Како одеше спремањето? И дали ја симнуваше претходната боја?
Sent from my MI 6 using Tapatalk
Изгледав неколку видеа за совети, и како и скоро секогаш, тие со најниска продукциска вредност даваат најмногу детали
Од сите што ги видов,
ова видео некако ми делуваше најокеј објаснето.
На кратко:
- Переш тркала детално, препорака најјакиот одмрснувач што можеш да го најдеш зошто тешко излага запечената прашина од пакните.
- По визуелна инспекција, челична четка на штрафилица, и точките 'рѓа ги брусиш колку можеш подетално, за да ги припремиш за следниот чекор
- Антироз во дарежливи количини. Премачкај, остави 10 минути, премачкај пак. Ако уште гледаш црвени точки 'рѓа, или челична четка пак, или шмиргла 180ка на местото, па премачкај пак. Мислам дека деактивирав околу 90% од корозијата, се надевам ќе држи барем пар години вака.
- Детално перење со одмрснувач, мора да излезе антироз-от зошто мислам дека не се фарба над него.
- Филц груб за малку да се симне површински слој на постоечката боја (не вадев боја скроз)
- Пребришување со алкохол пред прв слој
- Прајмер за гол метал (во случајов имав за алуминиум скоро цела аеросол конзерва, ама идеално е таков зелен прајмер како на видеото)
- Пребришување со алкохол, па прајмер од Body што го најдов тука во локална продавница за боја.
План за утре:
- Да го израмнам прајмерот со водена 1000ка, и фарбање со бела боја, исто во спреј.
- Идеално би сакал целиот процес да го заокружам со тоа што некој ќе ми ги шприцне со авто-лак ама немам познаници со компресори за фарбање тука...