Си купив нешто поново…
Барав нешто поголемо, пошто скоро ми се роди ќерка
па викам ќе ни треба малце више простор. Купив количка за бебе и ко ја стаив у голфот сватив дека ако патувам (а годишно патувам на подолги тури) нема да ми стигне просторот.
Имав неколку фаворити, као пасат од 2015, пасат цц, мазда 6ка, шкода октавија (од која бев пријатно изненаден од просторот), тигуан, ауди а4, а5ка и на крај сосем случајно тестирав една ЦХ-5ка и пријатно се изненадив.
Барав да биде што понова и да има поише опрема. Освен октавијата за цена, останатите или беа прилично голи со опрема или ценовно беа доста поскапи.
На крај, после неколку пробни тестои се одлучив да го зеам ова.
Првин слики па детали малце подоле..
Ентериер:
Ова после прво перење у мои раце:
Мазда CX-5 Револушн 2016 година - Титаниум боја
Мотор 2.2д AWD 175HP - 420nm
Аутоматски 6 степен мењач
Од опрема, има доста тракатанци, па сигурно нешто ќе промашам:
- Кожни седишта со греачи
- Затемнети задни стакла
- Адаптивни лед предни светла и задни лед светла
- Лед светла за магла
- Автоматски брисачи
- Електронска ручна
- Електронско подесување на седишта со меморија
- Bose сараунд систем
- Keyless entry, start/stop дугме
- 19ки бандажи со летни гуми (добив иста димензија и нови зимски гуми)
- Дигитална двозонска клима
- Мултимедија систем од Мазда со можност за апдејт на Ејпл и Андроид Карплеј
- Камера за рикверц, предни и задни сензори
- Индикатори за мртов агол
- Има некои безбедносни системи од Мазда као Smart city brake, TPMS, Lane assist и останати тракатанци..
- Старт/стоп систем на кој не сум нешто голем фан.
- Најбитно, супер простор на задни седишта и доволен простор у гепек.
Купен од официјален Мазда сервис со 100 илјади километри.
Сервисиран цело време у Мазда, со гаранција од две години (од кој една е фабричка гаранција, останата е приватна од официјалниот сервис). Технички под гаранција е до Април 2022.
Си купив уште еден сет револушн бандажи на кои ги монтирав зимските гуми (малце скапички се гумите али јбг, поубава ми е на 19ки)
Импресии после 5к поминати километри:Доста задоволен од удобноста, за разлика од голфот влегување и искачање е доста полесно. Внатрешноста ја имаат запазено и има чуство на премиум возило. Нешто слично чуство имав ко влегов у Q5.
Радиото е супер, се поврзува со блутут без проблем и цело време телефонот се менаѓира преку команди на волан. Одлично е за телефонски повици. Имам у план да го апдејтирам да има подршка за Ејпл Карплеј.
Моторот е топ, доста тивок и 420нм си бркаат работа ко ќе се стисне.
Автоматикот е царска работа, доста добро работи и до сега неам замерки.
Очекував да троши помалце, со мој стил на вожња не успеав да ја спуштам испод 7.8 литра. Според борд варира меѓу 7.8 и 8.0, али според моја математика тера околу 8.5 литра, комбинирано.
Нејсе, моментално задоволен, у блиска иднина иам план да ги сменам гумените патосници со платнени и да инсталирам Ејпл карплеј.
За крај, си нарачав навлака за клучот
До следно..