Мал апдејт,
Си купив завеси за задните прозори, иако имам затемнети фабрички стакла, тодлер ко ќе почне да плаче, мора да се снаоѓаш..Гледам многу луѓе тука ставаат некои надворешни завеси или оние стандардните што се лепат..Ја реков или ќе најдам наменски или не ставам ништо..
За среќа, најдов на ебај од Германија и ги наручав..Комплет со царина ме коштаа околу 90тина евра, али одлични се. Се монтираат мали метални додатоци испод гумиците околу стаклата и завесите се прикачуваат на нив.. Прозорот може да се отвори и затвори без проблем..
слика од нет:

Еве линк ако некој го интересира, мислам имаат и за други модели наменски:
https://www.carshades.de/Sonnenschutz-fuer-Mazda-CX-5-5-Tuerer-BJ-2012-2017-Blenden-hintere-TuerenИсто си купив и оем патосници од ебај:

Напраив едно патување до Париз од кај мене, околу 600 километри по правец, возење на темпомат од 120 и на моменти со испади до кај 130/140, па сакав да споделам потрошња:
Ова точно на пунење пред пут, изгланцана надвор и унутра:

И ова покажа у предградие на Париз:

Средна брзина:

Преостанато според борд, што мислам не е прецизно:

Е сега, на овој пут приметив дека регенерацијава на ДПФ от почна да се дешава доста почесто, значи на дистанца од 80 до 120 изминати километри, што не е нормално.
Се расчитав на форуми и у најлош случај наведуваат дека дизните се проблем, но кај мене пред некое време ги менуваа гумиците па претпоставував дека ако не се арни, ќе ме известеа (читај претпоставуам али не им веруам на сервисериве), па у подобри случаи викаат дека филтерот после измината километража намалуа капацитет. Па на германски форум читам дека швабиве користат некој си нивен адитив за чистење на дпф..Се става пред пунење, се пуни цел резервар и се вози до крај..Според искуства, ова е превентивно но не и помош ако е затнат комплет..Ако е затнат, мора вадење и машинско чистење или нов..
Викам ајде да пробам, наручав две шишиња од Швабска (пошто иста достава дали за едно или за две) и го пуштив у резервоар..Прва вожња ми беше тотал од 220 километри и првата регенерација се уклучи на 194км (вожња на автопут на брзини од 120 па нагоре)..После тоа втората се деси на 185 км (вожња од 100 километри на отворено и останатото градска) и третата се деси на 250 километри (200км отворено, 50 градска. Фабрички треба да се дешава од 200 па нагоре, зависно од вожња).
Не знам шо да кажем, али испадна дека адитивов од 10 евра го врати у нормала филтеров сега за сега. Читав дека се препорачуа ова да се пушта на секои 3 месеци, па ќе видим сега како ќе се понаша..
Иначе бројкиве ги читав со ОБД читач, да не помисли некој дека буљам у километража дур се возим

Ако некој е заинтересиран, ова е адитивот:

После путуањево ја изгланцав пак и ја сликав под Алпите на чист воздух




Последно, си купив од Лидл вакви за гуми и искрено доста корисна работа..се стегаат околу тркалата и имаат рачка за носење и бонус е што не прљаат по гепек ко ги транспортирам до вулканизер.

До следно пишување дечки…
Sent from my iPad using Tapatalk