Веќе неколку недели, при преминување над лежечки полицајци и подлабоки вдлабнатини/дупки на патот - се слуша крцкање (како стар кревет на федери) од левото предно тркало.
Од сабајле забележав дека исто од напред (само не можам да забележам дали од лево ило десно, мислам дека е лево) се слуша цивкање кога ќе возам споро и во прва брзина и како тркалата вртат побрзо - и цивкањето станува побрзо. Веќе на брзини над 40 се губи. Не е од моторниот дел, 100%. Се слуша само кога тркалата се вртат.
После некој саат ја повозив пак - го немаше цивкањево, крцкањето си стпи.
Многу ме нервираше она крцкањето при преминувањето врз испакнатини/вдлабнатини на пат и го бев оставил за пролетва, ама ќе ја однесам во понеделник или вторник да ја ставиме на дигалка и да видат целата предница како е.
До сега на Леонов немам менувано ништо од делови за предница.
Мал апдејт на ова. Денеска проверка на мајстор.
1. За крцкањето се утврди дека е од предната чаура од левото тркало (заднати чаури (и лева и десна) се променети пред 20.000km, кога се сменија и предните плочки). Се слушаше и со клацкање на крилото горе-долу.
Со шприц и игла внатрешно се наполни/подмачка (веројатно истото што и
@MarceCvarce и
@AUDI го спомнаа), оставивме да се промени целосно чаурата доколку продолжи крцкањето. Мада денес е топло, не се познава толку како на ладно. Ќе видам вечер дали има ефект од подмачкувањето.
- Истовремено, се утврди дека е нагризана гумата на крушкастата (не е скината), па искористивме можност да се подмачка внатрешно и неа и да се промени ако се менува и предната чаура.
- Мајсторот со хебла проверуваше дали има луфта било каде, коска е предницата.
2. За цвичењето при мали брзини се утврди дека всушност е од индикаторите на предните плочки. Се слуша малку и при слободно вртење на гумите со рака. Мајсторот рече дека плочките се добри, мада како сега што читам на интернетов, ако цвичи индикаторот во возење (не кочење) - време е за менување. Чудно ми е зошто цвичи понекогаш при мали брзини, на кочење нема свирење/гребење.
Предните плочки се сменети пред скоро 20.000km:
Денеска (09.10.2020) на поминати 188835km променив:
- предни плочки Quinton Hazell (немам искуство со овој производител, наводно се британски, гуглајќи сега по нетов).
Една од плочките (левата) има сензор за индикација на абење и приклучок. Пред некој ден на инструмент таблата ми покажа Error: Brakes, visit workshop. Беа изедени ептен.
Дисковите се во добра состојба.
Цена за плочките - 2000 денари.
- задни чаури на предна маша. Ова беше дел од недостатокот кој ми беше посочен уште кога ја купував колата, конечно ги променив пред почеток на зимата.
Цена за пар чаури - 3000 денари.