Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 163869 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #990 на: 27 Јуни 2022, 01:53:11 am »
Толку е скоро секаде прескапо.. Роберт од тетово за клиото пред 3 години ми побара 750 евра комплет.. Репарација на дизни и пумпата за висок притисок да ја провери/очисти.. 1 година гаранција..

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #991 на: 27 Јуни 2022, 08:05:07 am »
До дизните е 99% али незнам колку ти се исплаќа да ги репарираш, никој не ти гарантира дека ќе ти се изгуби тоа. Најдобро ставај адитив на секои 2-3000 км за само да се исчисти.

Sent from my SM-G998U1 using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #992 на: 27 Јуни 2022, 08:50:55 am »
Ќе снимам после подолг клип, оној е ептен краток, 5 секунди...

Муабетот ми е дека не е нешто страшно и приметно за да почнеш да гориш пари.
Освен ако сецкањето  не е пропратено со губење сила и некои такви посериозни појави.

Али, твој избор секако.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #993 на: 27 Јуни 2022, 09:23:56 am »
Еве уште две малку подолги и подетални видеа.
Снимано е во место, ја држам педалата за гас околу 2000RPM.



Овака знае да прави и кога возам со истите вртежи, во втора, трета брзина... Се слуша истото варирање во работата на моторот, а колата исто така сецнува во исти интервали, баш вчера пробав со вклучен темпомат на околу 40km/h и 2000 вртежи. Се движи - сецнува, се движи - сецнува.
Интересно е што сецнува само на мали брзини, а кога возам во 4-та или 5-та брзина на истите вртежи нема сецкање, ама се слуша истото варирање во работата на моторот.

Не губи снага, нема грешки на компјутер, не ми светнува check engine...
Како што пишав и претходно, до сега пробано со:

- промена на филтер за нафта
- чистење на усисна клапна
- проверка на вакум систем
- синоќа ставено Valvoline адитив (на 30L нафта). Ќе видиме дали ќе има нешто ефект. Сакав да пробам со Wynn's Diesel Total Action Treatment (црниот), ама мајсторот вчера овој ми го тутна. Може да пробам и со него пред да почнам со детални поправки, само да изврти Valvoline-от. Баш како што спомна @stavrov

Немам идеја повеќе што може да е проблемот, освен со дизните.
Добро, не може некој мајстор да „прочита“ како работат дизните во real time? Кога ја купував колата и кога ја проверував кај Саше Др. Ауто - ме седна во колата и на лаптоп директно гледаше како работат дизните во вожња. Се мислам пак да отидам до кај него на проверка...

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #994 на: 27 Јуни 2022, 10:28:29 am »
Да не ја читам од почеток темава, дали имаш ДПФ и дали имаш правено некои софтверски модификации на колава (ти или претходните сопственици)?

За репарација на дизните ќе ти земат еден куп пари, а никој не ти гарантира дека ќе престани сецкањето.

На лер работи целосно мирно и без ниедна промена на звук/вртежи?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #995 на: 27 Јуни 2022, 10:39:07 am »
Да не ја читам од почеток темава, дали имаш ДПФ и дали имаш правено некои софтверски модификации на колава (ти или претходните сопственици)?

За репарација на дизните ќе ти земат еден куп пари, а никој не ти гарантира дека ќе престани сецкањето.

На лер работи целосно мирно и без ниедна промена на звук/вртежи?

ДПФ имам, го „читав“ лани или така нешто. Ама можам да го препрочитам пак, само кабелче да земам.
ОК беше тогаш со параметрите за soot/ash level.
Кај мене и ЕГР-от е нов (од лани), така да верувам дека си прави регенерација како што треба. Посебно што патувам за Скопје со колава три дена во неделата (~500km неделно по автопат).

Софтверски модификации немам ништо чепкано во смисла мапи и се тоа (колава е во мене две години, од јули 2020).
Имам правено функционални модификации преку VCDS (за појасот, за копчето на волан, за задните LED сијалички да не дава error - ништо страшно) кога ја купив.
Проблемов/симптомов се појави во март/април годинава.

Во лер колава спие буквално, ниеден екстра звук, рамномерно и тивко (колку што може тивко за еден дизел). Мислам дека дури и се стиши откако ја исчистивме усисната клапна. Остана граната за чистење, тоа го оставивме за нареден голем сервис (заедно пак со клапната).
Си држи константни вртежи без додавање на гас, неќна се ѕверев 5 минути како будала.
« Последно менување: 27 Јуни 2022, 10:46:52 am balanar »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #996 на: 27 Јуни 2022, 10:40:30 am »
Не ти работат видеата од погоре.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #997 на: 27 Јуни 2022, 10:41:15 am »
Не ти работат видеата од погоре.

Thumbnail-от не е во ред, инаку работат.
Кликни на некое :)

edit - Не биле Public, само јас сум ги отворал. Средено, фала ти!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #998 на: 27 Јуни 2022, 11:37:36 am »
Замаецот.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #999 на: 27 Јуни 2022, 12:48:07 pm »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1000 на: 27 Јуни 2022, 15:27:19 pm »
Ме тролате со замаец или што е работава? :)

Нема симптоми никакви на расипан замаец, она што се слуша на видеата мене ми звучи на misfire.
2 мајстори ја гледаа, слушаа и провозија колата - никој не ни спомна замаец.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1001 на: 27 Јуни 2022, 16:27:16 pm »

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1266
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1002 на: 27 Јуни 2022, 17:20:28 pm »
Јас искрено ја читам темава и се нервирам. Ебати мајсторите кај што одиш. Сум се нашол многу пати во ситуација кај што јас треба да му кажувам што да праи и полошо нема, нејќам да сум ти во кожа.
Ако е тој мајстор (а мене по читањево ми изгледа само на монтер) нема зошто да ти нагаѓа што може да е. Што ти помогнаа тебе предпоставкиве?
Неможам да сватам имаат контакти со луѓе за делови на старо особено ако се ориентирани за еден бренд. Нека позајми дизни повозиги ако прај пак нека ги врати значи не се тие, или што и дае нив ги дадов како пример.
Вака испаѓа ти треба сам да си го најдеш проблемот и да му го кажеш на мајсторот он само да го смени делот.

После плаќаат дупло во овластен па плаќаат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1003 на: 27 Јуни 2022, 18:06:24 pm »
Ајде да употребиме малку логика :)

Зошто се појавува само на 2000 вртежи, при што на дијагностика е се во ред, плус проверени еден куп работи освен дизни.
Доколку се дизни, зарем не би се појавувало без исклучок на тоа во кој степен на пренос се вози, секогаш на тие 2.000 вртежи?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1004 на: 27 Јуни 2022, 18:08:55 pm »
А замаецот јавува па проблем само на 2000 врт.?
Јас мислам дека и треба салам дување на колата. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D