20.05.2021 година, 120.643 километри.
Зуки доби нов летен сет гуми, Riken Road Performance 185/60-R15...
Испрана колата, па монтирани...
Сетот кошташе 8.400,00, или 2.100,00 по парче, ама пошто и каргото си го платив 400,00 денари, испаднаа 2.200,00 парче, или 8.800,00. Единствена гума која што можев да ја најдам поевтино од оваа цена беше некоја Doublestar (!), кинеска, 1.950,00 по парче. Гуми на лагер се наоѓа многу тешко, во овој ценовен ранг.
200,00 денари демонтажа-монтажа, 4 нови вентили 0 денари (дојдоа гратис со гумите) и 400,00 денари балансирање. Вкупно, со се гумите, 9.400,00 комплет сВе.
Ги повозав на отворено 10-тина километри и низ калдрма малку. Прв впечаток ми е дека не се работи за лоша гума, која со оглед на потребата за која е купена и начинот на возење (градска вожња претежно), е сасвим доволно. Мека ми стои и тивка, ама споредено со зимските. Додуше, и за споредба со летни не е лоша, ама ќе ја повозиме малку повеќе за да видиме точно што-како.
Драстична разлика увидов во растојанието на кочење. Пошто немав возено зимски гуми на повисоки температури, ми беше чудно што на секое понагло кочење се активираше АБС-от, односно пролизгуваа гумите, иако не се изненадив - летно време се возат летни гуми, зимно-зимски, точка. Јасно ми беше тоа.
Колку пари, толку музика. Али, едно гајле помалку. Нова гума е нова гума.
Планирам да набавам уште еден сет челични бандажи за зимските, кои се солидни, 2019-та се, со 5-6 мм шара. Бар уште две сезони мислам дека имаат во нив.
И нешто ми тропка напред лево, како стабилизатор. Ама, не е сериозно, може да почека.