Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169168 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #795 на: 29 Март 2022, 00:57:39 am »
Си бил во Кавадарци а не се кажа барем едно шише ракија и вино да пуштев да имаш заб кога ќе те заболе.....

Не ни застанав во Кавадарци, ако веруваш. Бев до Ваташа со девојката и мајка и, имало некоја Ленче (има како "ординација" на излез од Ваташа, пишува Центар за здравје и кинеска медицина). Земаа некои тинктури и чаеви, не знам што прават, ги чекав во кола. Не фати 20:30 и тргнав за назад. Не знам женава превара е или не, на девојката мајка и запна да ја носам.

Имам кумашини у Кавадарци, ќе дојдам пак да се извидиме, шо се секираш :) Милкова, адвокат работи...

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #796 на: 29 Март 2022, 01:20:12 am »
Д. Милкова ако е она,ја знам и тоа како,ме спаси пред едно 10-12 години во еден судски процес со еден малолетник со богати родители но со неколку дела позади него.
А за оваа Ленче,прв пат слушам,не сум ич по алтернативните и слични  медицини.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #797 на: 29 Март 2022, 01:24:07 am »
Д. Милкова ако е она,ја знам и тоа како,ме спаси пред едно 10-12 години во еден судски процес со еден малолетник со богати родители но со неколку дела позади него.
А за оваа Ленче,прв пат слушам,не сум ич по алтернативните и слични  медицини.

Да, Данчето хах :)
Ти викам, ќе се извидиме...

И јас не сум по алтернативни, возач денеска само.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #798 на: 29 Март 2022, 10:33:18 am »

Сега со различни сијалици во двата фара можам да заклучам дека и во возење подалеку ми фаќаат Филипсот и подобро/посилно светат, не ме лажат очите.
Се враќав во МРАЧНА темница преку Криволак. Баш она @Sase_91 што го спомна, не е само изгледот на сијалициве.

Имај на ум дека десниот фар (кај што е WhiteVision како што гледам), ако ти се добро подесени фаровите, светит повисоко, така да логично е снопот да е малку подалеку.

Иначе се мислам и јас да ги пробам овие. Моментално сум на Osram Night Breaker Unlimited, пробав некои Osram Cool Blue Intense демек поладно светло ама не ги биват.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #799 на: 29 Март 2022, 10:54:11 am »
Сите овие шо цркаат вака брзо скапите и денски ги возите ? Ако да ондак би земал оти возам со ДРЛ, би требало да траат некоја година плус.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #800 на: 29 Март 2022, 11:18:53 am »
Сите овие шо цркаат вака брзо скапите и денски ги возите ? Ако да ондак би земал оти возам со ДРЛ, би требало да траат некоја година плус.

Јас возам со нив и преку ден, да.
Зборам за соборените светла (краткиве) бидејќи Леонов нема DRL.

Имам Ауто на прекидачот за фаровите, ама нормално, зависи од сензорот за светлина и додека не се пристемни - не се вклучува ништо напред.
Мада сега размислувам да ја оставам на Ауто засекогаш. Не сум чул одамна некој да казнат бидејќи нема вклучени светла преку ден.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #801 на: 29 Март 2022, 13:49:43 pm »

Казнуваат, не си ја барај бељата

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #802 на: 29 Март 2022, 13:49:51 pm »
Сите овие шо цркаат вака брзо скапите и денски ги возите ? Ако да ондак би земал оти возам со ДРЛ, би требало да траат некоја година плус.

Јас возам со нив и преку ден, да.
Зборам за соборените светла (краткиве) бидејќи Леонов нема DRL.

Имам Ауто на прекидачот за фаровите, ама нормално, зависи од сензорот за светлина и додека не се пристемни - не се вклучува ништо напред.
Мада сега размислувам да ја оставам на Ауто засекогаш. Не сум чул одамна некој да казнат бидејќи нема вклучени светла преку ден.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #803 на: 02 Април 2022, 00:18:41 am »
Денес пак нешто ми сецкаше/се колебаше под полна гас во прва и втора брзина. При забрзувања во сите други брзини - не сецка. Интересно е што при гасење на колата и при повторно палење и возење - нема проблем повеќе. И наредниот ден да нема ништо, па да се појави после ден, два, три. Многу рандом се манифестира.
Не знам што да мислам, дали е од горивото, дали е нешто друго. Се мислам утре да отидам до мојот мајстор (има кабел за VCDS) и да ја закачам на мојов лаптоп за еден комплетен скен, дали ќе покаже нешто.
Има некој некоја идеја? Мене свашта ми иде на памет - од дизни, МАФ сензор, нафтена пумпа, па до банална работа како лош дизел.

Дизелов од МП (ставано секогаш на иста бензиска) ми е при крај, ќе ставам утре од Лукоил.
Ставив за 2500 денари кога литарот беше 75 (33.3L) и ставив за 1000 денари кога литро беше 86 денари (11.6L).
Вкупно 45L и извозено (мешано градска/отворено) 700km - просек 6.4L/100km.
ОК е бидејќи често седев паркиран во запалена кола и пуштено парно.  :-X
« Последно менување: 02 Април 2022, 00:24:11 am balanar »

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #804 на: 02 Април 2022, 12:55:05 pm »
На твое место би пробал да наточам пола резервар од друга бензинска (пример Лукоил, јас целосно се префрлив на нив) и би турил едно адитивче од типот на Wynns 3xA.

https://www.wynns.eu/product/3-x-a-diesel/

Друго од работи кои сам би се обидел, можеш да пробаш MAP-от (никако МАФ-от) да го зачистиш со некој electric contact cleaner (ги имаш по бензински, околу 500-700 денари е боца) и да и зададеш едно квалитетно дување по автопат на колата. МАФ-от не би те советувал сам да чепкаш бидејќи е многу пиплива работа, и лесно е да заебеш нешто.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #805 на: 02 Април 2022, 14:28:28 pm »
А не, секако не чепкам ништо сам.

Може прво да пробам ова со пола резервоар од Лукоил и адитивче. Каде ги има Wynn's?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #806 на: 02 Април 2022, 14:55:23 pm »
Пробувај само една работа, или адитивче, или Лукоил, за да знаеш од што е подобрувањето.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #807 на: 02 Април 2022, 15:11:26 pm »
Јас би го пробал прво наједноставното, друга бензиска....

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #808 на: 02 Април 2022, 15:15:55 pm »
Со околу 100.000 км годишно на 3 коли само едно ке кажам лукоил!!!

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #809 на: 02 Април 2022, 15:41:58 pm »
А не, секако не чепкам ништо сам.

Може прво да пробам ова со пола резервоар од Лукоил и адитивче. Каде ги има Wynn's?

Специфично 3xA (имаш petrol и diesel варијанти, пази да не помешаш) ги имам видено на Окта и на Лукоил бензински, а инаку солиден избор на Wynns адитиви има и во Хубо маркет. Ако проаѓаш на тие Лукоил што се на влез на Скопје пред Автокоманда, во тие сигурно има.