Денеска едвај најдов знакче/рачка за отварање на багажникот. Скоро сите што ги има од половни коли се од пре-фејслифт моделот.
Конечно имаа во D-As Auto Parts во Бутел. Ми се учина како добар плац за половни работи, дефинитивно за натаму ќе затреба за нешто друго.
https://www.facebook.com/D-as-Auto-Parts-468524553319231/Цена - 2500 денари. На друго место ми побараа 40 евра. Воопшто не е евтино, ама не се ни отвараше багажникот од надвор, скроз умре старото.
Си купив и капачиња за штрафови од Carbox во City Mall подземната гаража. Цена - 320 денари.
Од Carbox си најдов и организер за багажник. Мошне солиден, со чичак-трака на дното и позадината за да се залепи на дното од багажникот и на седиштата. Цена - 190 денари.