Автор Тема: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S  (Прочитано 11865 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #30 на: 23 Октомври 2020, 10:33:50 am »
Jas samo ne bi se soglasil deka Hibridite se utka na vekot.Mercedes E 300de ima 2000cm3 dizel motor so okolu 200ks plus elektro motor,vkupno 306ks,od 0-100 za 5,9s i max brzina 250km/h,a seto toa so smesna potrosuvacka od 4-5l.Tezi 2t,so gore dolu e normalna tezina za taa klasa.
Bmw pred godina dve pocna da razviva nov dizel motor i izjavi deka uste 30g najmalku ke si teraat MVS.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #31 на: 23 Октомври 2020, 11:18:23 am »

Mercedes ќе влезат јако со електрични возила за 4-5 години. И тоа ептен јако, за почеток со целосно електрична, ултра технолошки напредна А класа. Имаше напори да делат платформа со BMW но за среќа неуспешни.

На VW им требаше време да се освестат дека за добро електрично возило треба нова платформа, направена од нула. Нивниот пристап со пренесување на технологии од генерација во генерација без никаков технолошки напредок освен cost saving се докажа несоодветен. Со ID тоа ќе се смени, а тек следната генерација на електрични возила на VW групација ќе бидат стварно добри откако ќе стекнат искуство во производство на електромобили и направат добра база на Lessons learned.

Porsche влезе во играта машки со Taycan-от. Ќе си го наплати развојот и дополнително ќе генерира средства за уште помоќно и подобро електрично возило, кое ќе следи за 5-6 години од сега.

Не викам дека нема да произведуваат електрични... Да, тоа е насоката нели. Ама викам дека уште многу долго ќе бидат егзотика. Еве викаш ќе развијат ултра напредна потполно електрична А класа. И? 60.000 еура? Ќе нема А180? Тоа ми е муабетот. Достапните електрични сеуште имаат рејнџ од максимум 160км. За кого е тоа ок? За тие што живеат во станови ли? Или за тие што живеат рецимо во Лајпциг а работат во Берлин??? Уште долго време ќе се вози со МВС а богами повеќе од 50% дизел. НЕМА ИНФРАСТРУКТУРА... тоа е најголемиот проблем.
А Хибрид, тоа е утка на векот. Комплицирано, тешко, слаби перформанси, ни електрично ни нормално.... Производителите го имаат заради некои регулативи инаку не ги сакаат. Освен Тојота...

Се сложувам дека добрите електрични возила уште долго време ќе бидат егзотика и луксуз да се поседуваат. Сакав да дадам осврт на понудата на електрични возила и плановите на производителите со оглед на тоа што сум во таа индустрија.
МВС се далеку од исчезнување, за среќа има производители кои сметаат дека целосниот потенцијал на МВС не е постигнат и сеуште вложуваат во развој. Инфраструктурата на глобално ниво е далеку од спремна за електрификација на возила. Но тој е светскиот тренд...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #32 на: 23 Октомври 2020, 11:44:14 am »
Инфраструктурата ќе се подобрува како што ќе се зголемува продажбата на електрични возила, бројката на електрични возила ќе се подобрува како што ќе се подобрува инфраструктурата. Работите се взаемно врзани.

Не е дека пред 100-тина години кога возилата со МВС земале замав, ја имало инфраструктурата која ја имаме денес. Како што се развивале возилата со МВС, така се развивала и инфраструктурата. Грешката која сите ја правиме е дека очекуваме инфраструктурата за електрични возила веднаш да биде иста како онаа за возила со МВС. Нема да биде. Пазарниот удел на електрифицирани возила (HEV, PHEV, BEV) на ниво на цела Европа во 2020-та е (мислам) околу 7%. Тејк ит изи.

Како што рече еднаш мислам @Deni - компаниите што се занимаваат со продажба на струја едвај чекаат да се зголеми побарувачката. Да не праиме муабет дека и компаниите што се занимаваат со продажба на фосилни горива (да, дури и кај нас) веќе работат на дизајнирање и поставување мрежа на полначи. Искрено се надевам дека брзо ќе биде.

Во моментов, во Македонија имаме повеќе полначи за електрични возила него електрични возила. Плаг-ин хибриди има, и тоа сè повеќе, и тоа ме радува.

Се сложувам дека добрите електрични возила уште долго време ќе бидат егзотика и луксуз да се поседуваат. Сакав да дадам осврт на понудата на електрични возила и плановите на производителите со оглед на тоа што сум во таа индустрија.
МВС се далеку од исчезнување, за среќа има производители кои сметаат дека целосниот потенцијал на МВС не е постигнат и сеуште вложуваат во развој. Инфраструктурата на глобално ниво е далеку од спремна за електрификација на возила. Но тој е светскиот тренд...

Егзотика и луксуз? Не. Индустријата уште го бара вистинскиот рецепт, но некои производители веќе го погодуваат. MINI го погоди со електричниот Cooper - 200 километри рејнџ (повеќе од доволно за градско возило), релативно прифатлива цена (за Европа, за нас можеби и не), погоден дизајн, итн. Слично и Peugeot со е-208, па и VW со ID.3.

Само треба и кај нас да проработи системот за стимулација на купување на електрични возила. На пример, протекоа цени за електричната Dacia во Унгарија - ќе чини 17.900 евра, односно 10.900 евра после субвенции. Егзотика? Хм.

Само треба волја, подготвеност да се одговори во вистинската насока (не како кај нас, јасно) и да се размислува долгорочно.
« Последно менување: 23 Октомври 2020, 11:52:14 am zeroSignal »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #33 на: 23 Октомври 2020, 12:52:45 pm »
Според мене сета технологија што ќе се произведува во наредните 5 до 10 години е веќе на маса и спремна, само производителите тактизираат и чекаат за да уновчат што е можно повеќе од досегашните технологии. Потребно е и државите да станат од креветите на бизнисите и да почнат со стимулирање на електричните возила и дестимулирање на МВС. Што поскоро се случи тоа, толку поскоро ќе имаме и инфраструктура за полнење и поголеми и поеколошки батерии. Автомобилската индустрија е огромен двигател и на други индустрии, така да ако автомобилизмот се електрифицира, кај и да е ќе се направат и генератори на атоска фузија. Штом се направи тоа огромен дел од денешните проблеми ќе ги нема и човештвото ќе биде спасено од пропаст.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #34 на: 23 Октомври 2020, 13:26:47 pm »
Зошто тој ментален балкански склоп мора да постои буквално во секое поле? Се некој има некоја заднина, тајна причина зошто што како. Чекале сега, тактизирале за да наплатат повеќе од сегашна технологија. А неможе да биде малце попроста работата? Едно е да произведеш 10.000 автомобили на струја, а друго е преку ноќ цела гама на моторизирани возила да ја направиш на струја. Тоа туку така не иде, нема никој волшебно стапче за да работите се сменат преку ноќ. Ама не, се чекало, се тактизирало заради некоја друга тајна подмолна причина. Заговори насекаде.

Иначе во моментов сметам дека инфрастуктурата не е никаков проблем. Не ти требаат посебни патишта за возила на струја, или па посебно сервисирање ил незнам што. Веќе имаш станици за полнење, плус доста луѓе што поседуваат вакви возила живеат во куќи и полнењето никогаш не е проблем.

Сепак самата цена да се произведе автомобил на струја е уште висока за производителите, и тоа е единствената причина зошто средната класа е уште далеку од менување на нивните нормални автомобили. R&D е многукратно поголем за разлика од сериски автомобили кои што се прават по ист концепт веќе неколку декади. Како што тече времето така и цената ќе паѓа, па за 10тина години мислам дека уделот на електрифицирани возила ќе биде преку 50% во Европа.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #35 на: 23 Октомври 2020, 16:23:42 pm »
Malku e glupavo da mislis ili veruvas deka kompanii kako Vw,Bmw,Mercedes i drugi ziveat od denes za utre.
Tie sega ja imaat vo race i tehnologijata i planot za toa so ke pravat vo narednite 15g.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #36 на: 23 Октомври 2020, 17:15:21 pm »
Откако отидоа на Месечината ко божем досега Американците не можеа да отидат на Марс.

Можеа, ама пошто на Русите им се искомпликува животот си рекоа ај да ги почекаме да може повторно да се тркаме ;D не е интересно сам ;D

Отсутен VW

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 47
  • TESLA фанатик
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #37 на: 23 Октомври 2020, 17:55:06 pm »
имаат и капитал и капацитет...
исто така имаа и Нокиа, Блакбери, Блокбастер, ИБМ, Кодак, Мајспејс, Јахуу ...

Malku e glupavo da mislis ili veruvas deka kompanii kako Vw,Bmw,Mercedes i drugi ziveat od denes za utre.
Tie sega ja imaat vo race i tehnologijata i planot za toa so ke pravat vo narednite 15g.

TESLA фанатик

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #38 на: 23 Октомври 2020, 18:26:14 pm »
Tie ne se Nemski,ovie trite ako klapnat ete ti Treta Svetska Vojna. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #39 на: 23 Октомври 2020, 18:43:10 pm »
Tie ne se Nemski,ovie trite ako klapnat ete ti Treta Svetska Vojna. ;D
Ќе части влада бејлаут пак.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #40 на: 23 Октомври 2020, 18:48:14 pm »
Malku e glupavo da mislis ili veruvas deka kompanii kako Vw,Bmw,Mercedes i drugi ziveat od denes za utre.
Tie sega ja imaat vo race i tehnologijata i planot za toa so ke pravat vo narednite 15g.

Па нормално. Не се глупи сега да продаваат само електрифицирани возила кои ќе чинат 50.000 евра+ и ќе нема кој да им ги купи.

Ти имаш план за 15 години сите производени возила да се електрифицирани. Тоа не значи дека денес можеш тоа да го спроведеш. Затоа и се вика долгорочен план, а не "тактизирање".


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #41 на: 23 Октомври 2020, 19:33:02 pm »
So MVS celo vreme taktiziraat 100g, ili celo vreme dolgorocno razmisluvaat.Kako sakas nareci go,pak gazot e odpozadi.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #42 на: 23 Октомври 2020, 20:41:25 pm »
Зошто тој ментален балкански склоп мора да постои буквално во секое поле? Се некој има некоја заднина, тајна причина зошто што како. Чекале сега, тактизирале за да наплатат повеќе од сегашна технологија. А неможе да биде малце попроста работата? Едно е да произведеш 10.000 автомобили на струја, а друго е преку ноќ цела гама на моторизирани возила да ја направиш на струја. Тоа туку така не иде, нема никој волшебно стапче за да работите се сменат преку ноќ. Ама не, се чекало, се тактизирало заради некоја друга тајна подмолна причина. Заговори насекаде.

Пак ти со тоа твоето балканското, ад хоминем напади и strawman фаличности. Тајни причини, заговори насекаде.... глупости, никој не спомна ништо такво.

Тоа е добро познат факт кој никој не го крие, дека се додека не дојде притисок од конкуренција и од нови технологии, а старото се продава и носи профит, никоја фирма нема да брза кон промени, но ќе биде подготвена и ќе има кец во ракав.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #43 на: 23 Октомври 2020, 23:27:37 pm »
Гледав еднаш на DW документарец околу Dieselgate и фокусот на VW кон електрични возила, во истиот беше јасно нагласено дека VW заостануваат неколку години зад Тесла, и ќе имаат многу работа пред нив за да ја стигнат Тесла. Колку е точно си знаат во VW, но едно е јасно, Тесла бидејќи почнаа први имаат голема предност,  особено со сите тие софтверски системи како и автономната технологија.


Околу инфраструктурата, ако решат богатите држави да инвестираат во инфраструктура,  додека извадат фејслифт на голф 8ца, тие држави ќе имаат изградено комплетна инфраструктура за електрични возила.

Моментално мислам најголемиот проблем се батериите кај кои долги години нема развој.

Проблемот е што ниту електричните возила не загадуваат малце кога ќе се земе во обзир дека голем дел од струјата не е од овновливи извори и дека производството на батерии загадува многу.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #44 на: 24 Октомври 2020, 04:15:19 am »
Vo posledniot del od postot si sosema ok,a vo prviot,voopsto ne bi se soglasil.Ok,toa taka mozebi ti izgleda,ama Vw e gigant koj od cel skandal Dieselgate izleze vo plus,taka da okolu Tesla e mackina kaslica da se sporeduva.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D