Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 168985 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1080 на: 29 Јуни 2022, 19:29:31 pm »
Jas ete taze na mercedesot pozadi na zadna vrata mi rekoa demek mehanizmot za prozor ne raboti arno koga otvoriv nacekav 2 tabli debel stiropor i daska-mehanizam jok. Fino si go resil prethodniot gazda problemotza 800 denari mehanizam. Srekja drugoto bese okej :)
На југото правени некои комбинации со механизмот за брисачи, плус ставени држачи за метлици од 101, нема нема, туку ќе летне :D Имаше уште, ама кој да се присети...

На Типото сипувам течност за брисачи, грга вода на земја, моторчето го нема, аш црево за прскалка на 5та врата, измеѓу издувна грана и среден лонец  цевката завршена, ни кугла ни панцир црево, плеткано и околу разводник, и уште некои 20тина глупости.
Најкрваво беше кога купив сет за мењач по број шасија/мотор, друк лагерот не одговара, излезе на крај од Пунто да пасува, којзнае какви мучки/комбинации се правени.

Меганот ко божем 3 години стар, и кај него фалинки ситни као капаче на подкрило за фар, неадекватни димензии на метлици за поевтино, и уште неколку ситници.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1081 на: 29 Јуни 2022, 22:27:04 pm »
Последен совет од мене.
Гаси ЕГР, стави штопна, и кај Зоки во Степ Он една убава мапа да ти направи, да ти ги испегла и дизните со мапата.
После пиши шо си напраил.

Отсутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1082 на: 29 Јуни 2022, 22:44:26 pm »
@balanar  Провери се на компјутер, MAP, MAF, EGR, DPF, дизни, провери ги цревата, турбото (види перката дали има луфта) и мислам дека ќе најдеш што е проблемот.
Јас мислам дека една од дизните не е во ред, пишав и претходно.

Клубски поздрав

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1083 на: 29 Јуни 2022, 22:50:22 pm »
Последен совет од мене.
Гаси ЕГР, стави штопна, и кај Зоки во Степ Он една убава мапа да ти направи, да ти ги испегла и дизните со мапата.
После пиши шо си напраил.

За Stage 1 мислиш да направам?
Ако да - прашував полани кај него, пред да го ставам новиот ЕГР,  само заборавив која цена ми ја беше понудил.

Да видам со ЕГР-ов да го исклучат барем софтверски, за штопни не знам каде има, ivanxh ми даде линкче од Darkside пред некоја страница...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1084 на: 30 Јуни 2022, 09:51:44 am »
Да, stage 1.
Кај Шиникот има штопни, он ти монтира и ти гаси софтверски.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1085 на: 30 Јуни 2022, 11:38:07 am »
Друг мал апдејт.
Денес успеав да ја закачам пак на VCDS (последен пат на 07.04.2022) и да проверам тоа што сакав.

- Oва се единствените грешки од целиот скен, само за ЕГР.
Грешката за клапната веќе ја нема (ја избришавме пред 3-4 дена со Delphi), иако последниве 2 дена колата си оди/одеше во limp mode, сецкаше, варираа вртежи...

Цитат
2 Faults Found:
4891 - EGR Valve (N18)
          P0403 00 [096] - Malfunction
          Intermittent - Not Confirmed - Tested Since Memory Clear


4892 - EGR Valve (N18)
          P0403 00 [096] - Malfunction
          Intermittent - Not Confirmed - Tested Since Memory Clear

             Freeze Frame:
                    Fault Status: 00000001
                    Fault Priority: 2
                    Fault Frequency: 7
                    Mileage: 214446 km
                    Date: 2022.06.30
                    Time: 16:14:56

                    Engine speed: 2025.00 /min
                    Normed load value: 0.0 %
                    Vehicle speed: 118 km/h
                    Coolant temperature: 88 °C
                    Intake air temperature: 44 °C
                    Ambient air pressure: 950 mbar
                    Voltage terminal 30: 13.340 V
                    Unlearning counter according OBD: 39
                    Air mass: actual value (mg/stroke): 559.6 mg/stroke
                    EGR Vacuum Regulator Solen.val.: activation: 15.00 %
                    EGR Solen.val.: actual value: 47.96 %
                    EGR valve: offset closed: 7.95 %
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 0
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 0
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 55
                    Actuator for high pressure EGR: status-Bits 0-7: 7
                    High press EGR actuator: actual unconditioned volt val: 2323.2 mV
============================================================================================================

- Успеав да ги прочитам вредностите на DPF-от.
Ова е новиот скен:



Како што гледам, последен пат се направило регенерација пред 372km (две одења и враќања од Скопје).
Oil ash volume e 0.13l, зголемено само 0.01 од последниот скен (13.10.2020, слика подолу), што значи дека DPF си работи ефективно, без разлика на другите проблеми.

Ова е стариот скен:



@vlatko.klp - Ти си ми пишувал тогаш за вредностиве :)

Не е лошо, најбитнио параметар е oil ash volume и тој уствари укажува до каде е животниот век на дпф-то. Кај тебе е во мл, некаде се прикажува во грамови. 0.12л е ОК според таа километража и максимумот на пепелта е 0.175л односно некаде имаш 32-33% оставено животен век.  Ако досега имаш поминато 190.000км тогаш можеш да очекуваш некаде на 280.000км ДПФ-то ќе го достигне максимумот на пепел што може да се складира и понатамошни регенерации ќе бидат неуспешни и ќе ти треба нов дпф.

p.s. да напоменам дека имаш многу искуства по форуми каде што лимитот од 0.175л е прекорачен но луѓето уште си возат нормално со вредности од 0.2л. Така да не би се секирал за дпф, само ставај уље 504/507 и цепај.

===========================================================================================================

- Успеав да се снајдам и да исчитам real-time како работи MAF сензорот.
Со тековни вредности (idle и давав гас, се гледа на видеото) и како треба да бидат. Овака лаички мислам дека MAF-от е добар.


===========================================================================================================

- Не успеав да се снајдам да исчитам дизни и MAP сензор, ама ќе го прочита мајстор и тоа.
- Најдов каде се читаат и вредности на ЕГР (колку и кога е отворен, кога е затворен, колку проток има), ама многу ми е замарање да тестирам во возење како се однесува, секако ќе го гасам.
- Дефинитивно денес или утре ќе го гасам само EGR ѓубрето.
« Последно менување: 30 Јуни 2022, 11:53:21 am balanar »

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1086 на: 30 Јуни 2022, 15:11:47 pm »
А да ми донирате по 1000 евра за друга кола, нема да е лошо нели?
Или по 5000 евра, па да земам кола од салон, чисто да избегнам евентуално проблеми со друга половна кола.

Pusti transakciska ili samo kes primas?

Изгледа јас сум будала што воопшто прашувам тука.

Dobro utro.

Како за туѓи есапи, има одредени сезнајковци у пичку матер. Страшна работа.

Strasno!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1087 на: 30 Јуни 2022, 15:26:16 pm »
Епа клабери, сабајлево се исклучи софтверски ЕГР-от во Чешиново. Прво се закачи на дијагностика, ја исфрли истата грешка за ЕГР. После процедурата ја провозев малку, се вратив пак на дијагностика и немаше ништо.

Вчитаа ECU мапа за тој тип на мотор (CFHC) со исклучен ЕГР (претпоставувам, не прашував), гледав на лаптопот дека се флешира специфичен image за тој тип на мотор. Траеше 10-тина минути отприлика.
После ја качија на дигалка за да го дисконектираат џекот и физички (или вакумската линија, не сум сигурен). Штопни не се ставија.



Одејќи натаму пак сецкаше првично, пак се запали намотката, пак limp mode...
Враќајќи се накај Штип - немаше ништо од сите симптоми што ги испишав страници наназад. Дури колата примаше бааги подобро, турбото сега се слушаше над 3000RPM како зуе (претходно не го слушав).
Ќе видиме како ќе биде сега и дали си ги средив проблемите, пу пу.

@draganamon - Петар (синот) ме услужи и среди. Уште е ажурен и разбирлив, ама малку е понервозен хаха Имаа бааги гужва околу сервисот.
« Последно менување: 30 Јуни 2022, 16:39:26 pm balanar »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1088 на: 30 Јуни 2022, 15:37:00 pm »
Зашо не ставија штопни?
Ти напоменаа дека можно е да имаш проблем со ДПФ-от заради ЕГР-от?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1089 на: 30 Јуни 2022, 15:40:00 pm »
Зашо не ставија штопни?
Ти напоменаа дека можно е да имаш проблем со ДПФ-от заради ЕГР-от?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Независни системи биле и нема да има проблем со регенерација, така ми кажаа и они, а и Нено (Авто Клиник - Скопје) што го прашував.
Исто и усисната клапна си остана активна, се гаси колата како путер сеуште.

За штопни ќе си порачам дополнително понатаму можеби, сега за сега и софтверски е ОК.
Мислам дека @ivanxh за истото ми збореше...
« Последно менување: 30 Јуни 2022, 16:05:15 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1090 на: 30 Јуни 2022, 17:05:45 pm »
А со егр што испадна, убутан репариран, новиот не бил квалитетен, или што?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1091 на: 30 Јуни 2022, 17:21:31 pm »
Не знам, не се извади...

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1092 на: 30 Јуни 2022, 17:59:24 pm »
Гаста нема разлика а ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1093 на: 30 Јуни 2022, 17:59:40 pm »
Според ова ќе испадне дека имало софтверски проблем.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1094 на: 30 Јуни 2022, 18:09:53 pm »
Se nadevam ke ti potrae bez da imash drug problem sepak mislam deka pricinata poradi koja EGR zezal ne ja najde.