »
Како ги изми бандажите така? Не беше закоравено тоа? Тачлес излезе?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #103 на: 09 Август 2021, 10:44:49 am »
Закоревено... Што знам, не беше до толку, иако речиси два месеци не беше перена колата. Но, битен момент е што имам еден слој Seal n' Shine на бандажите, и Fraber брз восок со плакнење врз него. Тоа помага бааги при редовно перење и одржување.

Тачлес... Па да, до некаде. Ама, не комплет, нажалост. На сите тркала трошам по 30-40 минути за да изгледаат вака.

Ај, целиот процес:

1. Почнувам со тркалата при секое перење. Имено, добро плакнење под притисок - подкрила, гуми, лице на фелни и внатре во фелните. Значи, КВАЛИТЕТНО ПЛАКНЕЊЕ.

2. Прскам APC 1:4 или 1:10, во зависност од гнасотијата. Во случајов, 1:4, во подкрилата, тоа е.

3. Iron remover на фелните - и на лицето и внатре во барабанот. Солидна количина, по две пумпања во секој простор. Чекам 2-5 минути да "прокрвари", зависи од времето и дали е возена колата - да не е прежешко надвор или површината да е прежешка од возење, да не ми се исуши. Плакнам, исто квалитетно, под притисок.

4. Прскам активна пена секаде - подкрила, гуми, фелни и надвор (крило, прагови и сл.) Чекам 2-3 минути да падне пената.

5. Пошто пената има bite, ја оставам на гумите подолго време, односно додека работам на фелните. Фелните ги почнувам од внатре, со четка за фелни...



Четкам во сите правци меѓу краците.

Земам обична мека detailing четка, со дијаметар 35 mm. Детално ја минам цела површина на лицето, сите кривини, процепи и сл. Четкам со кружни движења околу шрафовите и амблемот. Го минам оквирот на бандажот со четката.

Се префрлам на подкрилата, со четка со долга рачка, ваква...



Некаде каде што не можам да стигнам, имам уште 12 различни четки со различна намена, ама воглавно оваа завршува работа.

За последно, ги четкам гумите, со ваква четка...



Прскам APC на неа пред да почнам, како и на гумата, just for good measure. Трлам док ми руке не одпадну, па плакнам. Повторувам процес САМО НА ГУМИТЕ додека APC-то не почне да ми пени бела пена. Тоа има бенефит отпосле за дресингот, односно истиот подобро "се прија" на чиста површина и подолго трае.

6. Детално плакнам под притисок, се комплет.

7. Ако е прежешко надвор, сушам со дување само во делот на шрафовите и амблемот, да не потекува вода. Ако не е, ја сушам и гумата, да видам дали е секаде еднакво исчистена.

8. Перам комплет кола (втор чекор ми е околу вратите и капачето од резервоарот со APC, четка и плакнење), безконтактно еднаш, со четкање околу џамови, ретровизори, амблеми, решетки, лајсни и сл., плакнење, па контактно со две кофи и мф ракавици (3 - една за горен дел, една за долен и една за фелни. Да, пак ги минам фелните со шампон и фаќам со ракавицата на секој крак од внатрешна страна). Прскам некој брз восок како помош при сушење, и бришам со една "бањарка" од надвор, со друга околу вратите и капачето од резервоарот и со трета фелните. Дресинг на гуми и подкрила, бришам џамови, и ај чао. Супер потрошени 3-4 часа.

Околу фелните, овие слики мислам дека најдобро доловуваат дека процесов иако е захтевен, е pretty rewarding.








Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #104 на: 09 Август 2021, 10:50:10 am »
Не да не е тачлес ова. :) :) :) Океј така може, јас си реков со овоа љиљаковово прсна и излегоа мамутите од тркала.
Инаку резултатот е одличен.