Да освежам малце темава, одамна неам пишано а се имаат десено некои работи у меѓувреме...
Планирав летово да си одам мк со кола, па ко што возам, реков ќе си набавам делови и ќе праам побрз сервис у Македонија на отприлика 15 илјади километри. Генерално доста километри извозив, мислам околу 13 илјади цело лето, комплет со патот од тука до мк и назад (1700 и нешто километри), али доста се возеше и низ Балкан, Грчка, Косово, Србија..Ова у период од 2 и пол месеци иначе

не сум толкав манијак..
На пат за МК ставив уште еден адитив за дпф филтерот, после негде пред сервисот ставив уште еден адитив за чистење на дизел системот.
На мое разочарување, повторно го однесов на контрола на подвозје кај механичарот у Тетово, го дигаме на дизалица и што ќе видиме: Чаурите што ги заменив лани повторно испукани и зарѓани, плус еден стабилизатор беше отиден. Напраив некој обид да набавам поквалитетни овој пат, па нарачав од Аутоцентар некои си јапонски, исто и два стабилизатори, не памтам што модел беа, па да видиме колку ќе тераат.
Пред да си одам напраив и сервис и се вратив назад без проблем. Променив и задни плочни на кочници пошто скоро беа истрошени..Мислам ТРВ монтиравме.
Со другарче у Тетово исполиравме фаровите, некако горниот дел беше загорен, па ги поминавме со лесна рака

се надевам ќе идржат некои период, ако не, ќе морам да набавам кит за репарација у кој што има и заштита после полирање..
У мк си доби тазе ѓумки и грепки, али јбг, живот...
Моментално ми рикна левото моторче на возачкиот ретровизор, не се склопува повеќе..Разгледувам опции како се менува, дали поединечно или целосно цел ретровизот..Планирам да ги посетам Мазда и да видам што има да кажат за проблемот.
За крај, пост без слики не е пост, така да хронолошки:
Набавено оригинално Мазда уље и бош филтри за уље, клима филтер и филтер за воздух:

Тука пицната за пат:



На транспортен воз до Италија:


Квалитетна чаура:

Возачката страна исполирана, сувозачка не:


Ова пред:

Потоа:




Ова нешто као перен после центрирање:

На грчки траект:

Добив поклон:



Нешто рандом од аеродром у Италија:


Слики низ различни држави за назад:




И денеска досадно ми беше, па отворив под хауба да зачистам малце:

После брза чистка, увек може боље:

До следно пишување момци и девојки
