Автор Тема: Совет за половно / ново возило 20к-30к  (Прочитано 44033 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #375 на: 03 Февруари 2024, 09:13:39 am »
Ќе пооди 15-20000км и ќе почне се нешто да се расипува, можеби нема да се тоа некои прескапи дефекти но ќе ти влечат пари од џеб постојано. Животниот век на секоја кола е околу 120-150000км, овој возен низ северџански патишта е амортизиран како германска кола на 200000. Поопремен е од киата, поубав, поквалитетен, и се по, но сепак ја би ново наместо 6г старо.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #376 на: 03 Февруари 2024, 09:18:41 am »
Јас не сум толку голем љубител на VW за да изберам 6 години стара кола со "120.000 километри" пред нешто ново од салон за исти пари.
Не си ти доволно голем љубител на VW за да гледаш половон Тигуан со "120.000" км од AUTO ALEX наместо нова КИА од салон.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8962
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #377 на: 03 Февруари 2024, 10:54:20 am »
Ќе пооди 15-20000км и ќе почне се нешто да се расипува, можеби нема да се тоа некои прескапи дефекти но ќе ти влечат пари од џеб постојано. Животниот век на секоја кола е околу 120-150000км, овој возен низ северџански патишта е амортизиран како германска кола на 200000. Поопремен е од киата, поубав, поквалитетен, и се по, но сепак ја би ново наместо 6г старо.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Pokvaliteten neznam dali e. Nishto polosha ne e Kia od VW na tema kvalitet

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #378 на: 03 Февруари 2024, 12:32:27 pm »
Не знам дали пред да купиш возило со "120.000 км" имаш у план дека треба можеби да се сменат не така ефтини делови, замаец, ламела, потисна, голем сервис, сервис на менувач, можен проблем со дизни, ДПФ, ЕГР, ако воопшо се во функција.....

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #379 на: 19 Март 2024, 10:48:38 am »
Здраво стручњаци, да не отвараме нова тема, бидејќи се наоѓам во истиот буџет, со тоа што сум решен да земам СУВ па би ве замолил за помош бидејќи сум лаик за оваа тема. Разгледувајќи ги понудите за половни возила изборот ми е сведен на Peugeot 3008 i Audi Q5, со тоа што Пежото се наоѓа за поприлично по ниска цена околу 20-22 илјади евра, додека Аудито за 27-29 илјади евра. Прашањето е дали вреди оваа разлика за да се купи Ауди ? Другата дилемс ми е дали да се одбере Кинески СУВ за оваа цена влегуваат возилата на Дон Фенг кои се прилично набилдани со опрема и извгледаат доста примамливо во внатрешниот ентериер, единствено што не ми се дсвиѓа дека одат со мотор на бензин и потрошувачка од околи 10-11 литри, додека овие поволниве ги гледав дизелаши. Како би играле вие ?

Па еве после 3 месеци потрага конечно падна одлука. Потрагата почна од АутоВелт, и од големиот избор на возила доколку немаш нешто дефинирано што сакаш да земеш, изборот е многу потежок. Многу е полесно да одбереш возило кога имаш помала понуда одколку голем избор како овде. Други плацови не разгледував, овде се задржав на Пежо 3008, Ауди Кју 5, Волво ХЦ 40  и Тигуан. По преспиената ноќ, веќе не знаев што сакам  ??? Оставив да легнат некој период импресиите, па закажав тест возење за нови возила, во буџет до 30 000е. Почнав со Т5 Ево и веќе го имав фаворитот, едноставно веќе не сакав да пробувам други возила. Новиот модел од 2024 година доаѓа со зголемено ниво на опрема па покрај веќе достапната има уште и предни паркинг сензори, предупредување на ретровизори за мртва точка, 360 панорамско паркирање и индикатор за надворешна темепратура  :D Цената за новите возила Т5 Ево кои ќе пристигнуваат ќе биде зголемена за околу 800евра, но од АБЦ Бротхер беа доста коректни и понудија некој попуст од 500е. Возилото се очекува да пристигне во Мај па ќе ги видиме и првите импресии.   

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #380 на: 19 Март 2024, 11:15:00 am »
Ајде наздравје, се надевам дека ќе биде тоа што очекуваш па и повеќе, па да го претставиш тука во соодветна тема
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #381 на: 19 Март 2024, 13:23:02 pm »
Јас ги гледам во Ист Гејт и стварно маме му, јако изгледаат.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #382 на: 19 Март 2024, 14:14:37 pm »
Дали кинескиве возила мирисаат внатре на ефтина кинеска пластика ака Веро Џамбо мирис :D

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #383 на: 19 Март 2024, 14:21:38 pm »
Ги гледав и јас и делуваат доста солидно изработени, премиум материјали внатре, интересен дизајн и фулл опрема за добра цена. Не се ефтини, ама за ценита се добива многу повеќе од другиве. Ова го правеа Хјундаи и Киа пред 10тина години кога нудеа се комплет за опрема за минимална доплата, сега они качија цени и на ред се кинезиве.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #384 на: 19 Март 2024, 14:44:17 pm »
Јас ги гледам во Ист Гејт и стварно маме му, јако изгледаат.
Не знаев дека тоа се тие модели што нарачал членот, стварно добро изгледаат, морав да се доближам да видам што модел е, не ми се веруваше дека се кинески
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #385 на: 19 Март 2024, 15:55:15 pm »
Бевме дојдени со Киа Спортаж, кога завршивме со тест возењето, влеговме во Спортажот за да си одиме. Пријателот кој се возеше со мене и седеше од позади искоментира: Еј како да влегуваме во играчка, но добро станува збор за некој ентри модел на Киава.  Во однос на комфорот рече дека имал место дури и да си ги прекрсти нозете. За повеќе инфо кога ќе стигне возилото.