Автор Тема: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look  (Прочитано 36181 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #60 на: 13 Ноември 2020, 21:47:12 pm »
Не работеа сијаличките на таблици, па нели, единствено логично нешто не е да се купат обични жолти сијалички за 30 денари (сепак купив и такви додека чекав), туку да се порачаат бели LED од интернет. :)

Порачани 4, со кинески LED не се знае.







Само, проблемот е што овие не се сијалички, овие се рефлектори ;D

Најефтините што ги најдов:
https://a.aliexpress.com/_mODU33J

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #61 на: 13 Ноември 2020, 22:23:58 pm »
Не работеа сијаличките на таблици, па нели, единствено логично нешто не е да се купат обични жолти сијалички за 30 денари (сепак купив и такви додека чекав), туку да се порачаат бели LED од интернет. :)

Порачани 4, со кинески LED не се знае.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Само, проблемот е што овие не се сијалички, овие се рефлектори ;D

Најефтините што ги најдов:
https://a.aliexpress.com/_mODU33J
Каков cut off имаат, браво, со лупа се изгледа :) Ова ти е како светло за рикверц :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #62 на: 13 Ноември 2020, 23:45:45 pm »
Одлични се.Не се жали дека многу светат.Има бенефит од тоа

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #63 на: 14 Ноември 2020, 17:35:46 pm »
Почна фарбањето на челичните бандажи.

Како што и очекував, доста точки со 'рѓа, па се издолжи работата и не успеав да ги исфарбам, ми снема сонце.

Стигнав само до прајмер.




Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #64 на: 14 Ноември 2020, 21:21:44 pm »
Како одеше спремањето? И дали ја симнуваше претходната боја?

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #65 на: 14 Ноември 2020, 21:48:55 pm »
Како одеше спремањето? И дали ја симнуваше претходната боја?

Sent from my MI 6 using Tapatalk



Изгледав неколку видеа за совети, и како и скоро секогаш, тие со најниска продукциска вредност даваат најмногу детали ;D

Од сите што ги видов, ова видео некако ми делуваше најокеј објаснето.

На кратко:

- Переш тркала детално, препорака најјакиот одмрснувач што можеш да го најдеш зошто тешко излага запечената прашина од пакните.
- По визуелна инспекција, челична четка на штрафилица, и точките 'рѓа ги брусиш колку можеш подетално, за да ги припремиш за следниот чекор
- Антироз во дарежливи количини. Премачкај, остави 10 минути, премачкај пак. Ако уште гледаш црвени точки 'рѓа, или челична четка пак, или шмиргла 180ка на местото, па премачкај пак. Мислам дека деактивирав околу 90% од корозијата, се надевам ќе држи барем пар години вака.
- Детално перење со одмрснувач, мора да излезе антироз-от зошто мислам дека не се фарба над него.
- Филц груб за малку да се симне површински слој на постоечката боја (не вадев боја скроз)
- Пребришување со алкохол пред прв слој
- Прајмер за гол метал (во случајов имав за алуминиум скоро цела аеросол конзерва, ама идеално е таков зелен прајмер како на видеото)
- Пребришување со алкохол, па прајмер од Body што го најдов тука во локална продавница за боја.

План за утре:

- Да го израмнам прајмерот со водена 1000ка, и фарбање со бела боја, исто во спреј.
- Идеално би сакал целиот процес да го заокружам со тоа што некој ќе ми ги шприцне со авто-лак ама немам познаници со компресори за фарбање тука...

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #66 на: 14 Ноември 2020, 21:56:30 pm »
Фала за објаснувањето на постапката.

Кај мене се кородирани на површината кај што е вентилот и немам како да му пристапам со челична четка на тоа место. Па се мислам дали само со антирост ќе се среди или да продочжам да ја возам со раткапни ;D

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #67 на: 14 Ноември 2020, 22:01:08 pm »
Пробај раскопај ја корозијата со шило, шрафцигер, нешто остро. За антирозот е важно да стигне до основата, во наш случај бандажот, и таму да ја деактивира корозијата.

На крај на краиштата, ако сакаш ептен да ги средиш и да ги средиш убаво, издиши ги гумите, исечи ги вентилите и откако ќе ги средиш однеси ги бандажите да ги стават други вентили, миииислам дека нема ни да треба да се балансираат :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #68 на: 14 Ноември 2020, 22:18:09 pm »
Имам 3 забелешки за тебе.

1. Го спредуваш пешково по ќејф. Алал да ти е.
2. Ако ти се "брза" после антирост, избриши ги со бензин.
3. Не ги оставај само со боја. Купи лак во спреј.

 :) ;D :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #69 на: 14 Ноември 2020, 22:23:23 pm »
Нека ти наполнат боја и лак во спреј да не ти биди за џабе маката, обична боја од спреј ќе се излупи за кратко или ќе се изгреби, лак исто обичен од спреј со нокт се греби,  за пола година од сонцето ќе пожолти и ќе ти се лепи целиот
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #70 на: 14 Ноември 2020, 22:29:27 pm »
Може да се наполни во спреј лак со активатор, баш автолак? Имам таква продавница тука, најмал проблем. Само дали може со активаторот внатре да се стави.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #71 на: 14 Ноември 2020, 22:35:13 pm »
Аирлија Мартин, со здравје и безбедно да го возиш и јас имав вакво само 1.1 мотор. И 250.000км не е прблем за Пежо, колата е магаре.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #72 на: 14 Ноември 2020, 22:38:43 pm »
Може да се наполни во спреј лак со активатор, баш автолак? Имам таква продавница тука, најмал проблем. Само дали може со активаторот внатре да се стави.
Можи и боја и лак, нема многу рок на чување, само најди си или зајми салам маска со филтри ако се одлучиш за тој начин, чист рак е хартерот оти.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #73 на: 14 Ноември 2020, 22:44:51 pm »
Немој со 1000ка да го "мазниш" филтерот, тоа е премногу мазно и поголеми се шансите да ти протече бојата кога ќе ја нанесуваш.
Помини ги или со 600ка или со филц/сунѓер за брусење, доволно ќе биде.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #74 на: 15 Ноември 2020, 15:34:22 pm »
Послушани сите совети, колку што можев.

Израмнив со 500ка водена пред фарбање, избришав два пати со алкохол, издував прашинки што имаше и фарбав :)

Лак не успеав да најдам каков што ми посочивте, па купив од DupliColor лак за коли во конзерва. Close enough ;D





Ќе им дадам ден два да се досушат, па ќе ги наштрафам :)

П.С. Веројатно последен пат ги гледаме вака чисти ;D