Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169108 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #825 на: 02 Април 2022, 23:42:15 pm »
Тие гуми се феномен, изгледа погодија BFGoodrich некоја комбинација на тепка ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #826 на: 03 Април 2022, 09:47:19 am »
Каков ти е стилот на возење на отворено, лаганица или ја тераш над 2500 обртаи? Можда мало издувување си сака ако не била така возена долго време.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #827 на: 03 Април 2022, 15:03:34 pm »
Каков ти е стилот на возење на отворено, лаганица или ја тераш над 2500 обртаи? Можда мало издувување си сака ако не била така возена долго време.

Ретко се вози на отворено за време на коронава, дека од дома работам/работев.

Од утре почнуваме хибридно работа/дома, па ќе имам шанса да ја „издувам“ неделава.
Вечер на Лукоил да ставам гориво за 500km ~ 30L...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #828 на: 03 Април 2022, 15:23:39 pm »
Си ја угушил, наточи од кај си точел, прошетај ја до Скопје и ако ништо не се смени почни со "експериментите".

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #829 на: 03 Април 2022, 15:40:38 pm »
Нагази ја убаво со некој адитив, ако е пример за од 30 до 45л, на 30л за поконцентриран стави го. Ако заебава чисти Маф,Мап.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #830 на: 03 Април 2022, 16:14:21 pm »
Нагази ја убаво со некој адитив, ако е пример за од 30 до 45л, на 30л за поконцентриран стави го. Ако заебава чисти Маф,Мап.

Сакав прво со промена од МП на Лукоил да видам дали ќе има некоја разлика. Ќе сипам вечер 30L, толку ми троши за три дена Штип - Скопје и назад.

Наредната недела пак сум за Скопје три дена, може да земам во меѓувреме Wynn's 3хА или црниот Total Diesel Action ако праќаат по карго од Аком.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #831 на: 03 Април 2022, 16:54:47 pm »
Јас на Меганот превентивно ставав адитивче, час Вурт, час Сонакс, отприлика на секои 3-4 месеци, веќе и не се сеќавам. Но сето тоа не спречи да не се угуши колата.
Имено, мислам дека беше 2012 или 2013, заглавив неколку месеци строго градска вожња, потоа на прво излегување на автопат приметив као тромост некоја. На враќање од Миладиновци кон Скопје да се приклучам на автопат повторно тромаво, ем блага надолнина. Како што бев во трета, ја спукав до 4,000 вртежи, па во четврта исто, за тоа време на ретровизор облаци од ауспух, кога убацив во петта исто ја терав до високи вртежи но веќе немаше димење.
После Белви намалив брзина и ја повторив постапката, тромоста исчезна, немаше ни облаци од ауспух.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #832 на: 05 Април 2022, 00:42:57 am »
Денес (веќе вчера, 04.04.2021) ги променив средните светла Philips WhiteVision H7. Левата беше прегорена од претходно, десната остана за резерва.
Цена - 1500 денари за пар.



Ми ги доставија од Фели-Ас со нивното пикапче, пред Соравија. Пред да продолжам за колава, МОРАМ да ги пофалам од Фели-Ас.
Веќе 2-3 пати купувам од кај нив (еднаш во дуќан, еднаш овака со нивна достава) и буквално секогаш се префини. И тие во дуќан и тие што ми одговараат на Фејсбук, а и дечкото денес. Ми ѕвонеше претходно ДВА пати за да се најави отприлика кога ќе помине, ме почека 10-тина минути додека акав низ ГТЦ за да извадам пари од банкомат. Чудно му падна што толку брзо прегорела WhiteVision-ов, ама тоа е што е.
Секаква препорака за Фели-Ас како фирма од мене, барем од скромното искуство што го имам со нив како потрошувач.

Си ги земав сијалиците и вечерва си ги наместив:



Сликав 3 слики со намалена експозиција за да подобро се фати снопот. Не се жолти како на првите две слики, повеќе изгледаат како на третата слика.







Многу, многу добар сноп како за халогени сијалици/фарови, барем од моево нубско око.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #833 на: 05 Април 2022, 12:18:45 pm »
Одлично делуваат пушти линк од шопов што ги пофали да видиме што имаат, се реши ли проблемот со сецкањето или уште си во тест период?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #834 на: 05 Април 2022, 12:49:34 pm »
Одлично делуваат пушти линк од шопов што ги пофали да видиме што имаат, се реши ли проблемот со сецкањето или уште си во тест период?

Мислам дека немаат онлајн шоп, физичка продавница се.
Преку Фејсбук одговараат на пораки.

https://feli-as.com/
https://www.facebook.com/feliasmacedonia/
___________________________________________________________

За сецкањето не знам што да кажам. 90% сум сигурен дека е misfire, се слуша 2-3 пати како брзо да се навива нешто, постирав видео со ист звук пред некој пост:


Еве втор ден за Скопје, ОК е со потрошувачка, снага и слично. Синоќа ми сецна низ Штип во прва и втора брзина (веќе имаше повлечено од „новото“ гориво од Лукоил), ама после се паркирав и ја изгаснав. На повторното палење за до дома - немаше ништо. Сабајле пред да излезам од Штип исто се беше ОК.
Ќе видам како ќе се однесува неделава. Наредната недела пак сум за Скопје - на ставање гориво повторно +30L ќе му бутнам Wynn's 3xA или црниот Total Diesel Action ако ги порачам. На бензинските низ Штип овие ги нема, има некои други од Wynn's кои не ми требаат.
Ако не се оправи и така - ќе ја носам на дијагностика и сервис, јбг.

Страшно ме нервира кога нешто механички ме зафркава и не знам што му е.
« Последно менување: 05 Април 2022, 12:55:10 pm balanar »

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #835 на: 05 Април 2022, 15:25:11 pm »
Поминав месеци хејтајќи ги сијалициве, си викав на што сум лупнал 1.800 денари кога обичните халогенки подобро ми осветлуваа. Сосем рандом, праејќи муабет со еден другар што исто така има Астра, ми вика - "знаеш овие 2 штрафа кај фаровите ти се за да калибрираш кај ти светат светлата", и тогаш ми текна колку сум глуп. Ми беа наместени скроз најдоле да светат, навечер очи ми паѓаа да видам нешто.

Отидов до најблиското АМСМ каде што ја регистрирав колата, ми ги калибрираа како што треба, и сконтав дека веќе враќање на обични жолти халогенки нема да се деси. Не само што белата боја изгледа по убаво и по современо, самото осветлување е драстично подобро. Само жално е што им потрошив неколку месеци од и онака краткиот животен век на сијалиците.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #836 на: 05 Април 2022, 17:36:51 pm »
Хахах се сеќавам на некои твои постови дека светеле ептен ниско  ;D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #837 на: 06 Април 2022, 15:04:57 pm »
Извини што ти прљам темава, ги изедов говната вчера. Ми рикна десната денеска и мене :'( :'(

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #838 на: 06 Април 2022, 17:24:59 pm »
Извини што ти прљам темава, ги изедов говната вчера. Ми рикна десната денеска и мене :'( :'(

Кога ти се купени? Недолго како кај мене или..

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #839 на: 06 Април 2022, 17:45:46 pm »
Извини што ти прљам темава, ги изедов говната вчера. Ми рикна десната денеска и мене :'( :'(

Кога ти се купени? Недолго како кај мене или..

24ти Април 2021, скоро една година издржаа. Во Фели-Ас мене 1600 ми рекоа, изгледа повеќе те сакаат тебе. ;D

Инаку баш прееска проверив во мојата тема, моите биле Philips Whitevision Ultra, поточно овие: https://www.philips.co.uk/c-p/12972WVUSM/whitevision-ultra-car-headlight-bulb

Утре ќе идам да земам како твоите во Фели, па да видиме дали ќе се примети некоја разлика во осветлување, искрено не верувам.