Пежото од фабрика има перманентно активен 12V утикач (запалка), а мене ми требаше да се пали само со контакт, зошто го купив
овој FM Transmitter и сакав да биде трајно уштекан, да не се замарам.
Како и со се во животот, прво тргам по комплицираниот пат
Прво ќе го вадев утикачот, па перманентно ќе го вградував трансмирерот во централната конзола со влечење други жици, па ми текна да ја носам колата на електричар да ми вградува прекинувачи...
А лекот бил 3 минути, само требало да седне некој и да изгугла
Осигурач бр. 23 (за 12V утикачот) се преместува во линија со останатите осигурачи и преминува од перманентно напојуван во напојуван само при даден контакт.
Можда ќе помогне на некој со Пежо 206 кој се соочува со сличен проблем. Да напоменам, ова важи само за 206ки произведени до септември 2001 година. За тие после, се е контролирано преку компјутер.