Мене ме чуди што не фрла никакви грешки. Тестирано и со VCDS и со
оваУште почудно е што не можам да го реплицирам проблемот по моја желба.
Некогаш ќе сецне веднаш после палење и тргнување, некогаш после 5 минути од гасење и палење, некогаш после цела вечер (ова е почесто). Дури и во истото возење ако сецне во прва или втора и продолжам да возам - го нема при повторно враќање во прва или втора.
Пример - тргнувам во Штип сабајлето, сецнува во втора и си возам до Скопје каде никогаш не сецка во погорните брзини (од 3-та до 6-та). Во Скопје на семафори и додека ја паркирам нема ништо. После работа си тргнувам за Штип и знае да сецне 1-2 пати додека излезам од Скопје и толку.
Наредниот ден истата рута - знае да сецне еднаш при стигнување во Скопје (на семафори или додека се паркирам). Дури и ако сецнува на еден семафор, на наредните нема ништо, се губи.
Да има дупка (која е константен фактор, нормално) во било кое црево - ќе можам да го реплицирам проблемот по желба, што знам.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
edit - Во разговор со мајсторот сабајлево, да се повратам деновиве да се исчисти и усисна грана (мислам дека нема го реши проблемов, ама нема зијан секако), како и да дијагностицираме бааги подетално за симптомов. До сега се водевме по грешките на компјутер. Физички не сме гледале црева или така нешто
@osmica8