Закоревено... Што знам, не беше до толку, иако речиси два месеци не беше перена колата. Но, битен момент е што имам еден слој Seal n' Shine на бандажите, и Fraber брз восок со плакнење врз него. Тоа помага бааги при редовно перење и одржување.
Тачлес... Па да, до некаде. Ама, не комплет, нажалост. На сите тркала трошам по 30-40 минути за да изгледаат вака.
Ај, целиот процес:
1. Почнувам со тркалата при секое перење. Имено, добро плакнење под притисок - подкрила, гуми, лице на фелни и внатре во фелните. Значи, КВАЛИТЕТНО ПЛАКНЕЊЕ.
2. Прскам APC 1:4 или 1:10, во зависност од гнасотијата. Во случајов, 1:4, во подкрилата, тоа е.
3. Iron remover на фелните - и на лицето и внатре во барабанот. Солидна количина, по две пумпања во секој простор. Чекам 2-5 минути да "прокрвари", зависи од времето и дали е возена колата - да не е прежешко надвор или површината да е прежешка од возење, да не ми се исуши. Плакнам, исто квалитетно, под притисок.
4. Прскам активна пена секаде - подкрила, гуми, фелни и надвор (крило, прагови и сл.) Чекам 2-3 минути да падне пената.
5. Пошто пената има bite, ја оставам на гумите подолго време, односно додека работам на фелните. Фелните ги почнувам од внатре, со четка за фелни...
Четкам во сите правци меѓу краците.
Земам обична мека detailing четка, со дијаметар 35 mm. Детално ја минам цела површина на лицето, сите кривини, процепи и сл. Четкам со кружни движења околу шрафовите и амблемот. Го минам оквирот на бандажот со четката.
Се префрлам на подкрилата, со четка со долга рачка, ваква...
Некаде каде што не можам да стигнам, имам уште 12 различни четки со различна намена, ама воглавно оваа завршува работа.
За последно, ги четкам гумите, со ваква четка...
Прскам APC на неа пред да почнам, како и на гумата, just for good measure. Трлам док ми руке не одпадну, па плакнам. Повторувам процес САМО НА ГУМИТЕ додека APC-то не почне да ми пени бела пена. Тоа има бенефит отпосле за дресингот, односно истиот подобро "се прија" на чиста површина и подолго трае.
6. Детално плакнам под притисок, се комплет.
7. Ако е прежешко надвор, сушам со дување само во делот на шрафовите и амблемот, да не потекува вода. Ако не е, ја сушам и гумата, да видам дали е секаде еднакво исчистена.
8. Перам комплет кола (втор чекор ми е околу вратите и капачето од резервоарот со APC, четка и плакнење), безконтактно еднаш, со четкање околу џамови, ретровизори, амблеми, решетки, лајсни и сл., плакнење, па контактно со две кофи и мф ракавици (3 - една за горен дел, една за долен и една за фелни. Да, пак ги минам фелните со шампон и фаќам со ракавицата на секој крак од внатрешна страна). Прскам некој брз восок како помош при сушење, и бришам со една "бањарка" од надвор, со друга околу вратите и капачето од резервоарот и со трета фелните. Дресинг на гуми и подкрила, бришам џамови, и ај чао. Супер потрошени 3-4 часа.
Околу фелните, овие слики мислам дека најдобро доловуваат дека процесов иако е захтевен, е pretty rewarding.