Како доби ваква чест и привилегија да возиш вакво возило. Ептен ми е мило за тебе и конкретно што во Тунгузија по сокапаните патишта се возеше taycan s.
И конечно Американците ќе почнат да квичат со таа смешна тесла. Поршето го мете патосот со Теслата модел с, и тоа ако сакаш 100 пати ланч контрол 100 пати ќе зсбрзува исто, Теслата после 2 старта повеќе не ти дава.
Ѓерманците знаат да направат возило Тесла има батерии и електромтор, коа Тесла ќе направи квалитетно возило нека ми се јават.
Зошто толку омраза кон Тесла, да не беше Тесла веројатно уште ќе се форсираше дизел. Германските производители започнаа да развиваат електрични автомобили откако видоа Тесла како се пробива и откако германската влада побара да се движи пазарот кон електрификација на возилата.
Одлично е тоа што покрај Тесла сериозно почнаа и други производители да ги развиваат електричните возила, натпреварот помеѓу повеќе фирми носи само позитивни работи за конзумерите.
Германските производители не ја следат Тесла, туку нарочно ја оставија да го развие пазарот и инфраструктурата. Секако тешко им оди и на едните и на другите. Од друга страна Тесла малку им го начука со тоа што си резервираше речиси кај сите производители на батерии, големи количини а тоа би било проблем за другите производители на електрични коли.
Ќе видиме како ќе изигра VW со ID3 а богами и со ID4. Ми има изгледи за некоја соработка со Тесла.
Незнам дали сум го кажал ова тука на форумов, ако да, еве пак:
Мерцедес има направено една анализа која што покажала дека ако сите ново продадени Мерцедеси во Германија во рок од 6 месеци бидат електрични, енергетскиот систем ќе колабира.
Да не се лажеме, уште долго време електричниве коли ќе бидат егзотика. Нафта има колку сакаш а струја нема колку сакаш...