Автор Тема: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S  (Прочитано 11877 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« на: 18 Октомври 2020, 10:01:20 am »


Деновиве во Македонија се снимаше дел од Discover the Unknown серијалот документарци на Porsche. Ќе патуваат низ 25+ земји и ќе снимаат во секоја земја. Јас добив покана да го проследам снимањето и да спремам behind the scenes репортажа. Ги спремам материјалите и во текот на неделава ќе објавам.

Но сепак, поважно - имав шанса еден цел ден да возам Porsche Taycan Turbo S. 650 коњски сили, односно 760 коњски сили и 1050 Nm вртежен момент во Launch Control. 2.8 секунди до 100, 260 вмакс. Според официјалните податоци, вика 340 километри рејнџ според WLTP. Тие неколку дена додека го возевме добивме некои слични бројки.

Тој ден кога јас го возев, тргнавме од Охрид (прво снимавме во Охрид околу античкиот театар, низ Охрид, итн, поминавме сигурно околу 20тина километри), до Маврово, Галичник, па до Трница, па до Скопје. Грубо околу 240 километри (+ трткање околу 10-20 км горе на платото на Галичник за снимање) - и стигнавме во Скопје со околу 130 км range. Возено е нормално - без лигавење и влечење, без „ќе шпарам сега“ туку како што обично возиме - по знаци + нешто ситно. ;)

Перформансите се... Нестварни. Launch control е насилен. Тешко е да се најдат зборови. Во нормално возење, забрзувањето е толку инстантно и брзо, што човек мора да го смени малку од малку начинот на кој вози. Со секоја можна кола, има мал, некаков, минимален delay меѓу стискање педала за гас и забрзување. Тука (особено во Спорт или Спорт+) нема. Забрзувањето е инстантно - и кога човек претекнува, треба прво да смени лента па да даде гас. Пошто ако не го направи тоа, има голема шанса да се збрца во возилото пред него. Плус, многу е интересна - односно барем мене ми беше интересна - реализацијата дека ниту едно друго возило не е побрзо.

Хендлингот би го споредил со Cayman. Иако е тежок 2+ тона, многу директно и прецизно менува насока, и тежината не се чувствува. Неутрален е во скоро сите ситуации, и изненадувачки комотен (покрај тие огромните тркала). Прегледноста е одлична, лесно е да се постави колата на пат (многу полесно од Панамера, да речеме, ама па Панамерата е значително поголема) и кривини се бркаат многу лесно. Качувањето кон Мекиците од Стража од „таа страна“ ми е меѓу најомилените парчиња пат во Македонија и со мерак си ги извозев. Од друга страна, многу е лесен да се вози и како „дејли“ возило. Внатре е тивко, комотно, опуштено.

Се надевам дека наскоро ќе имам можност пак да го возам. Спектакуларна кола. Ги менува стандардите за тоа што е брзо.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #1 на: 18 Октомври 2020, 12:06:03 pm »
Vcera do nego stoev na semafor , imase kamerman pozadi.
Strava barem od pozadi i bocno.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #2 на: 19 Октомври 2020, 19:06:31 pm »
Момци, целата репортажа тука - https://www.carclub.mk/2020/10/19/reportaza-zad-scenata-na-discover-the-unknown-snimanjeto-so-porsche-taycan-vo-makedonija/

Уживајте, шернете, споделете, нека чита народ. Ептен добра ексклузива добивме!

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #3 на: 19 Октомври 2020, 19:56:50 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Деновиве во Македонија се снимаше дел од Discover the Unknown серијалот документарци на Porsche. Ќе патуваат низ 25+ земји и ќе снимаат во секоја земја. Јас добив покана да го проследам снимањето и да спремам behind the scenes репортажа. Ги спремам материјалите и во текот на неделава ќе објавам.

Но сепак, поважно - имав шанса еден цел ден да возам Porsche Taycan Turbo S. 650 коњски сили, односно 760 коњски сили и 1050 Nm вртежен момент во Launch Control. 2.8 секунди до 100, 260 вмакс. Според официјалните податоци, вика 340 километри рејнџ според WLTP. Тие неколку дена додека го возевме добивме некои слични бројки.

Тој ден кога јас го возев, тргнавме од Охрид (прво снимавме во Охрид околу античкиот театар, низ Охрид, итн, поминавме сигурно околу 20тина километри), до Маврово, Галичник, па до Трница, па до Скопје. Грубо околу 240 километри (+ трткање околу 10-20 км горе на платото на Галичник за снимање) - и стигнавме во Скопје со околу 130 км range. Возено е нормално - без лигавење и влечење, без „ќе шпарам сега“ туку како што обично возиме - по знаци + нешто ситно. ;)

Перформансите се... Нестварни. Launch control е насилен. Тешко е да се најдат зборови. Во нормално возење, забрзувањето е толку инстантно и брзо, што човек мора да го смени малку од малку начинот на кој вози. Со секоја можна кола, има мал, некаков, минимален delay меѓу стискање педала за гас и забрзување. Тука (особено во Спорт или Спорт+) нема. Забрзувањето е инстантно - и кога човек претекнува, треба прво да смени лента па да даде гас. Пошто ако не го направи тоа, има голема шанса да се збрца во возилото пред него. Плус, многу е интересна - односно барем мене ми беше интересна - реализацијата дека ниту едно друго возило не е побрзо.

Хендлингот би го споредил со Cayman. Иако е тежок 2+ тона, многу директно и прецизно менува насока, и тежината не се чувствува. Неутрален е во скоро сите ситуации, и изненадувачки комотен (покрај тие огромните тркала). Прегледноста е одлична, лесно е да се постави колата на пат (многу полесно од Панамера, да речеме, ама па Панамерата е значително поголема) и кривини се бркаат многу лесно. Качувањето кон Мекиците од Стража од „таа страна“ ми е меѓу најомилените парчиња пат во Македонија и со мерак си ги извозев. Од друга страна, многу е лесен да се вози и како „дејли“ возило. Внатре е тивко, комотно, опуштено.

Се надевам дека наскоро ќе имам можност пак да го возам. Спектакуларна кола. Ги менува стандардите за тоа што е брзо.
Mislam deka ova ti e edno od najdobrite "intro" tekst sklopeno do sega.
Bravo!

A sega ke go citam testot :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #4 на: 19 Октомври 2020, 20:59:35 pm »
Најдобрата слика:


Со VW California во позадина. Зад секој успешен суперкар стои неговиот партнер.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #5 на: 19 Октомври 2020, 21:43:28 pm »
Некое видефце како откорнува асфалт?

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #6 на: 20 Октомври 2020, 01:14:27 am »
Страшно добро возило. Требаше да го прошетате до KOSTAL во Охрид, да видиме како изгледаат деловите што ги произведуваме за Taycan во живо. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #7 на: 20 Октомври 2020, 07:36:02 am »
Страшно добро возило. Требаше да го прошетате до KOSTAL во Охрид, да видиме како изгледаат деловите што ги произведуваме за Taycan во живо. :)
Требаше да го провозат и до ТАС :D творница аутомобила сарајево  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #8 на: 20 Октомври 2020, 08:04:35 am »
Страшно добро возило. Требаше да го прошетате до KOSTAL во Охрид, да видиме како изгледаат деловите што ги произведуваме за Taycan во живо. :)
Требаше да го провозат и до ТАС :D творница аутомобила сарајево  ;D
Да си ги види корените.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #9 на: 20 Октомври 2020, 11:14:05 am »
Момци, целата репортажа тука - https://www.carclub.mk/2020/10/19/reportaza-zad-scenata-na-discover-the-unknown-snimanjeto-so-porsche-taycan-vo-makedonija/

Уживајте, шернете, споделете, нека чита народ. Ептен добра ексклузива добивме!

ОТ: Нов асфалт ставиле на патот до Галичник ?

Присутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #10 на: 20 Октомври 2020, 11:35:43 am »
Само мене комбинацијава на бои на бандажите ми е одвратна ? 🤮
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #11 на: 20 Октомври 2020, 11:57:37 am »
Горди сме што Discover The Unknown ја посети и "нашата земја" :D

Впрочем иако грдо времето, бојата од колава се вклопува и добри фотки сте направиле. Видео нешто од возењето и забрзување?

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #12 на: 20 Октомври 2020, 16:29:32 pm »
Zabrzuvanjeto e prebrzo za denesnive kameri.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #13 на: 21 Октомври 2020, 00:40:21 am »
Момци, целата репортажа тука - https://www.carclub.mk/2020/10/19/reportaza-zad-scenata-na-discover-the-unknown-snimanjeto-so-porsche-taycan-vo-makedonija/

Уживајте, шернете, споделете, нека чита народ. Ептен добра ексклузива добивме!

ОТ: Нов асфалт ставиле на патот до Галичник ?
da. posle 100 godini...

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #14 на: 21 Октомври 2020, 09:13:50 am »
Момци, целата репортажа тука - https://www.carclub.mk/2020/10/19/reportaza-zad-scenata-na-discover-the-unknown-snimanjeto-so-porsche-taycan-vo-makedonija/

Уживајте, шернете, споделете, нека чита народ. Ептен добра ексклузива добивме!

ОТ: Нов асфалт ставиле на патот до Галичник ?
da. posle 100 godini...


Да, и мааааалку е проблем за пониско возило ако треба да се излезе од асфалтот за да се размине со друго возило.

Ама да, убав асфалт, нов.