Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 38737 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #60 на: 20 Март 2021, 11:57:55 am »
Заврши медениот месец.

Вчера бев на проверка на климата, во Електрон ББ во Велес. Имаше само 100 грама фреон, дополнето 270 грама. Капацитетот е 370 грама. Услугата - 500,00 денари.

Увидов проблем - при пуштање на климата, компресорот стартува и се гаси одма, на секои 3 секунди, а обртаите варираат од 200-300 (пред гасење на моторот) до 1500-2000, значи рипа стрелката. Ако стиснам на гаста, се смирува компресорот, односно работи, само треба повисоки вртежи. Ама пак, се осеќа во возење, на 3000 вртежи или 90-100 на саат, како да сецка колата.

Денес нарачани ПК каишите, ќе се менуваат од понеделник натаму. Сумњам на нив, да не се лабави, па при оптеретување да не се намалува капацитетот на алтернаторот, затоа и така да ми прави со климата. Ќе се вади и алтернаторот да се провери, да не пак му се за менување четкиците.

Денес нарачав резервен клуч, ама пошто сакам да биде потполно ист како оригиналниот, ќе треба да почекам 7-8 дена.

Синоќа, при отварање на предниот лев џам, заглави на средина и клапна некако нанапред. Откако ќе го притиснам, се враќа на место и при отварање пак исто. Отворен тапацирот, целиот механизам, значи сите шрафчиња што го држат беа лабави. Стегнати истите и подмачкан целиот механизам, лесен фикс. А и бесплатен.

И за крај, сега по ова гомливото време, некако заприметувам друга нијанса на сребрена кај десното крило и кај возачката врата, ама треба ептен да се задлабочиш и да бараш влакно во јајцето.

Moving on.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5476
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #61 на: 20 Март 2021, 15:46:50 pm »
Ова со климата да не глича нешто заради ладното,  почекај потопли температури па пробај пак.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #62 на: 20 Март 2021, 20:04:16 pm »
Што знам... Па и не е толку ладно.

А може и да си во право. Ќе видиме.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #63 на: 23 Март 2021, 19:04:25 pm »
Едно гајле помалце - направен втор клуч, комплет со даљинско.





6000-ки.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #64 на: 24 Март 2021, 13:34:53 pm »
24.03.2021 година, 118.821 километри.



Заменето:
- ПК каиш, Bosch 4 PK 760;
- ПК каиш, Bosch 5 PK 900, и
- Лагер-затегач Ashika RP-810.

Вкупно, со работна рака 3.600, 00, комплет. Каишите беа речиси готови. Истанчени, никакви... На споевите конците беа излезени. Лагерот зуеше.

Решен и проблемот со климата. Причина - преголем притисок во системот, од воздух, што значи дека при вакумирањето на системот имало пропуст.

500,00 денари и тоа.

Сега сме тип-топ, механички. Почнуваме со козметика, само времево гомливо да се управи.

Отсутен str

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #65 на: 05 Април 2021, 18:48:24 pm »
@Diesel, пошто го испофали човекот од кај што ја зеде колата дека е педантерија може ли и да ставиш линк до некој од неговите огласи/плацеви?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #66 на: 05 Април 2021, 19:00:05 pm »
Нема огласи и плацеви. Носи по една кола.

Ако сакаш бројче можам да ти дадам, мислам дека има сега една 308-ца...

Отсутен str

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #67 на: 05 Април 2021, 19:08:19 pm »
ај пиши ми те молам, фала унапред

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #68 на: 05 Април 2021, 20:11:41 pm »
Нема мака, тука сме, да помагаме...

Имаш пп.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #69 на: 13 Април 2021, 10:04:49 am »
Имавме мал fender bender, или подобро кажано fender cracker, на 31.03.2021 година. Мал, иако есапот и тоа како изгледаше колата не кажуваа така. Ретко возило и релативно скапи делови, а изгледот го препишувам на (не)квалитетот на материјалите, односно колку тенко и лесно е се. Да беше поголема кола или повисока класа, ќе беше само гребаница, ама ете, тоа е што е.

Не ми се прави муабет на таа тема, сакам што побрзо да го заборавам инцидентот, пошто беше многу глуп. Јас сум ОК, колата е направена, no major harm done.

Вчера, пред да заврне денес, доби комплетно глинирање (каросерија и стакла), обезмастување со алкохол, еден слој TW Seal n' Shine и еден слој Sonax BSD, на каросеријата и еден слој TW на стаклата.

Пошто глуп и брзав, заборавив да сликнам.

Успат, набавив и држач за шипката од хаубата и куќиште за светлото на табличките.

Остана само уште летен сет гуми, сет челични бандажи и рачката од мењачот, топката, и тоа е тоа.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #70 на: 13 Април 2021, 14:59:00 pm »
Битно е дека си добар. Метал ко метал, се поправа. Нека остане на тоа!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #71 на: 14 Април 2021, 12:40:43 pm »
Се враќаме на редовната програма...

Денес, имав engine bay detailing. Немав многу работа, само прашина беше, средено со APC и Carpro Perl.







Конечно, шипката си стои на место...



Средено светлото на задната табличка...



Клучевите ги комплетирав...



119.020 километри, заменет антифризот, ставен син, G11, Cyclon, грчки. 3 литри, 600,00 денари.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #72 на: 14 Април 2021, 13:41:21 pm »
Мислам дека ти немам посакано безгрижни километри, па еве се признава и задоцнето.

Фотографиите не можам да ги гледам од моменталниов лаптоп, а баш ме интересираше како изгледа пред и после чистење. Ќе проверам од телефон подоцна.

Во секој случај, не се сомневам дека ќе си ја одржуваш како уште еден член во фамилијата. Со среќа!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #73 на: 14 Април 2021, 13:48:30 pm »
Се признава, како не, тамам работа. Фала ти, се најдобро да се враќа.

Не сликнав пред, пошто реално и промената нема да беше драматична, само површински прашина имаше. Немаше уље течено, замастено и сл.

Во секој случај, имаш на првата страна две слики од под хауба, па спореди.

Јас сум тип што сака се да е под конец. Односно, се трудам се да е под конец. Ретко ми успева. :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #74 на: 14 Април 2021, 14:04:58 pm »
Како да не, не ти успевало, кажи на некој друг :)