Периодов бараме нова кола и план е да се земе половно возило 2017+ или ново.
Јас сум повеќе за седан и половно а другата половина да е во тренд со СУВ.

Буџет за половно 20к, ако ептен вреди до 25к. Буџет за ново 25к до 30к.
Битни податоци за ново возило: автоматик, двозонска, активен лане ассист, адаптивен темпомат, паркинг сензори со камера.
До сега пробав неколку А4 од 2017 со 2.0 150/190 и сум ептен запален за таа кола. Солидна најдов во Куманово за 23к. Реална цена е за оваа кола или може да се донесе/најде за подобра ?
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3829493&fbclid=IwAR17crY4EsRfj6JHahY4qo7lYr93z0uMeRvXWODyjeSP3_Jor_roA1kr1QMНеколку Тигуани пробав ама некако сите многу извозени, и иако се понови на години од мојата Елантра, изгледаат многу постаро и поистрошено. Еден фаворит што ми направи кеф, изгледа супер и доста зачуван, кај нас купен и се, ама 26к евра со 150к пројдено по наши патишта, незнам колку е паметно.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=3825751Нова Октавиа што ја имаа за тест беше со основно ниво и основен мотор со мануелен менувач и не ми направи многу кеф.
Нова Атека со најфул опрема и додатни 200 глупости има убава цена за околу 30к со 150 коњи бензин ептен убаво иде на пат, ама амортизерите како да не постојат.
Нов GrandLand X ми прави ептен кеф, тој за тест беше со мануелен и 130 коњи и послаб со опрема, ама супер вожња. Чекам понуда со овие горе работи.
Карок требаше да тестирам и ми закажаа тест возење и кога отидов ми вика го продадовме, неможе да се тестира.

Деновиве ке тестирам Rav4, иако е надвор од буџет ке видам ако пуштат некоја акција или некоја понуда и Пежо 3008. Хјундаи треба да излезе нов модел и веројатно на почеток ке е изгор скап и кој знае кога ке го донесат. Киа веќе е стар модел и сите го возат.
Некој што прошол низ истиве дилеми да сподели совет/мислење ?