Инфраструктурата ќе се подобрува како што ќе се зголемува продажбата на електрични возила, бројката на електрични возила ќе се подобрува како што ќе се подобрува инфраструктурата. Работите се взаемно врзани.
Не е дека пред 100-тина години кога возилата со МВС земале замав, ја имало инфраструктурата која ја имаме денес. Како што се развивале возилата со МВС, така се развивала и инфраструктурата. Грешката која сите ја правиме е дека очекуваме инфраструктурата за електрични возила веднаш да биде иста како онаа за возила со МВС. Нема да биде. Пазарниот удел на електрифицирани возила (HEV, PHEV, BEV) на ниво на цела Европа во 2020-та е (мислам) околу 7%. Тејк ит изи.
Како што рече еднаш мислам
@Deni - компаниите што се занимаваат со продажба на струја
едвај чекаат да се зголеми побарувачката. Да не праиме муабет дека и компаниите што се занимаваат со продажба на фосилни горива (да, дури и кај нас) веќе работат на дизајнирање и поставување мрежа на полначи. Искрено се надевам дека брзо ќе биде.
Во моментов, во Македонија имаме повеќе полначи за електрични возила него електрични возила. Плаг-ин хибриди има, и тоа сè повеќе, и тоа ме радува.
Се сложувам дека добрите електрични возила уште долго време ќе бидат егзотика и луксуз да се поседуваат. Сакав да дадам осврт на понудата на електрични возила и плановите на производителите со оглед на тоа што сум во таа индустрија.
МВС се далеку од исчезнување, за среќа има производители кои сметаат дека целосниот потенцијал на МВС не е постигнат и сеуште вложуваат во развој. Инфраструктурата на глобално ниво е далеку од спремна за електрификација на возила. Но тој е светскиот тренд...
Егзотика и луксуз? Не. Индустријата уште го бара вистинскиот рецепт, но некои производители веќе го погодуваат. MINI го погоди со електричниот Cooper - 200 километри рејнџ (повеќе од доволно за градско возило), релативно прифатлива цена (за Европа, за нас можеби и не), погоден дизајн, итн. Слично и Peugeot со е-208, па и VW со ID.3.
Само треба и кај нас да проработи системот за стимулација на купување на електрични возила. На пример, протекоа цени за електричната Dacia во Унгарија - ќе чини 17.900 евра, односно 10.900 евра после субвенции. Егзотика? Хм.
Само треба волја, подготвеност да се одговори во вистинската насока (не како кај нас, јасно) и да се размислува долгорочно.