Деновиве во Македонија се снимаше дел од Discover the Unknown серијалот документарци на Porsche. Ќе патуваат низ 25+ земји и ќе снимаат во секоја земја. Јас добив покана да го проследам снимањето и да спремам behind the scenes репортажа. Ги спремам материјалите и во текот на неделава ќе објавам.
Но сепак, поважно - имав шанса еден цел ден да возам Porsche Taycan Turbo S. 650 коњски сили, односно 760 коњски сили и 1050 Nm вртежен момент во Launch Control. 2.8 секунди до 100, 260 вмакс. Според официјалните податоци, вика 340 километри рејнџ според WLTP. Тие неколку дена додека го возевме добивме некои слични бројки.
Тој ден кога јас го возев, тргнавме од Охрид (прво снимавме во Охрид околу античкиот театар, низ Охрид, итн, поминавме сигурно околу 20тина километри), до Маврово, Галичник, па до Трница, па до Скопје. Грубо околу 240 километри (+ трткање околу 10-20 км горе на платото на Галичник за снимање) - и стигнавме во Скопје со околу 130 км range. Возено е нормално - без лигавење и влечење, без „ќе шпарам сега“ туку како што обично возиме - по знаци + нешто ситно.
Перформансите се...
Нестварни. Launch control е
насилен. Тешко е да се најдат зборови. Во нормално возење, забрзувањето е толку инстантно и брзо, што човек мора да го смени малку од малку начинот на кој вози. Со секоја можна кола, има мал, некаков, минимален delay меѓу стискање педала за гас и забрзување. Тука (особено во Спорт или Спорт+) нема. Забрзувањето е инстантно - и кога човек претекнува, треба прво да смени лента па да даде гас. Пошто ако не го направи тоа, има голема шанса да се збрца во возилото пред него. Плус, многу е интересна - односно барем мене ми беше интересна - реализацијата дека ниту едно друго возило не е побрзо.
Хендлингот би го споредил со Cayman. Иако е тежок 2+ тона, многу директно и прецизно менува насока, и тежината не се чувствува. Неутрален е во скоро сите ситуации, и изненадувачки комотен (покрај тие огромните тркала). Прегледноста е одлична, лесно е да се постави колата на пат (многу полесно од Панамера, да речеме, ама па Панамерата е значително поголема) и кривини се бркаат многу лесно. Качувањето кон Мекиците од Стража од „таа страна“ ми е меѓу најомилените парчиња пат во Македонија и со мерак си ги извозев. Од друга страна, многу е лесен да се вози и како „дејли“ возило. Внатре е тивко, комотно, опуштено.
Се надевам дека наскоро ќе имам можност пак да го возам. Спектакуларна кола. Ги менува стандардите за тоа што е
брзо.