Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 168986 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1050 на: 29 Јуни 2022, 11:14:17 am »
Само оглас е спасот за колава.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1051 на: 29 Јуни 2022, 11:15:02 am »
Спенс, звучиш како "мајстор" кој сака да се откачи од муштерија :)
Зошто да ја продаде? После толку вложувања во колата, да му го накрши на некого? Дијагностиката е најбитна, во моментов се пишува на велико што може да е, ама се претпоставки само, може да испадне најмал глуп зафат кој нема да кошта многу.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1052 на: 29 Јуни 2022, 11:18:40 am »
Зоки, кое накршување бе другар? Од проблем во проблем влегува... Влогот што е даден 90% е во отстранување на дефекти. По мое мислење колава никогаш нема да биде исправна по тертип како што сака баланар...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1053 на: 29 Јуни 2022, 11:22:32 am »
А да ми донирате по 1000 евра за друга кола, нема да е лошо нели?
Или по 5000 евра, па да земам кола од салон, чисто да избегнам евентуално проблеми со друга половна кола.

Мислев дека CarClub е за помош/идеи/совети, не за паламудење кој и како ја одржува колата и дали има исплатливост во одржувањето на таа кола.
Ако не ви се чита како се „мачам“ - одминете ја темава, наједноставно е. Изгледа јас сум будала што воопшто прашувам тука. Пиши си одвреме на време по некој апдејт и накриви капата, гледам дека сите возите најисправни автомобили судејќи по вашите теми.

Како за туѓи есапи, има одредени сезнајковци у пичку матер. Страшна работа.
« Последно менување: 29 Јуни 2022, 11:27:35 am balanar »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1054 на: 29 Јуни 2022, 11:25:56 am »
Имаше неовластен убава фраза, и да ја купиш најфалената најпогодената кола тој пред тебе ако не ја одржавал ти ке изнафрлаш пари за да ја средиш, ке ја продадеш дека ти скурчило тој послем тебе ке ја изнавози и утепа од фалење.

Најголем проблем колку што можам да заклучам е да се најде саглам мајстор што ке каже што е, одошто што има толку страшни проблеми колава

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1055 на: 29 Јуни 2022, 11:27:19 am »
Не е убаво да се спомнуваат пички по форуми каде што некој ти дал совет/помош/идеа за како да си го олесниш животот.  Ти си знаеш најубаво ако тебе ти е сатисфакција за едно парче железо да ти троши време од животот по мајстори пеки.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1056 на: 29 Јуни 2022, 11:28:52 am »
Друже, да не ме сфатиш погрешно... ко за 2 години, бааѓички си ја испишал темава со проблеми-дефекти-замарање... ова ти троши енергија, здравје, живот. Продај што побрзо и спаси се.  Со лесно.

E добро, отсега ќе пишувам само кога ќе се испере или кога ќе си купам крпа за бришење после перење.

Пишав да не ме сфатиш погрешно, тоа е само мое мислење. Јас не би се замарал толку со таква кола која што ме јебе секој втор ден по нешто. Тоа е само мое мислење и воопшто не е релевантно, колата парите времето и нервозите си се твои. Да не бидам сфатен злонамерно, не ми е тоа намерата. поздрав

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1057 на: 29 Јуни 2022, 11:31:48 am »
А да ми донирате по 1000 евра за друга кола, нема да е лошо нели?
Или по 5000 евра, па да земам кола од салон, чисто да избегнам евентуално проблеми со друга половна кола.

Мислев дека CarClub е за помош/идеи/совети, не за паламудење кој и како ја одржува колата и дали има исплатливост во одржувањето на таа кола.
Ако не ви се чита како се „мачам“ - одминете ја темава, наједноставно е. Изгледа јас сум будала што воопшто прашувам тука. Пиши си одвреме на време по некој апдејт и накриви капата, гледам дека сите возите најисправни автомобили судејќи по вашите теми.

Како за туѓи есапи, има одредени сезнајковци у пичку матер. Страшна работа.

одјеби бе друже, убаво културно ти пишав, ти филозофираш сезнајковци бла бла. пријатно

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1058 на: 29 Јуни 2022, 11:36:07 am »
 ;D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1059 на: 29 Јуни 2022, 11:36:21 am »
Влезе у limp mode темава треба старт стоп

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1060 на: 29 Јуни 2022, 11:48:15 am »
одјеби бе друже, убаво културно ти пишав, ти филозофираш сезнајковци бла бла. пријатно

Чекај чекај, на моја тема, на моја кола, на мој проблем со истата (за кој досега сум дал само 2900 денари: филтер за нафта (3000km пред редовна замена) чистење на клапна (нешто што е пожелно за дизел) и адитив) - ти ми викаш да ја продадам колата и ми викаш Одјеби?!???

Ау, ненормална работа, си ги утнал лекарствата.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1061 на: 29 Јуни 2022, 11:48:51 am »
Зоки, кое накршување бе другар? Од проблем во проблем влегува... Влогот што е даден 90% е во отстранување на дефекти. По мое мислење колава никогаш нема да биде исправна по тертип како што сака баланар...
Можеби е и до Баланар. А друга да земе? Пак од почеток, ако ништо друго оваа си ја знае.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1062 на: 29 Јуни 2022, 12:39:12 pm »
Јас го пишав исходот, ќе ти ја заебат колата. Умре времето кога имаше мајстори дијагностичари, сега секој оди на систем на елиминација, да пробаме со ова, да пробаме со тоа. Кај нас нема добар мајстор, а и да има нема да се нафати да се замара, затоа најпаметно е нова или малку извозена кола, за кога ќе почнат главоболките да лета на оглас. Ако искчучиш клапни и егр и слично ќе гаси со вибрација и ќе го ебе замаецот побрзо од пропишаното. Кога ќе ставиш нов замаец нема да тера ни петина од фабричкиот. Исчисти и ги дишните патишта, провери дизни под оптеретување, види сите црева дали се на место, вакуми заебанции и вози. Што и да чепнеш, кај и да ја однесеш резултатот ќе биде залудно потрошени пари. Километрите си врват, колата старее, проблеми ќе се редат, а ти ќе трупаш трошкови и фрустрации. Многу возила сум имал и сменил, и секогаш сум зажалил што не сум се откачил на време. Не викам дека твојот леон е канта, затоа вози и уживај, кога ќе дојде моментот пиши го колку што е најниската на оглас, ќе дојде некој што возел поголема канта пред тоа и ќе го купи, тој ќе мисли дека те заебал, и ќе го вози уште години без да смени ништо, а ти до заштедените пари што не си одел на мајстор ќе си купиш нешто до кај 50000км и ќе тераш наредни 100.
Немој да се лутиш, љуби брат!


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1063 на: 29 Јуни 2022, 12:46:41 pm »
jas mislam deka so golf nema da pogresis

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1064 на: 29 Јуни 2022, 12:55:32 pm »
Ако добро се сеќавам, таа кола сменила неколку сопственици претходно, и прашање е каде се е носена на сервиси, што се е извадено и какви делови монтирани, односно импровизирано, да не спомнувам за сомнежите што почнаа околу ланскиот егр.

Пред неколку дена се спомнуваше некое чат пат сецкање, и тука веќе личеше дека се бара перфекционизам.
Но сега кога веќе стана посериозен проблемот, ништо чудно да биле почетни симптоми пред да ескалира.

Многу е тешко да се прифати совет да се отараси од колата, но чим некој проблем се јавува наново за кратко време, големи се шансите за  тежок и макотрпен пат до конечно оправување.

Дај боже да грешам.