Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 164648 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #765 на: 29 Јануари 2022, 16:43:29 pm »
Денес (на 205.760km) начекавме слободна дигалка кај мајсторот, па се направи мал сервис:

- Масло Shell Helix 5W-30 (4 литри)
- Филтер за масло Champion COF100580E
- Филтер за воздух Motaquip VFA1058
- Филтер за полен Motaquip VCF242
- Филтер за нафта Motaquip VFF542
----------------------------------------------------
цена: 5200 денари

« Последно менување: 29 Јануари 2022, 19:33:22 pm balanar »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #766 на: 29 Јануари 2022, 21:05:41 pm »
Наздравје сервис, инаку добра цена, јас за 1,5 дци за мал сервис (без филтер за нафта кој е околу 2.000ден) платив 4400 ден.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #767 на: 15 Февруари 2022, 23:31:31 pm »
Клабери, инспириран од постот на @n1kola , зедов да прочепкам зошто на Леонов не работи Bluetooth за пуштање музика, а за повици си работи перфектно, го чита именикот од телефонот, листата на последни повици и се тоа...

Ова е модулот под совозачкото седиште:



Цитат
VW Part Nr
7P6 035 730 C - Bluetooth Module
* A2DP/Audio Bluetooth Support;
* PREMIUM Function;
* Compatible with all BT Phones (including iPhone 3GS and 4.0);
* Compatible with WHITE MFA/MFD.
* Possibility to download phone book to bluetooth kit memory that enables you to access contacts direct through RNS510 screen;
*
All the functions, such as phone book browsing and dialling, can be controlled by your Multifunction Steering Wheel or Voice.

Ова ми го прикажува на дисплејот:



Како што читав на нет, модулов подржува аудио стриминг, а зошто не работи - не знам. Радиото е RCD310 и треба во Settings да има опција BT-Audio, ама кај мене ја нема. 

Цитат
From what I can tell, 7P6 035 730 C (and other 9W7 modules) support A2DP which is the bluetooth profile needed for BT audio streaming. It might just need enabling...
             

Се мислам дека треба со VCDS да се чепне нешто...
« Последно менување: 15 Февруари 2022, 23:39:44 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #768 на: 19 Февруари 2022, 17:43:08 pm »
Решив да не чепкам, си порачав BT адаптерче AUX+USB...

Него, ми треба совет, нешто што го мислам откако ја купив колата. Да ставам Андроид или не?
Нешто овака:
https://www.facebook.com/113223200227675/posts/511451567071501/
OEM изглед, со тркалца за volume.

Или:
https://fb.watch/bgSx6PgF1h/

Ќе го прашам за цена...
« Последно менување: 19 Февруари 2022, 17:54:05 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #769 на: 22 Февруари 2022, 11:20:10 am »
Клабери, инспириран од постот на @n1kola , зедов да прочепкам зошто на Леонов не работи Bluetooth за пуштање музика, а за повици си работи перфектно, го чита именикот од телефонот, листата на последни повици и се тоа...

Како што читав на нет, модулов подржува аудио стриминг, а зошто не работи - не знам. Радиото е RCD310 и треба во Settings да има опција BT-Audio, ама кај мене ја нема.         

Да се самоцитирам, како мал апдејт на „проблемов".

По разговор со сограгаѓинот Hobby Tomy - излезе дека дури и да успеам да активирам BT, ќе свири mono. А како што читав по форуми - ќе треба да се залемат и влечат жици од конекторот во BT модулот до радиото, зафрканции што не ми се прават.
Човекот ми предложи две опции (од кои едната „несвесно“ ја направив/порачав претходната недела):

- да се порача BT адаптерче коа ќе се поврзе на местото за AUX слотот позади на радиото (со тоа ќе се изгуби и AUX опцијата)
- да се порача BT адаптерче USB+AUX (од едната страна оди во USB портот (за да се напојува), а во другата во AUX (за звук)).
Јас претходно порачав друг адаптер со иста улога како првиот, па да видиме како ќе звучи. Мислам дека ќе е ОК бидејќи фабричково радио преку AUX дава мошне солиден звук. Во Леонот двата порти се еден до друг, па ова ми е најбрзо и најдобро решение за постоење на сите три опции заедно (BT, AUX и USB).
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

За Леончето останува утре да го пререгистрираме + зелен картон.
« Последно менување: 22 Февруари 2022, 11:35:49 am balanar »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #770 на: 22 Февруари 2022, 12:03:41 pm »
BT-to-AUX е сосем океј решение, проблемот е што BT рисиверот е на батерии и ќе се празни.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #771 на: 22 Февруари 2022, 12:17:17 pm »
BT-to-AUX е сосем океј решение, проблемот е што BT рисиверот е на батерии и ќе се празни.

Eдниот крај од адаптерот се вклучува во USB за да зема струја, не e на батерии. Другиот крај оди во AUX.
Барем овие двата модели од линковите погоре.

Имам и таков со батерија, ама непрактичен е, дa.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #772 на: 23 Февруари 2022, 13:32:17 pm »
Денес регистрација:

- полиса: 4570 денари
- зелен картон: 5536 денари
- АМД: 2940 денари
- надомест за јавни патишта: 2939 денари
- административна такса: 111 денари
________________________________________
                   16.096 денари

Се мислев за зелениот картон дали да се турчам, ама ајде, нек иде живот.
Ми се оди за Солун, ми се плаче.



« Последно менување: 23 Февруари 2022, 13:40:27 pm balanar »

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #773 на: 23 Февруари 2022, 14:39:07 pm »
Neli vikase ke se naprais deka ja zaboravi registracijata 🤔

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #774 на: 23 Февруари 2022, 15:04:29 pm »
Neli vikase ke se naprais deka ja zaboravi registracijata 🤔

Ироничен бев заради таа темата што беше отворена на форумов каде тој членот кажуваше како другарка му заборавила дека и истекла регистрацијата...

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #775 на: 23 Февруари 2022, 15:36:41 pm »
Клабери, инспириран од постот на @n1kola , зедов да прочепкам зошто на Леонов не работи Bluetooth за пуштање музика, а за повици си работи перфектно, го чита именикот од телефонот, листата на последни повици и се тоа...

Како што читав на нет, модулов подржува аудио стриминг, а зошто не работи - не знам. Радиото е RCD310 и треба во Settings да има опција BT-Audio, ама кај мене ја нема.         

Да се самоцитирам, како мал апдејт на „проблемов".

По разговор со сограгаѓинот Hobby Tomy - излезе дека дури и да успеам да активирам BT, ќе свири mono. А како што читав по форуми - ќе треба да се залемат и влечат жици од конекторот во BT модулот до радиото, зафрканции што не ми се прават.
Човекот ми предложи две опции (од кои едната „несвесно“ ја направив/порачав претходната недела):

- да се порача BT адаптерче коа ќе се поврзе на местото за AUX слотот позади на радиото (со тоа ќе се изгуби и AUX опцијата)
- да се порача BT адаптерче USB+AUX (од едната страна оди во USB портот (за да се напојува), а во другата во AUX (за звук)).
Јас претходно порачав друг адаптер со иста улога како првиот, па да видиме како ќе звучи. Мислам дека ќе е ОК бидејќи фабричково радио преку AUX дава мошне солиден звук. Во Леонот двата порти се еден до друг, па ова ми е најбрзо и најдобро решение за постоење на сите три опции заедно (BT, AUX и USB).
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

За Леончето останува утре да го пререгистрираме + зелен картон.
  Го имам BT адаптерот + aux и искрено сум прилично разочаран од квалитето на звукот што го вади кај мене во Kiata. Кога уклучувам aux од телефон имам прилично подобар звук. Барем кај мене лично неспоредлив е звукот кој што го дава со адаптерчево во споредба со aux од телефон или преку USB. Конкретно го имам следниот адаптер јас. https://www.anhoch.com/product/599874005/bluetooth-50-adapter-baseus-usbaux

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #776 на: 23 Февруари 2022, 15:58:40 pm »
Го имам BT адаптерот + aux и искрено сум прилично разочаран од квалитето на звукот што го вади кај мене во Kiata. Кога уклучувам aux од телефон имам прилично подобар звук. Барем кај мене лично неспоредлив е звукот кој што го дава со адаптерчево во споредба со aux од телефон или преку USB. Конкретно го имам следниот адаптер јас. https://www.anhoch.com/product/599874005/bluetooth-50-adapter-baseus-usbaux

Го гледав овој на Али и беше некаде 10$.
Баш ќе пишам повратно на темава како звучи тој што го порачав, и кај мене одлично звучи AUX директно од телефон.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #777 на: 12 Март 2022, 17:40:49 pm »
Веќе неколку недели, при преминување над лежечки полицајци и подлабоки вдлабнатини/дупки на патот - се слуша крцкање (како стар кревет на федери) од левото предно тркало.

Од сабајле забележав дека исто од напред (само не можам да забележам дали од лево ило десно, мислам дека е лево) се слуша цивкање кога ќе возам споро и во прва брзина и како тркалата вртат побрзо - и цивкањето станува побрзо. Веќе на брзини над 40 се губи. Не е од моторниот дел, 100%. Се слуша само кога тркалата се вртат.
После некој саат ја повозив пак - го немаше цивкањево, крцкањето си стпи.

Многу ме нервираше она крцкањето при преминувањето врз испакнатини/вдлабнатини на пат и го бев оставил за пролетва, ама ќе ја однесам во понеделник или вторник да ја ставиме на дигалка и да видат целата предница како е.

Се мислам дали е некој зглоб (за цивкањето, мислам дека на Бравото беше исто, па менував зглоб), а за крцкањето не знам дали е поврзано или е друг проблем.

До сега на Леонов немам менувано ништо од делови за предница.
« Последно менување: 12 Март 2022, 17:46:30 pm balanar »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #778 на: 12 Март 2022, 18:15:09 pm »
На ладно претпоставувам повеќе се слуша?

Буфери, или чашки на амортизери да провериш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #779 на: 12 Март 2022, 18:23:50 pm »
На ладно претпоставувам повеќе се слуша?

Буфери, или чашки на амортизери да провериш.

Да, она крцкањето ептен се познава на поладно, во право си.
А за ова цивкањето денес го забележав, иста беше температурата и кога го имаше и кога го снема, саат-два разлика...