Автор Тема: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look  (Прочитано 36168 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #45 на: 05 Ноември 2020, 14:03:52 pm »
;D ;D ;D ;D ;D

Врв! Никад чуо, прв пат од вас гледам ама јака финта ;D

Со здравје да си го возиш. И јас го имам истово само моето е со 5 врати, а истиот мотор. Веќе 6-та година го возам и има 247000 километри така да не чуди се за километражата, не умираат така лесно 206-киве :). Во овие 6 години освен редовно одржување единствен поголем дефект беше нерамномерното работење на моторот особено во лер. После погрешните дијагнози од механичарите и сменета бомбина и ламбда сонда проблемот го решив благодарение на Prcot  со 700 денари и нов степер мотор, голема благодарност до него за брзината и услужливоста. Само провери си го трапот и терај, друг проблем не верувам дека ќе имаш.

Го имам истиот мотор во Xsara, што ја возевме со татко ми минатове 4 години. Слаб е, спор е, ама без проблеми за сега, така да фала ти на уште едно уверување дека се океј моторите :)

Тоа, да бидам искрен, ми е најбитно во моментов. Имам фиксни трошоци и сакам колата да можам да ја одржувам соодветно, така да ако има помалку кварови, ќе можам сите да ги адресирам и да не ја запуштам. :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #46 на: 05 Ноември 2020, 14:24:18 pm »
Мартин,ѕирни овде за идеи за поткревањето,сигурно 206ката не е нешто поразлична многу, а и да е то е основата за поткревање за поефтино.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #47 на: 06 Ноември 2020, 21:16:59 pm »
Честито пежото и долго да те служи!


За поткревање назад не мора да се средува трапот за тоа...се избиваат торзиите и се вметнуваат еден, два, три...заби “погоре“.

За ова не треба трапот да го вадиш туку се прави на самата кола. Нормално двете задни гуми треба да бидат извадени и колата да виси назад.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #48 на: 06 Ноември 2020, 22:40:28 pm »
Ќе истражам и за таа опција, да ме ме кошта колку средување на трап :)

Иначе, отвориле во градов самоуслужна перална, па да ја пробам.



Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #49 на: 06 Ноември 2020, 23:10:52 pm »

Глеам ми фали нешто..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #50 на: 08 Ноември 2020, 23:39:54 pm »
Вчера беше ден за монтирање на калниците. Не ја сликав монтажата, но генерално се состои од бележење на дупки и надевање на најдоброто ;D

Денешниот сончев ден го искористив за прошетка низ Бистра. Тоа вклучуваше и возење по неасфалтираниот пат од Галички пат до Трифкова Колиба, па направив пар слики да и се насмееме на колата малце.

Јас го постигнав rally tribute изгледот што го сакав (ми фалат уште челичните бандажи и кровни носачи) и ми прави мерак количето. :)






Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #51 на: 09 Ноември 2020, 02:08:16 am »
 Напред си е веќе како џип, како и  секое време француско, што ќе креваш повеќе ?  :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #52 на: 09 Ноември 2020, 11:47:08 am »
Секако прво ќе пробам позади, ама очигледно од сега е дека ќе треба да се поткрене и напред за да не се лизгам напред на седиште ;D ќе се навали колата.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #53 на: 10 Ноември 2020, 12:41:45 pm »
Задново колце ко да има малку camber, го провери трапот?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #54 на: 10 Ноември 2020, 13:11:42 pm »
Задново колце ко да има малку camber, го провери трапот?

За средување е, ама прво треба да си ја исплатам колата сам на себе пред да правам такви инвестиции. :)

Планирано е во 2-3 годишниот план на поседување полека колата да стане една од најисправните 206ки во државата, како што бидна и Xsara-та после 4 години сопствеништво :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #55 на: 10 Ноември 2020, 14:20:14 pm »
Задново колце ко да има малку camber, го провери трапот?

За средување е, ама прво треба да си ја исплатам колата сам на себе пред да правам такви инвестиции. :)

Планирано е во 2-3 годишниот план на поседување полека колата да стане една од најисправните 206ки во државата, како што бидна и Xsara-та после 4 години сопствеништво :)
Значи ќе постои 206ка што не и крцкаат вратите како стар плакар, да видам да не верувам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #56 на: 10 Ноември 2020, 14:28:58 pm »
Задново колце ко да има малку camber, го провери трапот?

За средување е, ама прво треба да си ја исплатам колата сам на себе пред да правам такви инвестиции. :)

Планирано е во 2-3 годишниот план на поседување полека колата да стане една од најисправните 206ки во државата, како што бидна и Xsara-та после 4 години сопствеништво :)
Значи ќе постои 206ка што не и крцкаат вратите како стар плакар, да видам да не верувам.
Толку никој не подмачкал врата на Пежо до сега?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #57 на: 10 Ноември 2020, 15:08:06 pm »
Не е до мачкањето, тие граничниците попуштаат и крцка, некој го нервира некој не, еве и кајмене на меганот возачката почна да си крцка ама не ја фермам многу не ми се отвара тапацир само за тоа, ако веќе отварам напролет ќе менам и фабрички звучници и ќе начукам звучна изолација со себапот.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #58 на: 10 Ноември 2020, 15:10:38 pm »
Значи ќе постои 206ка што не и крцкаат вратите како стар плакар, да видам да не верувам.

Капар оставив за колата и заминав дома да нарачам нови граничници. :)

Нема да го тупам многу, зошто веќе го тупам со одржувањето, па еве кратка листа на работи што ми сметаа и ги сменив:
  • држачи на мотор и менувач
  • репарација на анласер (се случи еднаш да не пали, не ми се ризикуваше)
  • совозачки фар
  • даска/тапацир за гепек
  • гумени држачи за ауспух
  • лимитери на врати
  • гумени патосници заменети со теписонски
  • моторче за централно на гепек (за ова најдов финта, не го сменив)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #59 на: 10 Ноември 2020, 18:25:38 pm »
Прво нешто што му кажав дека не чини уште по телефон 😂😂😂