Браво за анализава, баш се мислев дали сум халуцинирал за тоа во кој круг беше расчистена патеката, пошто никој не го искоментира тој момент.
Значи, колку се изнервирав кога ја видов пораката за недозволено поминување на сејфтикарот од страна на заостанатите болиди.
Каков рестарт ќе биде тоа со заостанати болиди измеѓу водечките, освен ако не се крчка завршување на трката позади сејфти, а патеката расчистена да почиста не може да биде.
Тоа беше местење работата за Хамилтон.
Ама се свестија во последен момент, па ја оправија, но доцна беше па мораа повторно со гаф.
И после некој ќе ми раскажува за кранови, се местело за Ферстапен, па бил ненормален, па агресивен, па тапа возач, па требало пред 10 трки да направи 100 бодови разлика, и слично.