Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Јас не сум толку голем љубител на VW за да изберам 6 години стара кола со "120.000 километри" пред нешто ново од салон за исти пари.
Ќе пооди 15-20000км и ќе почне се нешто да се расипува, можеби нема да се тоа некои прескапи дефекти но ќе ти влечат пари од џеб постојано. Животниот век на секоја кола е околу 120-150000км, овој возен низ северџански патишта е амортизиран како германска кола на 200000. Поопремен е од киата, поубав, поквалитетен, и се по, но сепак ја би ново наместо 6г старо.Sent from my iPhone using Tapatalk
Здраво стручњаци, да не отвараме нова тема, бидејќи се наоѓам во истиот буџет, со тоа што сум решен да земам СУВ па би ве замолил за помош бидејќи сум лаик за оваа тема. Разгледувајќи ги понудите за половни возила изборот ми е сведен на Peugeot 3008 i Audi Q5, со тоа што Пежото се наоѓа за поприлично по ниска цена околу 20-22 илјади евра, додека Аудито за 27-29 илјади евра. Прашањето е дали вреди оваа разлика за да се купи Ауди ? Другата дилемс ми е дали да се одбере Кинески СУВ за оваа цена влегуваат возилата на Дон Фенг кои се прилично набилдани со опрема и извгледаат доста примамливо во внатрешниот ентериер, единствено што не ми се дсвиѓа дека одат со мотор на бензин и потрошувачка од околи 10-11 литри, додека овие поволниве ги гледав дизелаши. Како би играле вие ?
Јас ги гледам во Ист Гејт и стварно маме му, јако изгледаат.
Па еве после 3 месеци потрага конечно падна одлука. Потрагата почна од АутоВелт, и од големиот избор на возила доколку немаш нешто дефинирано што сакаш да земеш, изборот е многу потежок. Многу е полесно да одбереш возило кога имаш помала понуда одколку голем избор како овде. Други плацови не разгледував, овде се задржав на Пежо 3008, Ауди Кју 5, Волво ХЦ 40 и Тигуан. По преспиената ноќ, веќе не знаев што сакам Оставив да легнат некој период импресиите, па закажав тест возење за нови возила, во буџет до 30 000е. Почнав со Т5 Ево и веќе го имав фаворитот, едноставно веќе не сакав да пробувам други возила. Новиот модел од 2024 година доаѓа со зголемено ниво на опрема па покрај веќе достапната има уште и предни паркинг сензори, предупредување на ретровизори за мртва точка, 360 панорамско паркирање и индикатор за надворешна темепратура Цената за новите возила Т5 Ево кои ќе пристигнуваат ќе биде зголемена за околу 800евра, но од АБЦ Бротхер беа доста коректни и понудија некој попуст од 500е. Возилото се очекува да пристигне во Мај па ќе ги видиме и првите импресии.