Стара тема, иста мака. 2 коли земав од како ја отворив, ајде идеме на 3 среќа.
BMW остана малце подолго у мои раце него што планиравав, ама ми легна убаво и си врши работа.
Периодов активно гледав нови, демек сите имаат `чистење на залихи` понуди па да споделам ако е некој у иста ситуација.
Форд Куга имаат многу добра понуда за 28к и колата има многу опрема. Мотор 1.5 ауто работи баш добро и тивко во нормано возење и сум многу изненаден како се вози колата. Делува големо и има многу простор внатре. Мана е што внатре се е ефтина пластика, нема еден дел да кажеш дека е нешто квалитетно. Ја возев во ST Line и имаше кожни елементи, али во Titanium баш делува ефтино.
Hyudan Tuscon FL имаат некој екстра попуст, ама мислам се врти цела година тој попустот за моторот со 160 коња. Имаат нов ценовник и пак го вратиле 180. Тест имаше хибрид и колата добро вози и делува премиум, убаво скоцкана и многу опрема. Хибридот незнам како работи, може и беше празен ама немаше некој WOW ефект а заедно би требало да има 215 коња, ама не се нешто покажаа.
Geely CitiRay - Колава е лудница, внатре се делува премиум и кожа на сите страни. Моментално има понуда за 31к со се комплет од опрема + сончев кров. Многу добра кола, позитивно изненаден како вози мотор + мењач. Се направиле преку таблет да работи и тука си треба навикнување. Едина замерка е многу е бична на 120 - 130, многу лоша изолација.
Од овие 3 за возење би земал Куга и серозно и се мислам. Добра цена за колата (28к +700е доплата за Winter пакетот) и 5 години гаранција.
Geely е многу добро опремена, многу добро вози и делува многу премиум, ама даваат само 4г гаранција и 100к км и слаби се со делови. Правев муабет со дечкото што продава и во тек се со проширување, имаат складишта во Црна Гора и Словенија, ама некако бар мене не ми делува сигурно.
Тусонот е некоја средина, со тоа што да се добие истата опрема како кај Geely треба да се доплати 10к разлика. Во споредба со Куга е малце поскап, по мене полошо вози ама внатре е по премиум. Би го земал само неколку години половен со добра опрема, држат добра цена + 7 години гаранција.