Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 164063 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #135 на: 13 Август 2020, 14:48:59 pm »
Избираш кола, носиш на мајстор за проверка, дава зелено светло и за еден месец еден куп работи за поправање.

Не само за ова, туку општо за секоја.
И јас ова го мислев пред некој ден. Ја бараше, ја проверуваше на мајстор, и пак едек куп закрпи. У пм.
Исто и со едно Фиат Браво знам еден член се измачи.
Ме фака страв кога гледам огласи.
Не за џабе викаат, како ке ти се погоди...
Се надевам ке ја оправи и красно ке си ја извози дечково.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #136 на: 13 Август 2020, 15:04:43 pm »
Купување половно возило треба да биде без емоции и брзање. Самиот член рече дознал од кога ја купил дека имала 5 газди колата. Оваа информација сигурно можела да се дознае пред да се купи возилото. Но не секогаш преовладува умот туку емоциите. Не дека и јас сум имун на ова, некогаш се прават грешки набрзина и без потреба.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #137 на: 13 Август 2020, 15:30:19 pm »
Кај половна кола се знае дека ќе има ситни недостатоци, башка што модерниве коли имаат еден куп опреми кои ем ретко се користат, ем тој што ја купува нема време да ги провери ниту пак ги знае дека ги има во колата.


На пример со мојот Меган.
Првата година ме нервираше совозачкиот прозор кој не можев да го затворам откако ќе ја изгасев колата. Морав да ја запалам за да го затворам. Мислев дека е некој дефект. Потоа открив дека со стисната кочница, во брзина, и притисок на старт се активира ниво на контакт кој овозможува затворање без да ја палам.
Една година пред да го продадам дознав дека со дупло стискање на картицата за заклучување се затвораат автоматски прозорите.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #138 на: 13 Август 2020, 15:56:38 pm »
Членот можеше и да не кажува за "проблемите" па да викавме:
Еј супер ти се погоди!!
А реално и работиве што ги кажува како проблеми, се ситници на кои им дошол денот. За замаецот не коментирам...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8871
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #139 на: 13 Август 2020, 15:58:07 pm »
Majstorot ne e vidovit.

Moze da vidi nekoi raboti ama deka moze da potvrdi deka nishto nema da se rasipe iki otkaze, teshka rabota

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #140 на: 13 Август 2020, 16:22:26 pm »
Плус мајсторот, механичар, не ги проверува овие зезанции кои ги има со вратите и сл, туку механичкиот дел од колата. Како и да е, се отклонуваат, само што треба замарање, ама така е со половна кола, која е 10 год. стара.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7784
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #141 на: 13 Август 2020, 16:24:41 pm »
Не секогаш е до мајсторот. На мене ми се погоди меривата ја ставаме на тестер, нема никаков проблем. Ја купувам колата по два дена рика сонда. Кој е крив, јас мајсторот или продавачот? Едноставно половна кола е неможеш да ги провериш сите делови и затоа кога се купува кола си оставаш простор во буџет за такви несакани дефекти.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #142 на: 13 Август 2020, 18:27:39 pm »
Јас мојата фиеста никако неможам да ја продадам од прв сопственик и буквално без никакви мани. Како што сум ја купил во мида и редовни сервиси. Кога гледам вака како продаваат брзо разни коли се чудам.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8871
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #143 на: 13 Август 2020, 20:21:56 pm »
Isto i jas Elantrata ama jebiga...

Ja gledaa vo servis na nosea ja proveruvaa bla bla analizi zoso ja prodavash kako...

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #144 на: 13 Август 2020, 20:29:12 pm »
@MarceCvarce  @Bauer  Неможете да ги продадете колите првен зошто не лажете а второ зошто се во одлична состојба и со мала километража и согласно на тоа со за нијанса повисока цена. Сите кај нас сакаат да купат кола и при купувањето да го заебат продавачот (да му ја земат за мала цена а колата да е тип топ или слични варијации на таа тема). Истиот проблем и јас го имав кога ја продавав колата. Сепак по 1 година пробуење да бидам светец и пишував огласи како раскази, видов дека не е тоа начинот, пробав на друг начин со оглас од 3 реченици и колата се продаде за 24 часа. Одма дојдоа луѓе да ме заебат и си ја купија :D

Инаку што се однесува до проблемот до вратите, истиот е чест кај VAG колите и се решава за 1500 денари од врата. Што се однесува до замаецот не е така ефтин и спреми си од 42 до 50к денари. А чим колава имала 5 газди и некоја варијација од спортски издув(грнето одпозади и слично) морам да споделам лично мислење дека ќе следуваат и други ситни проблеми.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #145 на: 13 Август 2020, 20:36:40 pm »
Го продаде Аудито?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #146 на: 13 Август 2020, 20:38:48 pm »
Да да, продадено е пред 2 месеца. Со оглас од 3 реченици без никакви детални информации.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #147 на: 13 Август 2020, 20:39:47 pm »
Изгледа.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #148 на: 13 Август 2020, 20:44:40 pm »
Да да, продадено е пред 2 месеца. Со оглас од 3 реченици без никакви детални информации.

ОК.

Пошто не се пофали. А гледам и темата ја нема...

Што е наредно? Имаш нешто пикирано? Ново, половно?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #149 на: 13 Август 2020, 20:48:21 pm »
Да да, продадено е пред 2 месеца. Со оглас од 3 реченици без никакви детални информации.

ОК.

Пошто не се пофали. А гледам и темата ја нема...
Врски ;D