Проблемот кај Хамилтон е што титулите што ги зема во турбо ерава со доминантноста на мерцедес е фактот дека го има најбрзиот болид на правците и досега никој не пробувал да му се спротиставувал кога имало дуели со други возачи.
Едноставно гледаат во ретровизор мерцедес, аа побрз е овој секако нека иде напред. И излези си напред, сам без никој, чиста стаза.
Е за вакво возење Хамилтон е малтене безгрешен, за ова свака му част, со чиста стаза без никаков дуел вози и со 50+ кругови стари гуми без грешка.
Ама кога ќе дојдат дуели, особено со возачи што му покажуваат муда (Верстапен и Перез), се гледа дека очекувањата му се ја сум побрз болид, ќе идам даље, овие ке си кочат ко попчиња, па на правец ќе ги оддувам.
Е тоа го нема, се виде на оваа трка, човекот не затвора туку си ја цепа према надвор и го остава внатрешниот дел слободен.
Да не правам слики од видеото од трката ме мрзи, ама пример дуелот со Перез таму кај 20ти круг. Он имаше шанса на истата кривина како и Верстапен во последен круг кај што го помина, да го помине Перез. Ама одлучи да почека на правецот и со ДРС да го помине.
И го помина. Меѓутоа на крајот од правецот го гледа дека Перез му е во врат, он одлучува надвор да си цепа и нормално тој простор Перез го користи, закочува подоцна и оп, ПРЦ од Перез.
Тука е таа шикана па втор правец, ајде ок донекаде Хамилтон боље излез од кривина боље убрзање иде напред. Ама Перез му е во врат, има ДРС и што прави Хамилтон ? Наместо да го држи внатрешниот простор, он на пола правец бега према надвор, го остава внатрешниот простор слободен и повторно си го добива од Перез. (А рецимо Верстапен на последен круг на тој втор дугачок правец си ја држи цело време внатрешната страна)
На крајот со Верстапен исто, наместо да ја затвореше убаво кривината, да си возеше према внатрешна страна за да не дозволеше ситуација да му улетува Вертапен од внатрешна страна, он одлучи претерано надвор да иде и внатрешната страна отворена за уште 2-3 болиди што се вика.
А да отидеше у средина, и Верстапен секако немаше избор освен да се заковаше директ позади него и на правецот Хамилтон само требаше да пушти максимум моуд на мотор и батерија и да го држи внатрешниот дел на правецот.
Е тоа е проблемот со Хамилтон сезонава. Неговиот манјдсет е дека сите што се позади него културно ко попчиња ала Ботас ќе си закочуваат порано кога он престигнува и на правци ќе ги оддува овие од позади макар и со ДРС биле.
Затоа таквите што возат како Ботасот (вклучувајки го и него) не се шампиони, а Макс е.
Следна година попаметно да си брани позиција Хамилтон и нека се бори за позицијата. Верстапен и Перез му покажаа како треба да се бориш, а не да си возиш лаганица во надворешна страна на секоја кривина а ти дише некој во врат со болид позади тебе.