Не зборувам за км/ч, зборувам за rpm.
900rpm се 900rpm, 100 над лер гас.
На видеото се гледа дека успоруваш (одземена гас) се до 900 rpm и во тој момент додаваш гас без претходно да имаш стиснато куплунг. Во втора си, не си во прва. Секунда подоцна паѓаш на 800 rpm која е лер гас без никакво оптеретување.
И ајде, ништо страшно, и мене ми се случува да задоцнам со реакција со куплунгот, особено ако контра мојата претпоставка дека возилото пред мене ќе тргне сеуште стои, односно тргнува секунда подоцна. Но ако е тоа стил на возење, 1.000 пати во годината да предизвикуваш стрес на пренос и замаец бидејки те мрзи да стиснеш куплунг, сигурно нешто ќе почне да трокира после некое време.
Успут, го познавам тој стил на возење, истите не шалтаат во понизок степен ниту ако се во трета, четврта, моторот им се гуши на 1000 rpm, додаваат гас, цима моторот, лупаат вентили...или па прерано шалтаат во повисок пренос, уште не тргнал, у втора, па брзопотезно у трета, штедат гориво, помалку трошело во четврта на 1100 rpm