Да, има разлика, некако „почист“, рамномерен и пореспонзивен е гасот сега. И гасењето на колата лизга како путер.
Инаку, мал апдејт:
Не се среди тотално проблемот што го имав. Сега не сецка толку нагло, туку остана ова, не знам како да го опишам.
При палење на колата (не на секое) и при давање гас во прва и втора брзина, сецнува/се колеба и се слуша како навивање (врм, врм, врм) неколку пати по ред и после го снемува, во било која брзина. Пример, обично овака прави во понагло забрзување во прва и втора брзина и ако се паркирам некаде, ја угасам колата и пак тргнувам прва, втора - нема сецкање. И ова вака може да биде до крај на денот, може и на наредно палење после некој саат. Многу рандом се појавува проблемот, не можам да го реплицирам секогаш. Иако забележав една константа - преку ноќ оставена колата и првото возење наредниот ден, обавезно прави овака.
Прави како на видеово (извртете на 28-ма секунда):
Ова е мое видео, снимено вчера. Не знам колку се слуша проблемов, поизразено може да се слушне при првото забрзување во видеово:
https://www.youtube.com/shorts/qomlvRmTLJk